Петрески : “Извинување или укинување на бенефициите за ФК Охрид 2004“
“ До колку до среда не добиеме јавно извинување за лагите и невистините упатени на наша адреса, општина Охрид ќе ги укине сите бенефиции кои ФК Охрид 2004 ги има на располагање“ – истакна градоначалникот на Охрид, Александар Петрески на денешната пресконференција како реакција на изјавите на челните луѓе на ФК “Охрид 2004“.
“Општина Охрид покрива речиси 50 проценти од буџетот на клубот, и тоа преку согласноста која ја доби клубот за обезбедување и користење на терените без надохнада, како и обезбедување на превоз на гостувањата. Наместо да бидат благодарни за сето тоа што ние го правиме тие шират клевети и невистини. “ – потенцираше Петрески.
Градоначалникот напомена дека пред стартот на сезоната во неколку наврати имал средби со челните луѓе на клубот не не` успеале да најдат заеднички јазик.
- Разговаравме со челните луѓе на ФК Охрид , но за општината да влезе во тој проект потребно е да бидеме дел од Управните структури на клубот. Ние немам намера без наше сознание и увид во таа работа да да даваме пари, а некој да мести натпревари и да ги пика парите в џеб. Понудив слична соработка како онаа на советот на град Скопје и ФК Вардар и сакав да го употребам тој модел, но до ден денес одговор не добив. – рече Петрески.
Фудбалскиот клуб Охрид 2004 , причините за својата неуспех да ги бара во сопствените редови, а не во сите околни фактори, побара директорката на ЈП “Билјанини Извори“ Гордана Јованоска. -
Нашето ЈП и покрај тешката финасиска ситуација во која се наоѓа им подаде рака и без никаков надомест ги ползуваат нашите услуги. Тие за своите мечеви наплаќаат влезници, и имаат некаков маркетинг на стадионот за кој наплаќат. Ние иако тие средства ни се неопходни се имаме откажано од нив. Жалосно е тоа што раководните луѓе во клубот повеќе ги интересираат личните интереси отколку добросостојбата на клубот – рече Јованоска.
Ohridnews
19.09.2011 12:37
Прочитана е : 1354 пати
© 2011 Ohridnews.com
Какви бенефиции бе Аце???Знајме дека не си со сите ама немој јавно да се срамиш.Или немаш срам?
Какви бенефиции?Бркањето на клубот на сред сезона зш ви текнало бусени да менвите со ретардираната директорка ?
И на сите ако му е битен градот и клубот не ќе се јадат за места во Управен Одбор ,туку ќе го одврзат кесето мислам и на Управата и на Општината.
А не само да се јадат едни со други за интереси шо не се спортски!
Охрид после 17 години доби фудбалски прволигаш, но клубот нема поддршка од општината
17.09.2011 - 14:42 |
Претпладне кучиња вршат физиолошки потреби, попладне фудбалерите на ФК Охрид 2004 тренираат. Во вакви услови и на ваков терен се подготвуваат играчите на охридскиот прволигаш.
Само оваа сезона на тренинг се повредиле 5-мина првотимци. Дури и кога ја користат оваа “ливада” како што ја нарекуваат од клубот, потпишувале за да бидат префрлени пари на јавното претпријатие кое стопанисува со терените.
- Дали младинци, јуниори или првиот тим
после секој обавен тренинг потпишува заклучница за да префрла пари на локалната самоуправа - вели Илче Коланоски, директор на ФК Охрид 2004.
На стадионот им било дозволено да тренираат само еднаш неделно. За користење на главниот терен кога е подготвителен период за пријателски натпревари заедно со гостите плаќале по 10.000 денари.
Охрид после 17 години чекање има клуб кој се натпреварува во Првата фудбалска лига, но од управата на клубот се жалат дека немаат доволно поддршка од општината.
-
И покрај тоа што градоначалникот даде изјава во медиумите дека ќе го спонзорира ФК Охрид 2004 со зголемување на буџетот за 100.000 евра и второлигашот Охрид Лоте со 50.000 евра, сеуште нема ништо од тоа - вели Гоце Малезан, претседател на ФК Охрид 2004.
- Жалосно е зошто целиот град не застанува позади ФК Охрид, тој е единствен прволигаш овде и треба да помогнат и општината и градоначалникот и хотелиерите - вели Драган Антиќ, тренер на ФК Охрид 2004.
Александар Динев