“Пелистерци“ не се предавници
18 АПРИЛ 2010
http://informator.ws/images/stories/2(88).jpg
Ноќва пред натпреварот, пред резервната клупа на Пелистер, на асфалтот, непознати сторители испишаа графит: “Преданиците умираат млади“, алудирајќи на тоа дека овој натпревар во стилот на Победа е наместен, а под Тумбекафе се слушна и тоа дека коефициентот за “двојка“ во Босна е седум.
Но, ништо од тоа, пелистерци одиграа крајно борбено, и покрај присисокот кој доаѓаше од надвор, и победија уште еднаш покажаа дека “ПЕЛИСТЕРЦИ НЕ СЕ ПРЕДАВНИЦИ“.
ЗА МАЛИОТ АЦЕ ДВАЈЦА МЕНАЏЕРИ
Нема натпревар во Битола, а на трибините да нема по двајца менаџери кој следат некој од младите супер таленти на Пелистер.
Овој пат како дознавме на мета беше младиот Александар Вељановски, а зе него беа дојдени менаџери од Србија, од Борац, Чачак и од француски Ленс.
Овој пат двајцата менаџери имаа што да видат, а сликата за малиот Аце ќе бише комплетна ако тој постигнеше и еден гол, а шанси имаше дури пет.
Но, и без гол бележинците на менаџерите не останаа празни под Тумбекафе
i deka bese crven bese prviot i tretiot a za vtoriot mozebi bese pre strogo samo za toa sto se buenese dobi crven a za prviot imas lakt od presilski bez topka za tretiot bese opravdano vtor zolt i cesit bese acule od lozata kade sto ubavo se vide deka toj gi vrate igracite na pobeda da go doigraat mecot i na tv orbis na snimkata se vide deka mu se zaknavase na sudijata deka ke ti unitam
Пелистер - Победа 1:0 (0:0)
18 АПРИЛ 2010
Три бода за Пелистер, три црвени картони за Победа е најкраткото резиме за денешното пелагониско дерби.
Фудбалерите на Пелистер ја продолжија традицијата оваа пролет, а и денес со идентичен резулта 1:0, како и во изминатите кола ја совладаа екипа на Победа.
Градски стадион под Тумбекафе. Гледачи: околу 1.000
Судија: Александар Ставрев од Скопје
Стрелец: Тони Велјановски за Пелистер во 60 минута
Жолти картони: Ристевски и А.Вељановски кај Пелистер. Вељановски, Мирчевски, Стојанов, Петровиќ, Димитровски кај Победа
Црвени картони: Пресилски, Ристевски и Мирчевски кај Победа.
Пелистер: Павловиќ, Брдаревски (од 65 Стојановски), Ристевски, Ганчев, Цветковски, А.Вељановски, Т. Вељановски, Љамчевски, Брадоњиќ (од 80 инута Докниќ), Алтипармаковски, Илиев (од 75 минута Симоновски).
Победа: Пашовски, Вељановски, Мирчевски, Дамевски (од 24 минута Јанковиќ), Спировски (од 53 минута Дунимагловски), Стојанов, Шабани (од 80 минута Пласниовски), Пресилски, Петровиќ, Димитровски, Ристевски.
Во текот на целиот натпревар битолчани ја посакуваа победа, а резултатот може да го отворат уше во 11 минута по грешката на голманот на Победа, кога Алтипармаковски не испеа да ја погоди неговата мрежа аико беа лице в лице.
Само неколку минути подоцна Алекдандар Велјановски во 14 минута, беше во прилика за гол, но неговиот удар го одбрани Пашовски. Следуваа шансите на Цветковски во 17 и во 35, на Љамчевски во 23, Алтипармаковски во 32. Во оваа фаза на играа припечани имаа неколку обиди за гол, а најопасен беше на овој на Димитровски.
Почетокот на второто полувреме беше во знакот на Александар Велјановски, кој на три пари за десетина минути се најде сам по десна страна, двапати биеше и еднаш додаваше.
Но, тоа што не му успеа на младиот Велјановски, му успеа на постариот Тони, која во 60 минута по корнерот кој го изведе Љамчевски го постигна својот првенец во оваа пролет на радост на сите.
Само по три минути по постигнувањето на голот судијата досуди два црвениу картони, прво на Бруно Пресилски за неспортска игра, а по приговорот на Ристевски и тој ја доби истата казна. Трет црвен картон доби и Филип Мирчевски.
По двата црвени картони прилепчани го напуштија теренот, но разумот победи и се вратија на стадион.
До крајот на натпреварот не беше таа игра која ја посакуваа публиката и сите под Тумбекафе, која до 63 минута беше вистинска тврда и првеснтвена, а потоа се како да се растури и фудбалерите мирно го дочекаа крајот на средбата.
cestitki za igrata na strelecot toni veljanovski sigurno najdobra negova utakmica ovaa sezona