Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Член од
26 јануари 2009
Мислења
7.630
Поени од реакции
6.437
Незнам за вас но јас нема да сум задоволен ако нападот покрај Лукаку се појача само со Перо (а нема шанси да купат уште некој).
Океј играч е Перо, но нас ни треба машина ко Санчез, гејм чејнџер.

Рецимо Лукаку ја има статистиката на Ибра а од Перо тешко дека би се очекувало повеќе од 10-12 гола(во сите конкуренции). Кој ќе ги надокнади другите 20тина гола кој ги имаа конкурентите?

Исто очекувам повеќе гола од Марсијал, Раш и Погба но и помалку од Мата.
И од Лингард исто очекувам повеќе, од ланскиот еден да скокне на 3.:popce:
 

Nino Manchester

Oŋce α RED, αlwαys α RED
Член од
4 јуни 2009
Мислења
14.539
Поени од реакции
17.958
Инаку Снајдер е слободен играч:vozbud:, лапај си
 

GavolRulz

hippopotomonstrosesquipedaliophobia
Член од
23 март 2008
Мислења
12.740
Поени од реакции
11.626
Ги гледаш првите 35 минути и сфаќаш дека ќе има пак мачење со Стоук, Барнли, Хадерсфилд, Свонси... и во групи ЛШ секако...
Досега сите дупиња, два паса не сврзаа како што треба, Лингард се шетка низ теренот, де лево, де десно, де средина, сегде го има, чисто колку повеќе да го гледаш и да те нервира, Микитаријан дух, Переира возбуден, Џонс и Блинд :pos:...
Јас одам да спијам, не планирам да седам со чачкалици на очи за да гледам како американците напаѓаат.

ЛУКАКУУУУУ :oeoeoe:

едит: од кога пишав се подобрија колку толку, ама генерално сум незадоволен од првото полувреме.
 
Последно уредено:
Член од
14 април 2012
Мислења
32.966
Поени од реакции
67.756
Изненаден од Фосу Менса и од Лингард. Керик не постои на терен. Џонс го да го станале од спиење и директно на утакмица.

Може многу подобро
 
Член од
10 декември 2010
Мислења
6.607
Поени од реакции
8.292
Едино Погба изигра супер и Фосу Менса ми фати око другиве у глобала слабо.Џонс кое теле е, не се опишува.Лингард многу подвижен и слободен со топка имаше една ситуација кај ги измести 2ца на Америве ама во глобала стандарно лингард шоу.Ме импресионираше МекТоминај колку зрело реагираше во одередени ситуации и супер комбинираше со Фосу, но за сега ништо што отскокнува.

Честитки за Ром, да не прекине со давање голови.Инаку мислам дека оваа игра не му одговара нему т.е не му одговара да учествува во градење акции, но времето ќе покаже.
 
Член од
8 ноември 2008
Мислења
542
Поени од реакции
731
Мене ме интересира Линделоф како изигра денес? Завчера кога влезе второ полувреме како изгубен да беше. Не знаеше каде да чува, како да чува, како да не знаеше да се постави у одбрана. Како изигра денес ме интересира?
 

pain_killer

Invictus
Член од
27 јули 2007
Мислења
4.539
Поени од реакции
2.229
Јас мислам уште едно тројца штопери да земат. Лани Манчестер имаше втора најдобра одбрана во лигата, плус се купи шведот. Велиш уште некој да се купи таму? Во моментов Манчестер има четворица класични штопери и двајца кои можат да играат на таа позиција.
Може да има и уште 15 штопери од калибарот на Џонс, Рохо и Смолинг, џабе е кога ќе влезе некој второлигаш и ќе ги истрчка ко деца мали, или со Блинд метро и жилет. Инаку јасно ни е на сите дека добрата одбрана се должи на друг играч, што не е на позиција одбранбен, а е голман.

 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Може да има и уште 15 штопери од калибарот на Џонс, Рохо и Смолинг, џабе е кога ќе влезе некој второлигаш и ќе ги истрчка ко деца мали, или со Блинд метро и жилет. Инаку јасно ни е на сите дека добрата одбрана се должи на друг играч, што не е на позиција одбранбен, а е голман.

Не знам како да ти кажам за да не се разочараш, ама толку беше од купување штопери за оваа сезона.
 
Член од
5 февруари 2009
Мислења
7.572
Поени од реакции
4.239

Доколку не оди со Интер на турнеа очекувам трансферот на Перишиќ да се официализира пред натпреварот со Сити.
 
Последно уредено:

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Може да има и уште 15 штопери од калибарот на Џонс, Рохо и Смолинг, џабе е кога ќе влезе некој второлигаш и ќе ги истрчка ко деца мали, или со Блинд метро и жилет. Инаку јасно ни е на сите дека добрата одбрана се должи на друг играч, што не е на позиција одбранбен, а е голман.

Рохо и Баји беа супер стоперско дуо лани, проблемот е што првиов беше на АФКОН и имаше проблем со рамото а после Рохо скина лигаменти. Џонс и Смолинг не ги коментирам, Блинд си е за лев бек, има техника, шут, центаршут, нема висина за стопер.
 
R

red.devil

Гостин
Доста кењате. Втор натпревар е после одмор, а на американциве им е во полн ек сезоната.
Ќе ги пцуеме кога ќе дојде време. :D
 
Член од
6 април 2009
Мислења
6.147
Поени од реакции
2.988
Како го претркнува тој играчот Џонс за нивниот гол. :facepalm:

Баји и Рохо во еден дел од сезоната беа одлични, посебно кога Рохо беше во одлична форма пред да ги скине лигаментите. Баји речиси цела сезона беше одличен, проблемот како што кажаа погоре беа Џонс и Смолинг. Јас се надевам дека овај Нилсон ќе се покаже, да не ги гледаме овие цепениците. И за позицијата лев бек ме плаши, дај нека сврзе утакмици Шо без повреди, нека изигра како што знае. Дармиан и Блинд солидни се за замена, ама во офанзива се нула.
 

pain_killer

Invictus
Член од
27 јули 2007
Мислења
4.539
Поени од реакции
2.229
Ако Гледате во Рохо стандарден штопер со кој можеме да издржиме двомечи во ЛШ против Барса/Реал/Баерн/Јуве... + цела сезона против копачите од ЕПЛ ок. Јас не гледам.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom