Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Член од
3 февруари 2019
Мислења
2.483
Поени од реакции
4.135
Тешко дека ќе го гледаме следната сезона ако не освои ЛЕ или ако не сме во топ 6 во лигата
Сепак мислам дека се беспотребни шпекулации сега, се фрла додатен притисок. Како ќе работиш ти во следните неколку месеци ако си свесен дека ти спремат отказ и веќе се во преговори со друг? Ова можи само негативен ефект да има врз тимот
 
Член од
21 ноември 2007
Мислења
10.644
Поени од реакции
9.223
Meне ме загрижува неговото незнаење да се адаптира на противник. Нафрлавме како улави против Барнли, кои немаат бек под 1,90. Нема pattern of play. Остана со деца во соблекувална. Најмногу ме загрижува тоа што искача и вика, добро е, им се држевме на пул до 90-та минута.

Нема никакво подобрување во поглед на прекини. Гол од корна со децении немаме дадено. Од друга страна, пул ангажираат стручњак за уфрлувања од аут.

Во зависност од тоа како ке финишира сезонава, таков и ке биде епилогот. Ако и даље играме топло ладно, мислам дека му се намалуваат шансите да остане во клубот.
Има низа недостатоци, се согласувам. Сум пишал и ќе пишам дека сме губеле ради негова грешка и тврдоглавост.

Кога ќе разгледаш наназад ќе видиш дека најголема причина за таа неадаптибилност и на противник и на меч менаџмент се должи на тенок ростер кој е уште толку растенчен благодарение низата повреди.

Вреди да се пофали за низа добро поставени натпревари...со Тотенхем, Сити, Челзи, Ливерпул дома (каде требаше и да победиме)..., но и да се искритикува за лошо поставени како гостувањето кај Арсенал.

Ама од друга страна мислам дека тимот е влезен во процес на трпелива реконструкција и позитивните страни се видливи. Затоа следново лето за него ќе биде клучно да го состави 80% од неговиот замислен финален продукт. Доколку нема резултати до Божиќ, тоа е тоа.

Со моменталниов ростер ни Пеп, ни Клоп не би мрднале, да не се лажеме.

Знам дека сме нетрпеливи за успех, ама постојаната промена на менаџери која води и до неконтинуитет од еден до друг менаџер увидовме дека исто не е решение.

На Клоп му беа потребни 3-4 години за да скрпи тим како моменталниот, а до првото ЛШ финале и не беа којзнае што. Ако барате мислења во нивни фан клуб ќе најдете многу идентични мислења. Не сакам да кажам дека го бранам и дека Оле со сигурност ќе биде успешен ради оваа компарација. Сакам да кажам дека потребно е да му се даде време и шанса. Почна да го реконструира тимот со една филозофија, а не е ни до половина стигнат...со оглед на тоа што е Оле и наш миленик треба да му дадеме шанса и да добие финансиска поддршка ова лето за да дојде до тој 70/80% ростер кој го посакува, а како што пишав погоре ако не се резултира со видливи подобрувања, успех и резултати до Јануари тогаш ќе се сложам дека време е за негова промена.

Sent from my SM-A750FN using Tapatalk
 
Член од
14 мај 2019
Мислења
1.486
Поени од реакции
-759
Ziak92, smeni si go klubo za navivanje ako ne sakas trofei i se zadovoluvas so samo plasman i ucestvo vo liga na sampioni. Ova se odnesuva na tvojot post od predhodnata strana.
Mancester asocira na trofei, i treba sekoja sezona da ne sme zadovolni ako nema trofei, a ne top cetiri.

Top cetiri ne e trofej.
 
Наградата и задоволството за еден навивач кога клубот му игра добро е да се радува на трофеи, точно. Тоа го посакува секој навивач. Но, јас не навивам само за трофеи, со Јунајтед се идентификував и ме натерале да навивам во сезони кога не освојувал трофеи.

Патот од една ваква ситуација каква што е Јунајтед во моментов до трофеи не е едноставен и додека стигнеме до целта (оформен тим кој ќе се бори за титула) мора да се задоволуваме со мали успеси (добар фудбал, некој куп, топ 4 и ЛШ). И тоа е рецептот.

