Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Член од
14 април 2012
Мислења
31.411
Поени од реакции
62.007
Ај сетете се на која позиција заврши Ливерпул првите 2 години со Клоп. Првата 8 втората 4. Со овој крпен тим каде шо нема една стартна 11 да извадиш како шо треба таа е реалноста. Колку побрзо се помирите со то, поарно за вас.
Никој нема магично стапче и да направи нешто со овој избор на играчи преку ноќ. Промена на тренер на лето е најидиотската работа шо можи да ја напрат. Со уште 4-5 трансфери на лето ќе се среди колку толку тимот па да видиме следната сезона како ќе се одвиват работите.

Иначе денес се вртат информации дека веќе се остварени контакти во врска со Санчо.
Мене не ми се мерило тие позиции. Кај Клоп се гледаше што фали, дека еден играч и саглам голман многу ке му го комплетираат тимот. Се гледаше идеја. Кај нас, ваљда заради тоа што имаме премногу dead wood таложен со години, тоа потешко се гледа.


Џон Крос вика дека сме оствариле контакти за Санчо и дека Борусија е спремна да го продаде летоска.

Со оглед дека Челзи се во напредна фаза на преговори за Хаким Зијех од Ајакс а беа заинтересирани за Санчо, веројатно јако сме загризале за Санчо(освен ако не ни пуштаат финти ко ние со Лукаку-Мората)

Или едноставно проста равенка со две непознати, Челзи испаѓа од трката за Санчо, па лупетаат новинариве на празно.
Ние да договориме играч без сапуници? Да видам, да не верувам. Има да го молзат евентуалниов трансфер медиумски за сите пари.

 
Член од
3 февруари 2019
Мислења
2.483
Поени од реакции
4.135
Мене не ми се мерило тие позиции. Кај Клоп се гледаше што фали, дека еден играч и саглам голман многу ке му го комплетираат тимот. Се гледаше идеја. Кај нас, ваљда заради тоа што имаме премногу dead wood таложен со години, тоа потешко се гледа.
Ете то е проблемот шо го потенцирав, дека ние немаме ни една комплетна постава да составиме, а овде расправаме дали требало Покетино или не знам кој да дојдел. Кој сака нека дојди, со ова екипа да се надеваш на нешто повеќе од ова каде шо сме моментално е рамно на лудост
 
Член од
10 декември 2010
Мислења
6.259
Поени од реакции
7.263
Далеку е од генијален, има уште фурни да јаде и да учи, но не е ни глупав Оле и се гледа дека има фудбалкса интелегенција.

Оле тоа што го сака е во период од 2-3 години да го врати имиџот на Јунајтед во игра со атрактивен и напаѓаки фудбал, со работници на терен и да бидеме во конкуренција за титула. До остварување на таа цел (оформување на комплетен тим) која ќе треба да минува неколку тестови за да си ја задржи позицијата. Но најважно ќе биде летово за него каде ќе мора да ги доведе вистинските играчи, а ние имаме доста позиции кои треба да ги пополниме.
Тоа што е видливо е
1. Интегрирање на младите во првиот тим и работа што најмногу ми се допаѓа е што има храброст да пушти млад играч на терен дури и во дерби мечеви. Им даде одлична шанса на Гринвуд и Вилијамс, а довербата која му ја даде на МекТоминеј да биде носител во средината вроди со плод. И Мојс му даде шанса на Јанузај, ЛВГ на еден куп, Жозе со МекТоминеј, но Оле со Гринвуд и Вилијамс многу повеќе впечаток ми остави.
2. Трансфер план - раздвоен на неколку трансфер периоди и стрикно квалитетно планирање на иднината. Летните ги погоди, се надевам дека и зимскиве трансфери ќе се такви. За летово сигурно веќе знае што ќе сака. Исто така полека гледам дека си ги чисти просеците. Останаа уште неколку и мислам дека до 2-3 трансфер рока ќе бидеме чисти од нив. Замерка ми е што дозволи да имаме краток ростер во оваа сезона што резултираше со ситна клупа и при повреди немавме простор за маневар.
3. Тактички се гледа дека сака многу залагање. Сака среден ред кој ќе биде и работник на терен но и креативен кога ќе ја имаме топката во посед. За жал Погба како најдобар креативец ни се повреди многу рано и отсуства долго, но неговата статистика по нецели 2 месеци не ја надминуваат играчи кои играат скоро 25 кола (со исклучоци). Тактички одлично поставен против тимови кои во моментов се поспособни да ја задржат топката, базирана на контри...одлично изгледаше тоа.

