Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Јас мислам дека оваа многу поголем проблем од одбраната ќе биде нападот. Ама ич не сум уверен дека Рашфорд е доволно квалитетен или зрел да го предводи нападот. Во одбраната и ништо да не се купи, може да се стартува со Линделоф и Туанзебе, сосем солиден бековски тандем. Плус Ван Бисака е зверче, ништо нема да прелета по таа страна. За Џејмс не знам што да кажам, сега засега игра колку за парите што е платен.
 
Овој пуцвалов по лева страна игра доста добро.

Него што е со овој Переира и однесувањево?
Што толку накурчен?
 
Висок пресинг, многу трчање и контри ко на времето со САФ, без долги топки и многу држење топка со превише пасови.Тактиката ја има моделирано према САФ и Клоп.
Доволно?

Гринвуд ѕвер:cool:
Имаме само три-четири играчи за таква игра! Другите очигледно пајдушко ќе играат.
 
Овој пуцвалов по лева страна игра доста добро.

Него што е со овој Переира и однесувањево?
Што толку накурчен?
Make or break сезона му е на Переира, или ќе го сметаат за играч или само како пур пена ќе го пикаат во состав колку да извадат 11 во купови.
 
Гринвуд играчиште, ни под разно на позајмница детево е страшно добро, сега ми е јасно зошто толкав хајп имаше околу него.
Чонг исто е ѕвер, предобро изигра.Би се коцкал на него и би го чувал у тим, лани добро се покажа у лига.
Јанг солиден, Далот исто.Од друга страна Мата е ептен тапа, мислам дека достигнува ново дно, премногу е блед и на моменти реагира ко почетник.
 
Шкринијар коњот го исфрустрираа Гринвуд и Чонг па мораше да го покаже балканското во него.

Од каде Балканско во Шкринијар? Брозо се исељачи за сите пари.
 
Луѓе со Перишиќ како ќе се заебевме :pos:

Повеќе трчаат и повеќе притискаат, се познава иако сме уште на пријателските. Дури и Робсон пред почетокот кажа Оле им напоменувал дека сака да бидат најработливиот тим во ПЛ по одредени метрики.
 
Гринвуд е ѕвер, ваков потенцијал одамна сме немале во академија. Техника и завршница страшни. Мислам дека е подобар на 9ка отколку на крило иако и по крилата е добар. Се надевам ќе добива солидна минутажа барем во ЛЕ и куповите.
Ван Бисака гази со стартовите, барем дефанзивно сме добри по таа страна. Џејмс беше лош, дефинитивно не е за десно.
Погба ни е најдобар играч кога му се игра.

Ги издоминиравме Интер но не е никаков показател до каде сме. Се надевам до крајот на трансфер рокот на десно ориентиран играч во нападот кој знае да даде гол.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom