Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Новинар близок до Лион вели дека обновен е интересот за Лаказет и сме биле каде каде понапред од Дортмунд и Арсенал. Наводно Лаказет бил лут зошто Арсенал не го материјализирале трансферот лани, во смисла не им бил битен толку. Земете го ова со доза на сомнеж зошто прв пат го читам новинаров.
 

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.778
Поени од реакции
43.993
И јас сретнав за Лаказет, но искрено не ми се допаѓаат шпекулациите. Лаказет и Гризман/Бјел - да, Перишиќ и Гризман/Бејл - да, но Лаказет и Перишиќ ти е никаков напредок во однос на лани. Сме имале милион примери кај Арсенал со напаѓачите кои газат во Франција, па се заникаде во Премиер Лигата. Лукаку подобро според мене, бар проверен е во Премиер Лигата иако и тој е ептен неконстантен, 2 месеци гази па следните месец дена никаде го нема. Но тоа може да се среди, сепак 23-4 години има само.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
И јас сретнав за Лаказет, но искрено не ми се допаѓаат шпекулациите. Лаказет и Гризман/Бјел - да, Перишиќ и Гризман/Бејл - да, но Лаказет и Перишиќ ти е никаков напредок во однос на лани. Сме имале милион примери кај Арсенал со напаѓачите кои газат во Франција, па се заникаде во Премиер Лигата. Лукаку подобро според мене, бар проверен е во Премиер Лигата иако и тој е ептен неконстантен, 2 месеци гази па следните месец дена никаде го нема. Но тоа може да се среди, сепак 23-4 години има само.
Кај Лукаку ми се допаѓа што е тенк и нема шанси да изгуби дуел, поготово не во шеснаесетник. Сите велат дека Мурињо е запнат по него, дури смешно паѓа зш Мата и Лукаку тој ги кикна а сега Мата не го дава нигде за жива глава а за овој напињал :D[DOUBLEPOST=1496396876][/DOUBLEPOST]p.s. Само немој некој да ми ја постирал глупана табела дека головите на Лукаку донеле само 9 бода на Евертон годинава зш со краток гугл срч испаѓа дека исто бодови донеле и головите на Санчез на Арсенал.
 

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.778
Поени од реакции
43.993
Санчез е исто опција, ќе му го ослободи Херера 21цот на една сезона. :D
 
R

red.devil

Гостин
Забегани се од клубов жими се. Ќе фрлат преку 50м евра на просечен усташ... :facepalm: :facepalm: :facepalm:

Кога веќе бараат и центарфор а сакаат да им го наполнат буџетот на Интер тогаш нека го земаат Икарди и чао пријатно.
 
Член од
28 февруари 2017
Мислења
2.770
Поени од реакции
2.682
Кај Лукаку ми се допаѓа што е тенк и нема шанси да изгуби дуел, поготово не во шеснаесетник. Сите велат дека Мурињо е запнат по него, дури смешно паѓа зш Мата и Лукаку тој ги кикна а сега Мата не го дава нигде за жива глава а за овој напињал :D[DOUBLEPOST=1496396876][/DOUBLEPOST]p.s. Само немој некој да ми ја постирал глупана табела дека головите на Лукаку донеле само 9 бода на Евертон годинава зш со краток гугл срч испаѓа дека исто бодови донеле и головите на Санчез на Арсенал.
З'ш мор смешно ? :pos:
Човекот е искрен , у оној ростер на Челзи , Мата и Лукаку сигурно не биле ни први ни втори опции . Тогаш Мурџо можеше да си дозволи екипа која ќе игра тврд пресинг цели 90 минути , а во тој филм овие двајца никако не се гледаат . Плус Мата инсистирал на повеќе минутажа а Лукаку беше речен ама недокажан тогаш. Сега МУ ниту игра таков пресинг ниту има материјал за тоа , така да сега и двајцата се ОК .
Него што ќе бидеако Ибро остане ? Лукаку или Лаказет ќе чекаат ред за минути ?[DOUBLEPOST=1496398714][/DOUBLEPOST]
Lindelof,Perisic..
Ne se toa igraci koi mozat da ni ja donesat titulata.
Ај сега , лани и без нив сите мислевме дека ќе се прошетаме до титулата , сега одеднаш таков песимизам .
 
Член од
15 јули 2009
Мислења
3.530
Поени од реакции
3.569
@Che59
Гледајќи ги Сити како се засилуваат,шампионот Челзи,Покетино и пресилниот Тотенхем..тешко ние со вакви играчи да се бориме за титулата.
Мора светска класа фудбалери да се донесат ако сакаме титула.
 
