Која е смислата од враќање од сред пат секои две години?
Ај да го баталиме Мојс изгубениот, толку му сечеше! Ама менаџерите после тоа ни изгледаа како паднати од Марс! Ван Гал па после и Мурџо од корен го менуваа пристапот на работа, менаџирање и реконструкција на тимот, додека не дојдовме до дереџе да имаме еден од наголемите фондови за плати, а уствари немаме играчи ни една саглам единаеска да составиме!
Еве сега и Солскјер почна со таква реконструкција! Може сме топло -ладно, ама треба да му се признае дека трансферите од летоска, дај боже и овој зимошниов, му се погодок! Плус форсирањето на Мектоминај! Значи 5 играчи на кои можеш да се потпреш плус. Ниеден од неговите претходници нема таков резултат, на тоа поле! Ако му се даде уште една сезона може таа бројка ќе рипне на 8-9, што веќе е солидна основа на што може и да се гради некаков оптимизам.
@vidooq сме имале ние и подно тактики, си заборавил? Од типот Руни е издишан ама на 10 ка супер ќе биде или тактиката гаѓај го Фелаини! А искрено мислам дека не е само на Солскјер задача да работи на спремање на тактиката има еден куп околу него и секој треба да си ја одработи задачата! А не Оле е крив за све , пушти го нека се правда пред камери!
Значи, прво ДОФ, поголема активност на трансфер пазарот и период на комплетирање на сето тоа, а после заклучоци!
Остајте го, веќе им се настрви на Лингур и Переира, ако он не ги избрка никој нема

Покетино не го гледам како спас за Јунајтед! Добар менаџер, ама сам ништо не прави! Плус не покажал дека е спрамен да ја рипне линијата од скоцкување на тим, до освојување на трофеи!