ПЕЛИСТЕР НЕ УСПЕА ДА ГО ДОБИЕ ПЕЛАГОНИСКОТО ДЕРБИ ИАКО БЕШЕ НА ЧЕКОР ДО ТРИТЕ БОДА
Маневски+судиите=плач во Битола!!!
*Невиден ефектен погодот за Мачадо Жуниор, кој го откри резултатот, а гостите со гол во самиот финиш го преживеаја битолскиот пекол
ПЕЛИСТЕР - ПОБЕДА 1:1 (1:0)
Стадион: "Тумбе кафе".
Гледачи: 5.000.
Главен судија: Димитар Мечкаровски.
Помошници: Кировски и Ширилов, тројцата од Скопје.
Делегат: Миле Ташковски (Ресен).
Стрелци: Жуниор 20' (П), Маневски 86' (П).
Играч на натпреварот: Жуниор
ПЕЛИСТЕР
Пашовски 2
Елмазовски 2,5
Вељановски 2
Димов 2
Степановски 3
Петковски 2,5
Пресилски 2,5
Блажевски 2
Главевски 2,5
(68' Момировски 2)
Жуниор 3,5
(81' Тодоровски /)
Рутевски 2,5
ПОБЕДА
2,5 Тофилоски
2,5 Крстевски
3 Дамески
2 Алмеида
(2 Обрадовиќ 40')
2,5 Капинковски
2,5 Мегленски
2,5 Жилсон
2,5 Итуа
(2 Талески 70')
2,5 Нацев
2 Ѓоровиќ
(2 Гешоски 56')
2,5 Маневски
Пелагониското дерби, без победник. На крајот иако двете екипи освоија по бод, радост за гостите од Прилеп, кои се спасија од пораз, а незадоволство и разочарување кај домаќините. Пелистер беше на чекор до победата, имаше водство од 1:0, но во самиот финиш од средбата нивното "дете" Борче Маневски од 3-4 метри погоди со глава и донесе израмнување. Пред речиси полниот стадион "Тумбе кафе" се одигра борбен и динамичен натпревар. А ќе се памети по 20 минута и новото ремек дело на извонредниот Бразилец Жуниор. Од 25 метри "распали", а топката од пречката ефектно се заби во мрежата на Тофилоски. Голема ерупција од радости и задоволство во Битола и повторно Жуниор. Бразилецот е феноменален. Игра во голем стил, а беше незадржлив и за прилепчани. Среќа за тренерот Здравевски и неговите соиграчи што Жуниор се повреди по само 30 минути игра, но и со повреда беше на теренот, создаваше проблеми па на моменти немоќните гостински дефанзивци се служеа и со раце само да го спречат овој фудбалер во налетите по мрежата на Тофилоски.
Судииите се главнта причина за тоа што Пелистер не стигна до победата. При 1:0, поништен гол на Степановски поради офсајд. Сомнителен момент!!! Следува првиот остар старт на Капинковски кога заработи жолт картон и вториот кој беше погруб. Место црвен картон и исклучување, следеше само насмевка од главниот арбитар Мечкаровски и само опомена за битолчанецот во црвениот дрес. И не само тоа. "Пелистерци" беа наредени со жолти картини, постоеше тенденциозно и калкулантстко судење. Сите коцки се редеа оваа средба да заврши без победник иако Пелистер треба да жали. Блажевски во вториот дел ја имаше шансата на натпреварот кога изби сам на 10 метри, но Тофилоски го одбрани неговиот удар. Да ја тресат мрежата на гостите можеа и Главевски, Момировски...но втор гол немаше. Победа даде гол од втората шанса. Во 46. минута имаше закана и добар удар на Жилсон од 16 метри, а потоа и голот на Маневски. Прилепчани во поголемиот дел од вториот дел ја имаа играта, ја имаа иницијативата, но ја имаа и поддршката од судиите. Да не беа грешките на арбитрите конечниот резултат ќе беше реален одраз на настаните иако Пелистер е тој кој треба да жали.
И. Д. Ивановски
В. Фотиновски
ПЕЛИСТЕР - ПОБЕДА
5 корнери 4
7/3 удари/во 7/4
22 прекршоци 16
5 офсајди 4
4 ж. картони 2
Минута, по минута...
7' - Блажевски од слободен удар од левата страна нафрли во шеснаесетникот, Тофилофски направи "кикс", Степановски со глава ја спушти топката до Главевски, кој сам непречен со никого со волеј шутираше почетнички над голот.
1:0 20' - Ремек дело на Жуниор. Од 25 метри, откако претходно измрда неколку фудбалери на Победа испрати вистинска "бомба" кон голот на Тофилоски, која "пукна" под пречката.
24' - Димов на вториот дирек го проигра Степановски, кој со глава ја закова топката во голот на Тофилоски, Кипријановски рекламираше офсајд, голот беше поништен.
29' - Петковски по левата страна го проигра Блажевски, овој влезе во шеснаесетникот, шутираше над голот на Тофилоски.
34' - Прв обид на Победа. Мегленски од слободен удар упати остра топка пред петерецот, Степановски реагираше навремено пред Крстески и ја исфрли топката во корнер.
