Има уште простор за работа. Рашфорд и Марсиал мора да бидат поодлучни и да не комплицираат многу. Потегот повеќе им е голема мана на двајцата. Гринвуд како што кажа и
@Peja989 има голема дрскост. Уште малку физикусот да го досреди во годините кои што му следуваат и може да биде играчиште. Има страшен осет кога да се уфрли, што потег да направи. Искрено позитивно сум изненаден и од Чонг. Многу експлозивен ми делува. Вингер тип на играч налик на Гигси. И тој кога би го средил физикусот во наредните години мислам дека уште еден играч ни се наметнува за левата позиција. Џејмс на десно не ми остави некој впечаток. Играше доста претпазливо, не се впушташе во спринтови и ќе видиме како ќе тера тој сегмент. Во средина МекТоминеј има многу напреднато. Физички е станат доста јак, игра доста смирено во многу ситуации. Денес демонстрираше доста добри одлуки и квалитетни високи топки.
Искрено со денешниот приказ на терен да сум на место на Лукаку ќе си се фатам за работа,ќе тренирам х200 и би се борел да останам во Јунајтед. Јес да е пријателски натпревар, ама Интер ми делуваше на Јунајтед од ланските припреми...многу ненадежно.