Во моментов имам впечаток дека Оле знае што сака и тоа го прави чекор по чекор. Изборот на играчи ми го говори тоа и доколку летово управата му даде финансиска поддршка и ги доведе играчите кои ќе помогнат да се оформи барем 80% од тимот кој тој го посакува да го има на располагање, ќе бидеме во подобра состојба од тоа денес. Во тој момент, Оле ќе мора да ги оправдува очекувањата со подобри перформанси и резултати. При евентуално нивно неостварување во тој момент (околу Декември/Јануари) ќе бидам еден од тие кои ќе се за негова промена.
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
9.849
Поени од реакции
10.444
ако го остават Оле уште една сезона рачунајте уште од старт дека нишо не праиме, нема филозофија човекот, незнае игра да постави/прилагоди
со него само топло ладно и ке вртиме околу топ4

Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Член од
1 јули 2012
Мислења
2.256
Поени од реакции
6.451

Пошто имам чувство дека само тебе ти е јасно што сала Оле, која е неговата филозофија, стил на игра, тактика, дај појасни ни. Не сум саркастичен, сварно јас ништо од наведеното не можам да видам кај Оле, а и повеќето тука.
Иначе сум против менување на Оле дур не се донесе ДОФ, па тој да донесе одлука. Ама не да биде тоа од типот на Флечер, Рио или друга легенда на клубот, туку некој докажан, без допирна точка со Јунајтед.
 
Член од
7 декември 2019
Мислења
4.633
Поени од реакции
8.205
Која е смислата од враќање од сред пат секои две години?
Ај да го баталиме Мојс изгубениот, толку му сечеше! Ама менаџерите после тоа ни изгледаа како паднати од Марс! Ван Гал па после и Мурџо од корен го менуваа пристапот на работа, менаџирање и реконструкција на тимот, додека не дојдовме до дереџе да имаме еден од наголемите фондови за плати, а уствари немаме играчи ни една саглам единаеска да составиме!
Еве сега и Солскјер почна со таква реконструкција! Може сме топло -ладно, ама треба да му се признае дека трансферите од летоска, дај боже и овој зимошниов, му се погодок! Плус форсирањето на Мектоминај! Значи 5 играчи на кои можеш да се потпреш плус. Ниеден од неговите претходници нема таков резултат, на тоа поле! Ако му се даде уште една сезона може таа бројка ќе рипне на 8-9, што веќе е солидна основа на што може и да се гради некаков оптимизам.
@vidooq сме имале ние и подно тактики, си заборавил? Од типот Руни е издишан ама на 10 ка супер ќе биде или тактиката гаѓај го Фелаини! А искрено мислам дека не е само на Солскјер задача да работи на спремање на тактиката има еден куп околу него и секој треба да си ја одработи задачата! А не Оле е крив за све , пушти го нека се правда пред камери!
Значи, прво ДОФ, поголема активност на трансфер пазарот и период на комплетирање на сето тоа, а после заклучоци!
Остајте го, веќе им се настрви на Лингур и Переира, ако он не ги избрка никој нема ;)
Покетино не го гледам како спас за Јунајтед! Добар менаџер, ама сам ништо не прави! Плус не покажал дека е спрамен да ја рипне линијата од скоцкување на тим, до освојување на трофеи!
 
SuicideMessiah

Советник
Член од
7 јули 2008
Мислења
5.556
Поени од реакции
278
Uste toa ni ostana.......
A sto se odnesuva do Pogba silno veruvam deka kje si odi letovo. Ako toj ne saka da igra za Mancester ne ni mora.
Pobitno periodov mi e da se vratat Mektomonej i Rasford i da se voigraat Fernandes i Igalo. LS i trofej se must.
Нема да си оди кажа тоа на интервју дека ќе се посвети на клубот и да му помогне. Некој спомна дека Реал Мадрид се откажува од него и иде по Де Бек. Јувентус не сум сигурен дека ќе го земат бидејќи ионака имаат терет со плати на многу скапи играчи. Плус мислам дека ќе му дадат нов договор и ќе го поврзат со Фернандеш и Грилиш во средина.

Sent from my Redmi 5 Plus using Tapatalk
 
Член од
13 март 2009
Мислења
1.964
Поени од реакции
1.866
ако го остават Оле уште една сезона рачунајте уште од старт дека нишо не праиме, нема филозофија човекот, незнае игра да постави/прилагоди
со него само топло ладно и ке вртиме околу топ4

Sent from my iPhone using Tapatalk
Епа ајде ќе менвиме тренери секоја сезона. Или Ван Гал да го вратиме ? Тој имаше филозофија. Оле е единствениот после Ферги шо знајт во која смер требит да се движит клубот и ако сега го смениме се враќаме на почеток.
 
