Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Јунајтед

Indifferent
Член од
5 јануари 2009
Мислења
3.974
Поени од реакции
1.622
Не знам дали е до мене, ама Џони и Вес на сликине не ми изгледаат баш најсреќни, сигурен сум дека О'Шеј не сакаше да си оди, ама што да се прави, клупските интереси се секогаш над личните. Сега мал проблем може да бидат бековските позиции зошто Фабио и Рафаек знаеме дека се склони кон повреди, Еванс и Џонс не се класични бекови, иако првиот може да покрие лево, а вториот десно. Играчи од младинската кои би можеле да играат на овие позиции се Де Лает и Вутон кои се на позајмица и Норвуд, ама сигурен сум дека последниов нема да добие шанса.

Знаејќи дека секоја сезона има период кога едвај крпиме одбрана, ситуацијата со бековите нема да е розова. Ако првата постава би била Рафаел-Видиќ-Фердинанд-Евра, тогаш бек-ап играч кој е класичен бек е само Фабио, а останатите играчи кои би можеле да покријат бековските позиции не им се природни како што спомнав погоре. Во една сезона ги изгубивме Џони, Вес и Невил, класични бекови и искуството на кое се потпираа овие позиции. Не сакам да звучам алчно, ама не би имал против да се купи некој нов играч тука како што се спомнуваше Изагире од Селтик па пример.
Aко глеаш така и О'Шеј и Браун не беа класични бекови(добро Браун последниве сезони беше) и ќе има ротации секако. Валенсија може по потреба да одигра десен бек, а на крилата би ги имале Нани и Јанг. Еванс, Џонс, Рафаел, Фабио, Евра, па и како шо споменав и Валенсија е опција. Сосема доволно според мене за да бидеме конкурентни на сите фронтови и во новата сезона.
 

Rooney's Temper

in front of Old Trafford
Член од
14 јуни 2009
Мислења
2.888
Поени од реакции
2.653
Поентата е дека немаме многу класични бекови што во одредени делови од сезоната (не дај боже) би можело да претставува проблем. Ако е за тоа ги имаме Керик, Гибсон, Флечер, Андерсон, Клеверли и Гигс и Парк кои би можеле да играат во средината, ама пак сите пекаме за нов играч на оваа позиција.
 

bobipp

Let's cook!
Член од
15 август 2008
Мислења
11.919
Поени од реакции
7.012
Значи готово за Браун и О'Ши, а? Е па ај нека им е со среќа. Повеќе ми е криво за Браун :)....али ај да не ме избодете со копја од сите страни....нека им е со среќа во Сандерленд имаат уште што да покажат, барем за екипа од таков ранг. А ние изгледа штотуку собравме пари за плата за некој дијамант :) кој ќе му помогне на Ферги да ја победи Барса :D Верувајте тоа му е единствена цел на стариот пред да се пензионира :)
 
Член од
13 март 2009
Мислења
1.968
Поени од реакции
1.868
Цел ден се мислам и никако да најдам логика во потегов на Ферги, сега остануваме многу тенки на бековите. Но Стариот Лисец сигурно има некоја замисла и наше е да го следиме и да веруваме во него.

 

Hellz Guardian

We do what we want
Член од
2 февруари 2008
Мислења
7.082
Поени од реакции
1.641
Нека им е со среќа и на двајцата, сеа само Гигси и Флеч ни останаа од младинската школа што искочиле.ВДС,Сколс,Гери,Вес,О Шеј...премногу е :/ Сигурно ќе ги видиме и Кушчак и Гибсон како си одат, голема транзициска година ќе биде следната т.е следните 2-3 години ќе бидат многу значајни за клубот.
 
Член од
25 јули 2010
Мислења
7.382
Поени од реакции
2.398
Ко че си замини Кушчак јас че славам за него , здравјето ми го зеде од нервоза :mad:
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Абе тоа знаеш како е, дека после секој пораз плаче и демек криви му се судиите и не прифаќа пораз, ради тоа се поздравува, не ради нешто друго.
 

