ХАВИЕР РИБАЛТА СТАНУВА ДЕЛ ОД МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД
Рибалта е нов член на клубот кој пристигнува од Јувентус и ќе има значајна улога во скаутирањето нови играчи и трансферите, притоа Хавиер е само уште еден чекор поблиску за остварување на трансферот на Алваро Мората…
Хавиер Рибалта е новиот соработник на Џим Лолор и Марсел Бут, со што тие заедно во консултации со Едвард Вудвард ќе бидат одговорни за раководење со скаутите, идентификување на нови млади таленти и подготовка за трансфери.
Шпанецот пристигнува од Јувентус каде во изминатите пет години со италијанскиот гигант ги освои сите трофеи во Италија, а притоа во два наврати стигна и до финалето од Лигата на шампионите. Рибалта, кој по потекло е од Каталонија има одличен процент на реализирани трансфери и идентификувано млади таленти од кои воедно Јувентус профитираше. Во овие трансфери се вбројува и оној на Пол Погба, кога тој си замина од Олд Трафорд, а Рибалта стоеше позади интересот на „старата дама“. Секако покрај Погба говориме и за играчи како Алекс Сандро, Дани Алвеш, Кингсли Коман, Пауло Дибала и Алваро Мората. Трансфер политиката на Јувентус доживеа драстични промени со промовирањето на Рибалта за главен менаџер во однос на скаутите и трансферите.
Со сето ова Манчестер Јунајтед добива нов човек кој ќе внесе визија плус во клубот, а пред сè овој потег на Вудвард е значаен бидејќи Хавиер беше инструментален во трансферот на Алваро Мората при неговото преминување во клубот од Торино. Мората потпиша за Јувентус во 2014 – та година, само две години подоцна се врати во Реал Мадрид, по што сега тој е број еден трансфер цел на Мурињо за напаѓачката позиција.
Info Manchesterismyheaven.com