Член од
7 декември 2019
Мислења
4.633
Поени од реакции
8.205
Нема да си оди кажа тоа на интервју дека ќе се посвети на клубот и да му помогне. Некој спомна дека Реал Мадрид се откажува од него и иде по Де Бек. Јувентус не сум сигурен дека ќе го земат бидејќи ионака имаат терет со плати на многу скапи играчи. Плус мислам дека ќе му дадат нов договор и ќе го поврзат со Фернандеш и Грилиш во средина.

Sent from my Redmi 5 Plus using Tapatalk
Одењето на Погба е еден од условите Јунајтед да го биде! Све остало е пи*ање уз ветар!
 
Член од
14 април 2012
Мислења
31.411
Поени од реакции
62.011
Која е смислата од враќање од сред пат секои две години?
Ај да го баталиме Мојс изгубениот, толку му сечеше! Ама менаџерите после тоа ни изгледаа како паднати од Марс! Ван Гал па после и Мурџо од корен го менуваа пристапот на работа, менаџирање и реконструкција на тимот, додека не дојдовме до дереџе да имаме еден од наголемите фондови за плати, а уствари немаме играчи ни една саглам единаеска да составиме!
Еве сега и Солскјер почна со таква реконструкција! Може сме топло -ладно, ама треба да му се признае дека трансферите од летоска, дај боже и овој зимошниов, му се погодок! Плус форсирањето на Мектоминај! Значи 5 играчи на кои можеш да се потпреш плус. Ниеден од неговите претходници нема таков резултат, на тоа поле! Ако му се даде уште една сезона може таа бројка ќе рипне на 8-9, што веќе е солидна основа на што може и да се гради некаков оптимизам.
@vidooq сме имале ние и подно тактики, си заборавил? Од типот Руни е издишан ама на 10 ка супер ќе биде или тактиката гаѓај го Фелаини! А искрено мислам дека не е само на Солскјер задача да работи на спремање на тактиката има еден куп околу него и секој треба да си ја одработи задачата! А не Оле е крив за све , пушти го нека се правда пред камери!
Значи, прво ДОФ, поголема активност на трансфер пазарот и период на комплетирање на сето тоа, а после заклучоци!
Остајте го, веќе им се настрви на Лингур и Переира, ако он не ги избрка никој нема ;)
Покетино не го гледам како спас за Јунајтед! Добар менаџер, ама сам ништо не прави! Плус не покажал дека е спрамен да ја рипне линијата од скоцкување на тим, до освојување на трофеи!
Се надевам дека некој ке ме цитира некогаш за мислењево, со цел да ме исмее, ама.

Дали сметам дека Солскаер ке го оправи Јунајтед, да иде во подобар смер од она што беше пред него? Да.
Дали сметам дека Солскаер го има она во него да го направи Јунајтед шампион во ПЛ, со овакви конкуренти?
Не.
 
Член од
7 декември 2019
Мислења
4.633
Поени од реакции
8.205
Се надевам дека некој ке ме цитира некогаш за мислењево, со цел да ме исмее, ама.

Дали сметам дека Солскаер ке го оправи Јунајтед, да иде во подобар смер од она што беше пред него? Да.
Дали сметам дека Солскаер го има она во него да го направи Јунајтед шампион во ПЛ, со овакви конкуренти?
Не.
Ако го исполни првото, ќе биде блиску до второто! Оти на денешно време скоро па да се ислкучени владеења како она на Јунајтед на Ферги! Конкуренцијата ќе оди нагоре надоле, ете Сити веќе не е тој што беше, да си отиде Пеп, ќе се оправаат неколку сезони! Ливерпул, па незнам они се микс од талент и инспирација! Пола тим не им е незнам што! Така да ние прво да си ја завршиме нашата домашна работа, после можеме да гледаме што со конкуренцијата!
 
Член од
3 февруари 2019
Мислења
2.483
Поени од реакции
4.135
Ај сетете се на која позиција заврши Ливерпул првите 2 години со Клоп. Првата 8 втората 4. Со овој крпен тим каде шо нема една стартна 11 да извадиш како шо треба таа е реалноста. Колку побрзо се помирите со то, поарно за вас.
Никој нема магично стапче и да направи нешто со овој избор на играчи преку ноќ. Промена на тренер на лето е најидиотската работа шо можи да ја напрат. Со уште 4-5 трансфери на лето ќе се среди колку толку тимот па да видиме следната сезона како ќе се одвиват работите.