Ернесто ЧЕ Гевара

Hasta La Victoria Siempre
Член од
21 јуни 2010
Мислења
14.660
Поени од реакции
22.743
Абе тоа знаеш како е, дека после секој пораз плаче и демек криви му се судиите и не прифаќа пораз, ради тоа се поздравува, не ради нешто друго.
Па, да. Нели одма после на пресот после финалето изјави дека судијата им го поклони трофејот на Каталопците. Нели рече дека он е најдобар, секогаш ќе биде. Затоа и никој нема да го памети како голем тренер. Многу е самобендисан. :)
 
B

BooBojan

Гостин
мене нешто тука Фергусон ми мути.. Да не планира да прај убиствена десна страна со Валенсиа и Нани..
Е да си ми жив и здрав,ова го помислив уште откако дојде Јанг во тимот.Ке видиме,мислам дека има реални шанси да се случи вакво нешто.
 

The Edge^

the force
Член од
11 јуни 2011
Мислења
2.882
Поени од реакции
2.397
кој сака да се клади со мене дека утре ке има трансфер???
 
Член од
2 јули 2010
Мислења
5.906
Поени од реакции
7.468
22. JOHN O'SHEA

Birthdate:

30 Apr 1981
Birthplace:

Waterford, Ireland
Position:

Defender/Midfielder
Appearances

393
Goals Scored

15
Joined United:

03 Aug 1998
United Debut:

13 Oct 1999 v Aston Villa (A)
International:

Rep of Ireland

Неверојатно тешко ми е за овој човек,премногу го сакав во тимов,сепак со среќа во Сандерленд и те чекам и тебе назад во црвениот дел на Манчестер:(


6. WES BROWN

Birthdate:

13 Oct 1979
Birthplace:

Manchester
Position:

Defender
Appearances

361
Goals Scored

5
Joined United:

08 Jul 1996
United Debut:

04 May 1998 v Leeds United (H)
International:

England

Весли ,збогум човеку ,со среќа и тебе нека ти е,заедно со Ошеј назад кај нас.:(
"Correct me if I'm wrong, but I don't recall 'tabloid blasts' from either of the pair when were left out of big matches or failed to hold down a regular place in the side. It must have hurt Brown, in particular, when he was used so sparingly last term due largely to the emergence of Chris Smalling and development of the twins, but he didn't whinge about it."

:place:(n)
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Најмногу ме боли тоа што повеќе од декада беше кај нас а глас му немам чуено, ни да се побуни ни ништо.
 
Член од
1 јули 2008
Мислења
2.031
Поени од реакции
2.047
Пред 2 дена не ми се веруваше дека овие двајца ќе си заминат. Не ни обрнав внимание на шпекулациите, си мислев глупости...
Уште две легенди, севкупно 5 не напуштија за неколку месеци. Најтапа лето за Манчестер Јунајтед, дефинитивно...
 

Eric The King

Why always us!:)
Член од
21 април 2010
Мислења
3.297
Поени од реакции
1.245
Пред 2 дена не ми се веруваше дека овие двајца ќе си заминат. Не ни обрнав внимание на шпекулациите, си мислев глупости...
Уште две легенди, севкупно 5 не напуштија за неколку месеци. Најтапа лето за Манчестер Јунајтед, дефинитивно...
Па затоа Ферги е олку активен на пазарот, за да ни ублажи малку, за да не ни дојде премногу!
За Браун не ми е толку мака, ама за Џон срцево ме боли(плус на ист ден и иста година сме родени), предобар играч, никогаш не сме слушнале да се пожали, секогаш подреден на тактиката и посветен на тимот!

Многу ќе ми недостасува и му посакувам многу среќа и секогаш ќе го паметиме по добро! GGMU
 

Kajgana Shop

На врв Bottom