37' - Итуа шутира силно од околу 25 метри за малку над голот на Пашовски.
44' - Капинковски од слободен удар од околу триесетина метри упати силен удар, топката заврши во рацете на добро поставениот Пашовски.
47' - Жилсон упати силен удар од околу дваесетина метри, топката профуче за малку крај десниот дирек.
49' - Маневски во шеснаесетникот го проигра Нацев, овој шутираше откосо од левата страна, Пашовски е на место и го одбрани неговиот удар.
51' - Рутевски изведе корнер од десната страна, во шеснаесетникот највисок беше Вељановски, кој со глава упати удар за малку крај голот на гостите.
54' - Соло продор на Жуниор, го проигра убаво Главевски, овој шутираше од околу 20 метри, Тофилоски брани.
64' - Контранапад на Победа, Жилсон го проигра Маневски овој се одлучи за удар од околу дваесетина метри, Тофилоски е на место.
69' - Жуниор го проигра Момировски, кој одлично му асистирше на Блажевски по десната страна во шеснаесетникот, овој се најде сам пред голот на Тофилоски, непречен од никого упати силен удар, но Тофилоски успеа да ја отстрани опасноста во корнер.
74' - Нацев му асистираше на Маневски во шеснаесетникот, кој веднаш шутираше, но само крај голот на Пашовски.
80' - Момировски шутира од дваесетина метри над голот на Тофилоски.
1:1 86' - Гешоски прифати една топка пред шеснаесетникот, претходно како да направи фаул над Димов, потоа топката се одби до Дамески, кој избега по десната страна, нафрли на вториот дирек до слободониот Маневски, кој со глава упати неодбранлив удар во мрежата на Пашовски. Топката мина меѓу нозете на домашниот голман.
ОД ТРЕНЕРСКИ АГОЛ
НЕЏАТ ХУСЕИН (ПЕЛИСТЕР)
" Пелагониското дерби ги оправда очекувањата.Беше тоа еден цврст и напнат натпревар им честитам на фудбалерите на двете екипи за фер и коректната игра. И Пелистер и Победа треба да бидат задоволни од играта на своите фудбалери. Што се однесува до судењето, имаше многу сецкање на играта, при постигнувањето на голот на Победа имаше фаул над Миле Димов, кој не го виде судијата, а имаше и многу прекршоци кои не беа признати. Голот во првиот дел што го постигна Менде Степановски беше чист како солза. Тоа ќе го потврди снимката. Главно судењето беше добро.
НИКОЛЧЕ ЗДРАВЕСКИ (ПОБРДА)
" Задоволен сум од играта што ја прикажавме и сметам дека нерешениот резултат е најреален. Имавме и ние свои шанси на почетокот на второто полувреме, имаше и Пелистер една стонастотна шанса, но, сепак, ремито е најреално.
"Мајмуните" не го видоа голот
Навивачката група "мајмуни" според програмата стадионот под "Тумбе кафе" мораа да го напуштат десетина минути пред завршувањето на средбата. Тие во 80. минута мораа да се качат во своите автобуси и да си заминат во Прилеп. Поради тоа не можеа да го видат израмнувачкиот гол на својата екипа што го постигна Маневски, седум минути откако го напуштија стадионот.
Грешите на судиите
-Премногу лесно делеа жолти картони, а Мечкаровски немаше сила да го исклучи Капинковски во 32. минута.
-Поништен гол на Степановски во 24. минута. Кировски ја крена раката уште пред Димов да игра со глава, а потоа падна и голот. ТВ снимката покажува дека помошникот направи голема грешка.
-
Многу спорни топки беа доделени во корист на гостинот.
-Имаше прекин од 3 минути само поради прекинот поради пиротехниката која беше фрлена на теренот во 50. минута. Беа покажани само 3 минути продолжение, а крајот беше свирнат по 2 минути и 12 секунди.
-При акцијата на Победа кога беше израмнет резултатот арбитрите не досудија фаул на Гешоски врз Димов во казнетиот протор на Пелистер.
И Митко не издржа!
Попуштија нервите на битолчани. Уште во првиот дел како да знаеја дека ќе бидат жртви на судиските одлуки. Поништениот гол на Степановски донесе многу нервози и тензии!!! Оние што го познаваат добро знаат дека Митко Стојковски, директорот на битолчани, ретко кога знае да "избувне". Попуштија и неговите нерви, а во знак на револт и тој влезе на теренот по крајот на средбата и им се "заблагодари" на судиите за "добро" завршената работа.
Стојковски е име со богата фудбалска историја и никогаш не реагирал на ваков начин. Пелистер вчера по средбата најави итен состанок на раководството на клубот, а денеска се очекува конкретен став по серијата судиски кражби кои се главната причина за многу загубени бодови уште на стартот од оваа сезона.
"Кому му пречиме. Зарем уште сега ќе н$ кинат....", се прашуваа луѓето од Пелистер. По средбата околу 1.000 навивачи на Пелистер беа пред службениот влез каде ги чекаа судиите за да им се "истурат"...