Добро утро ѓаволи, кого ке купуваме денес?
Му гледав highlights на Белоти од головите постигнати годинава, и од 24 гола што ги има дадено, 20 се со first touch, не се баш класични tap ins, очигледно се работи за страшен финишер, нешто што ни очајно фалеше сезонава на мечевите каде што креиравме шанси, ама немаше кој да даде гол.
Перишиќ е изгледа done deal, 45 милиони фунти ми се бајагички пари, но ајде, ке видиме како ке се снајде, и дали ке ги оправда парите. Некако, чудно ми е што трпаме играчи кои може да играат на лево крило(Марсијал, Рашфорд и сега Перишиќ), а се откажавме од играчот кој очајно ни треба да игра од десно крило, јер таму опциите се Мата и Лингард.
Права дилема ми е што ке прават за позицијата во напад. Дали ке играат со двајца напаѓачи, зашто не верувам Рашфорд да седи на клупа, ако го земат Лукаку, што тогаш со Ибра? Се збори за купување на 10-ка, каде ке игра Мики во тој случај? Ајде. Погба може да го вратат поназад.
Ваљда има план за формацијата која сакаат да ја играат, зашто некои со играчите кои не поврзуваат, стварно не знам каде би ги вклопиле.