Иначе денес се вртат информации дека веќе се остварени контакти во врска со Санчо.
 
Член од
10 декември 2010
Мислења
6.259
Поени од реакции
7.263
Џон Крос вика дека сме оствариле контакти за Санчо и дека Борусија е спремна да го продаде летоска.

Со оглед дека Челзи се во напредна фаза на преговори за Хаким Зијех од Ајакс а беа заинтересирани за Санчо, веројатно јако сме загризале за Санчо(освен ако не ни пуштаат финти ко ние со Лукаку-Мората)

Или едноставно проста равенка со две непознати, Челзи испаѓа од трката за Санчо, па лупетаат новинариве на празно.
 
Член од
21 ноември 2007
Мислења
10.644
Поени од реакции
9.223
Пошто имам чувство дека само тебе ти е јасно што сала Оле, која е неговата филозофија, стил на игра, тактика, дај појасни ни. Не сум саркастичен, сварно јас ништо од наведеното не можам да видам кај Оле, а и повеќето тука.
Иначе сум против менување на Оле дур не се донесе ДОФ, па тој да донесе одлука. Ама не да биде тоа од типот на Флечер, Рио или друга легенда на клубот, туку некој докажан, без допирна точка со Јунајтед.
Далеку е од генијален, има уште фурни да јаде и да учи, но не е ни глупав Оле и се гледа дека има фудбалкса интелегенција.

Оле тоа што го сака е во период од 2-3 години да го врати имиџот на Јунајтед во игра со атрактивен и напаѓаки фудбал, со работници на терен и да бидеме во конкуренција за титула. До остварување на таа цел (оформување на комплетен тим) која ќе треба да минува неколку тестови за да си ја задржи позицијата. Но најважно ќе биде летово за него каде ќе мора да ги доведе вистинските играчи, а ние имаме доста позиции кои треба да ги пополниме.
Тоа што е видливо е
1. Интегрирање на младите во првиот тим и работа што најмногу ми се допаѓа е што има храброст да пушти млад играч на терен дури и во дерби мечеви. Им даде одлична шанса на Гринвуд и Вилијамс, а довербата која му ја даде на МекТоминеј да биде носител во средината вроди со плод. И Мојс му даде шанса на Јанузај, ЛВГ на еден куп, Жозе со МекТоминеј, но Оле со Гринвуд и Вилијамс многу повеќе впечаток ми остави.
2. Трансфер план - раздвоен на неколку трансфер периоди и стрикно квалитетно планирање на иднината. Летните ги погоди, се надевам дека и зимскиве трансфери ќе се такви. За летово сигурно веќе знае што ќе сака. Исто така полека гледам дека си ги чисти просеците. Останаа уште неколку и мислам дека до 2-3 трансфер рока ќе бидеме чисти од нив. Замерка ми е што дозволи да имаме краток ростер во оваа сезона што резултираше со ситна клупа и при повреди немавме простор за маневар.
3. Тактички се гледа дека сака многу залагање. Сака среден ред кој ќе биде и работник на терен но и креативен кога ќе ја имаме топката во посед. За жал Погба како најдобар креативец ни се повреди многу рано и отсуства долго, но неговата статистика по нецели 2 месеци не ја надминуваат играчи кои играат скоро 25 кола (со исклучоци). Тактички одлично поставен против тимови кои во моментов се поспособни да ја задржат топката, базирана на контри...одлично изгледаше тоа.

Има недостатоци, поготово во меч менаџментот кога не реагира навремено да промени и искористи противничка слабост или ненавремено ја воочува нашата послаба страна. Прекините исто не ги подготвува како што треба и видливи се тие пропусти по примените погодоци или по очајните офанзивни изданија по прекини.

По прва поставена ваква сезона и од негова страна и од страна на управата (видлива е нивната поддршка на тој концепт на Оле), јасно е дека се работи на проект на враќање на Јунајтед во период од 2-3 години, а не инстантно. Да не се случеа повредите ќе бевме поблиску до Челзи или 4ти, но тоа е тоа. Летниот преоден рок ќе биде клучен да се носат играчи кои веќе мора да го кренат квалитетот и во таков случај следната сезона ќе има поголеми очекувања и врз нив ќе треба да се суди. Ако тогаш сме на исто ниво како и оваа година, нема што повеќе да дискутираме...
 
Kajgana Shop

На врв Bottom