Далеку е од генијален, има уште фурни да јаде и да учи, но не е ни глупав Оле и се гледа дека има фудбалкса интелегенција.
Оле тоа што го сака е во период од 2-3 години да го врати имиџот на Јунајтед во игра со атрактивен и напаѓаки фудбал, со работници на терен и да бидеме во конкуренција за титула. До остварување на таа цел (оформување на комплетен тим) која ќе треба да минува неколку тестови за да си ја задржи позицијата. Но најважно ќе биде летово за него каде ќе мора да ги доведе вистинските играчи, а ние имаме доста позиции кои треба да ги пополниме.
Тоа што е видливо е
1. Интегрирање на младите во првиот тим и работа што најмногу ми се допаѓа е што има храброст да пушти млад играч на терен дури и во дерби мечеви. Им даде одлична шанса на Гринвуд и Вилијамс, а довербата која му ја даде на МекТоминеј да биде носител во средината вроди со плод. И Мојс му даде шанса на Јанузај, ЛВГ на еден куп, Жозе со МекТоминеј, но Оле со Гринвуд и Вилијамс многу повеќе впечаток ми остави.
2. Трансфер план - раздвоен на неколку трансфер периоди и стрикно квалитетно планирање на иднината. Летните ги погоди, се надевам дека и зимскиве трансфери ќе се такви. За летово сигурно веќе знае што ќе сака. Исто така полека гледам дека си ги чисти просеците. Останаа уште неколку и мислам дека до 2-3 трансфер рока ќе бидеме чисти од нив. Замерка ми е што дозволи да имаме краток ростер во оваа сезона што резултираше со ситна клупа и при повреди немавме простор за маневар.
3. Тактички се гледа дека сака многу залагање. Сака среден ред кој ќе биде и работник на терен но и креативен кога ќе ја имаме топката во посед. За жал Погба како најдобар креативец ни се повреди многу рано и отсуства долго, но неговата статистика по нецели 2 месеци не ја надминуваат играчи кои играат скоро 25 кола (со исклучоци). Тактички одлично поставен против тимови кои во моментов се поспособни да ја задржат топката, базирана на контри...одлично изгледаше тоа.
Има недостатоци, поготово во меч менаџментот кога не реагира навремено да промени и искористи противничка слабост или ненавремено ја воочува нашата послаба страна. Прекините исто не ги подготвува како што треба и видливи се тие пропусти по примените погодоци или по очајните офанзивни изданија по прекини.
По прва поставена ваква сезона и од негова страна и од страна на управата (видлива е нивната поддршка на тој концепт на Оле), јасно е дека се работи на проект на враќање на Јунајтед во период од 2-3 години, а не инстантно. Да не се случеа повредите ќе бевме поблиску до Челзи или 4ти, но тоа е тоа. Летниот преоден рок ќе биде клучен да се носат играчи кои веќе мора да го кренат квалитетот и во таков случај следната сезона ќе има поголеми очекувања и врз нив ќе треба да се суди. Ако тогаш сме на исто ниво како и оваа година, нема што повеќе да дискутираме...