Член од
28 март 2015
Мислења
5.428
Поени од реакции
11.338
@Che59
Гледајќи ги Сити како се засилуваат,шампионот Челзи,Покетино и пресилниот Тотенхем..тешко ние со вакви играчи да се бориме за титулата.
Мора светска класа фудбалери да се донесат ако сакаме титула.
А па овие што светска класа играчи донесоа, Силва кој уште е далеку од светска класа играч и некој Едерсон за голман (овој 99% сум сигурен дека флопнува), Челзи и Тотенхем засега уште се мирни.
Вие сакате одма прва недела од кога заврши сезоната да ви се донесат Гризман, Бејл, Џејмс, Санчез. Има време, само ќе треба паметно да изиграат во овој трансфер рок. Да не фрлат пари на испукани пушки и на играчи кој од небо се гледа дека нема да се снајдат во нашиот систем на игра (ако воошто имаме систем).
 
Член од
14 април 2012
Мислења
32.872
Поени од реакции
67.433
Добро утро ѓаволи, кого ке купуваме денес? :kuracc:

Му гледав highlights на Белоти од головите постигнати годинава, и од 24 гола што ги има дадено, 20 се со first touch, не се баш класични tap ins, очигледно се работи за страшен финишер, нешто што ни очајно фалеше сезонава на мечевите каде што креиравме шанси, ама немаше кој да даде гол.

Перишиќ е изгледа done deal, 45 милиони фунти ми се бајагички пари, но ајде, ке видиме како ке се снајде, и дали ке ги оправда парите. Некако, чудно ми е што трпаме играчи кои може да играат на лево крило(Марсијал, Рашфорд и сега Перишиќ), а се откажавме од играчот кој очајно ни треба да игра од десно крило, јер таму опциите се Мата и Лингард.

Права дилема ми е што ке прават за позицијата во напад. Дали ке играат со двајца напаѓачи, зашто не верувам Рашфорд да седи на клупа, ако го земат Лукаку, што тогаш со Ибра? Се збори за купување на 10-ка, каде ке игра Мики во тој случај? Ајде. Погба може да го вратат поназад.

Ваљда има план за формацијата која сакаат да ја играат, зашто некои со играчите кои не поврзуваат, стварно не знам каде би ги вклопиле.
 
Член од
25 јануари 2005
Мислења
5.274
Поени од реакции
4.158
Според мене ова што нема да се носи Гризман има и една предност. Мислам дека сега ќе донесеме два играчи наместо Гризман, 9ка и некој креативец кој ќе може да игра на 10ка и крила. Изгледа тоа ќе бидат Лукаку и Перишич, мое мислење беше дека ќе биде Хамес после пропаѓањето на трансферот на Гризман, ама некако има доста шпекулации за Перишич.
Епа тоа е одликата на големите и малите клубови. Големите лупа ако треба и пола милијарда и го зема најдоброто. Просечните клубови праат математики за истите пари да скрпат цел напад.
Нека не ви биде чудно што Реал ќе лупне 100м за Де Геа и око нема да му трепне.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
А па овие што светска класа играчи донесоа, Силва кој уште е далеку од светска класа играч и некој Едерсон за голман (овој 99% сум сигурен дека флопнува), Челзи и Тотенхем засега уште се мирни.
Вие сакате одма прва недела од кога заврши сезоната да ви се донесат Гризман, Бејл, Џејмс, Санчез. Има време, само ќе треба паметно да изиграат во овој трансфер рок. Да не фрлат пари на испукани пушки и на играчи кој од небо се гледа дека нема да се снајдат во нашиот систем на игра (ако воошто имаме систем).
Едерсон е голман што се дрибла како Валдес и што ќе додава цело време со Стоунс, тоа ќе биде комедии во раскош поготово во лигава, за ЛШ не знам ама ајде, купиле сите па и ние, срамота, касниме.

Освен квалитетно, треба да се зајачаме и квантитативно малце поготово во средината, Фелаини може и да си оди зш иде СП а за да влезе во репрезентацијата на Белгија ќе треба да е стандарден првотимец.
 
Член од
6 април 2009
Мислења
6.147
Поени од реакции
2.988
Епа тоа е одликата на големите и малите клубови. Големите лупа ако треба и пола милијарда и го зема најдоброто. Просечните клубови праат математики за истите пари да скрпат цел напад.
Нека не ви биде чудно што Реал ќе лупне 100м за Де Геа и око нема да му трепне.
Која одлика бе другар? Не го плативме Погба 100 и кусурот милиони?

Ете самиот Гризман изјави дека нема да си бега од Атлетико сега со трансфер банот. И 80м и 100м тоа нема да го сменат, не е тука тимот ништо крив. Јас не реков дека прават математики, можеби ќе го купеа и Гризман и 9ка можеби ќе пазареа. Само што сега реков со недоаѓањето на Гризман, многу поизгледни се шансите за купување и на шпиц и на плејмеркер/крило. Мене искрено повеќе втората опција ми се допаѓа, а Гризман ако толку сака да потпише за нас, ете го наредното лето.

По мое клубот треба што побрзо да расчисти за ситуацијата со Руни и Ибра. Најпаметно ќе биде двајцата да си одат, за да се донесе нов класа шпиц.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom