Головите не можам да ги најдам,ама како што читам по странскиве форуми во врска со утакмицата,(ја гледале на стримови),ми се чини како одлично претставување на младите и одлична партија на Шева и Роналдињо.
Тиаго Силва повторно бил ептен добар,ја истакнуваат неговата физичка сила и интелегентна одбрана.
Матиони се помалку го споредуваат со Кафу.Изгледа многу бољи опис би му била споредба со Јанкуловски.Играл доста добро напред,а лошо во одбрана(имал неколку грешки).напред дури изнудил и пенал кој Роналдињо го промашил(погодил статива).
Дармиан бил виновен за вториот гол.Не блескал многу од кога играл во второ полувреме.
Пасини се покажал одлично како лев бек,младиот голман Перучини имал една солидна одбрана од кога влегол на местото на Калач.
Виудез немал многу време,но сепак се движел одлично и искористил една супер асистенција на Тиаго Силва за 5-иот гол. Сендерос играл исто така многу добро.
Исто така имаше и коментари дека одамна го немале видено Роналдињо толку испотен и изморен.Имал две асистенции за головите(мислам дека за голот на Сидорф и вториот на Шева.)
Кака бил мотивиран,на почетокот добил роденденска торта од Унгарците и дал еден гол,а и му асистирал на Шева за првиот.
Коментираат и дека Сидорф играл слабо,бил спор и многу ја успорувал играта.Го нарекуваат и slowdorf.
Направил да фали Пирло во средината.
А и треба да се напомене дека по измените во второ полувреме,капитенската лента некаде при крајот завршила кај ШЕВА!
Повторно,после долго време,ја имал лентата на раката.
Првиот гол сме го примиле на контра,а вториот на грешка на Дармиан.
И отприлика тоа било тоа...
EDIT: КОнечно еве го и