Има недостатоци, поготово во меч менаџментот кога не реагира навремено да промени и искористи противничка слабост или ненавремено ја воочува нашата послаба страна. Прекините исто не ги подготвува како што треба и видливи се тие пропусти по примените погодоци или по очајните офанзивни изданија по прекини.

По прва поставена ваква сезона и од негова страна и од страна на управата (видлива е нивната поддршка на тој концепт на Оле), јасно е дека се работи на проект на враќање на Јунајтед во период од 2-3 години, а не инстантно. Да не се случеа повредите ќе бевме поблиску до Челзи или 4ти, но тоа е тоа. Летниот преоден рок ќе биде клучен да се носат играчи кои веќе мора да го кренат квалитетот и во таков случај следната сезона ќе има поголеми очекувања и врз нив ќе треба да се суди. Ако тогаш сме на исто ниво како и оваа година, нема што повеќе да дискутираме...

Морам да го дополнам постов со наредниот тред.Убаво доловено од страна на МУТВ коментатор, зошто е/сме #OleIN:


ПС: Некад излага тежок морон Оле, ама има одлична основа за работа и усовршување, пред се на тактички план и како се справува со водење на менаџерскиот дел на клубот.Второво го немаа ниеден тренер пост ферги.
 
Член од
9 октомври 2012
Мислења
2.922
Поени од реакции
1.479
Не бе ние ќе го земеме Медисон за 100ка а Лестер ќе си го земат Грилиш и ќе балансираме
 
Член од
21 ноември 2007
Мислења
10.644
Поени од реакции
9.223

Eве проблем
Не верувам дека би заминал во ПСЖ. Има многу изјави дека има цел да биде број 1 во Јунајтед.

Мене ме загрижива драмите кои ги прави Раиола со најновите изјави. Беспотребно крева галама. Мислам дека летово може Погба да го дадеме и се посигурен сум дека тоа и ќе се случи. Со тие пари да се ангажира Санчо. Да се пазари некој од Грилиш/Медисон.
А може да се размисли опција во Ремзи со оглед што не се снаоѓа во Јуве како што треба.

Sent from my SM-A750FN using Tapatalk
 
Член од
21 март 2015
Мислења
1.257
Поени од реакции
1.131
Не верувам дека би заминал во ПСЖ. Има многу изјави дека има цел да биде број 1 во Јунајтед.

Мене ме загрижива драмите кои ги прави Раиола со најновите изјави. Беспотребно крева галама. Мислам дека летово може Погба да го дадеме и се посигурен сум дека тоа и ќе се случи. Со тие пари да се ангажира Санчо. Да се пазари некој од Грилиш/Медисон.
А може да се размисли опција во Ремзи со оглед што не се снаоѓа во Јуве како што треба.

Sent from my SM-A750FN using Tapatalk
Попрво Давидче ке го дадеме,отколку Хендерсон
 
Член од
7 декември 2019
Мислења
4.633
Поени од реакции
8.205
Попрво Давидче ке го дадеме,отколку Хендерсон
Кажи им на Глејзери :D
Ем повеќе пари ќе заработиме од де Хеја ем не мора да го расипуваме факсот;)
Инаку дечково е супер, ама од тоа што гледам де Хеја стил!
 
Член од
21 март 2015
Мислења
1.257
Поени од реакции
1.131
Кажи им на Глејзери :D
Ем повеќе пари ќе заработиме од де Хеја ем не мора да го расипуваме факсот;)
Инаку дечково е супер, ама од тоа што гледам де Хеја стил!
Најбитно од се Јунајтед ДНК е:D
 

bobipp

Let's cook!
Член од
15 август 2008
Мислења
11.659
Поени од реакции
6.525
Со новава одлука на Уефа , дали тоа значи дека и 5-от ќе оди ЛШ?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom