Најнова изјава на Кака
Кака: Забравете за Реал, оставам в Милан
Ова по 18293040 пат го кажува ама лигушине од Реал замараат многу
Мислат парите се се на светов ( дека и онака за фудбал не ги бива многу
)
Еве потврда
Изгледаше дека Кака ќе го напушти Милан кога во јануари месец на „Сан Сиро“ стигна нереална понуда од Манчестер Сити, но тоа сепак не се случи.
Бразилскиот ас одлучи дека овој премиерлигаш не е доволно амбициозен за неговите стандарди. Овие денови повторно се актуелизираше истото прашање, а сега во игра е тим со многу поголеми амбиции - Реал Мадрид.
Кака ја спушти топката на земја со изјавата дека Шпанците воопшто не го контактирале.
„Сите имаа можност да зборуваат овие денови, сега и јас дојдов на ред нешто да кажам за оваа тема. Воопшто никој не ме контактирал од Реал. Мислам дека бев јасен кога реков дека планирам да останам во Милан. Ова е којзнае кој пат да ја кажувам истата работа. Ова стана веќе напорно, дури и за навивачите. Се чувствувам како нешто да им должам, а мислам дека веќе докажав дека сакам тука да останам“, изјавил Кака.
„Искрено говорејќи на момент помислив да се преселам во Сити, но го променив мислењето, со никого ништо не сум договорил. Гладен сум за успех со Милан. Кога си долго без резултати, а веќе си се навикнал на освојување трофеи, тогаш тоа е нормално. Треба малку да го освежиме тимот и да тргнеме понатаму“, додава Кака.