Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Член од
6 ноември 2016
Мислења
1
Поени од реакции
0
Kitbag.com направи листа од 10. најпродавани дресови, и без многу изненадувања на првите две места се најдоа Лионел Меси и Кристиано Роналдо.
Сепак, во топ 10 најпродавани дресови, најмногу претставници има од Премиер лигата:
10. Филипе Кутињо - Ливерпул
9. Алексис Санчез - Арсенал
8. Серхио Агуеро - Манчестер Сити
7. Нејмар - Барселона
6. Вејн Руни - Манчестер Јунајтед
5. Еден Азар - Челзи
4. Бастијан Швајнштајгер - Манчестер Јунајтед
3. Мемфис Депај - Манчестер Јунајтед
2. Кристиано Роналдо - Реал Мадрид
1. Лионел Меси - Барселона.
Мемфис Depaj е надвор од датум.
 

Ryan Giggs

tearing you apart since 1991
Член од
27 мај 2009
Мислења
9.742
Поени од реакции
14.215
Епа денес кој очекува победа а кој пораз :D .... шутеви упатени во рамки на гол -1 :D
 

Hooligan

..The President...
Член од
9 февруари 2008
Мислења
2.346
Поени од реакции
684
Ни треба менаџер што знае да мотивира екстра познати звезди ; или
Ни требаат не познати солидни играчи кои се ГЛАДНИ да станат звезди.
 
Член од
16 јули 2007
Мислења
12.448
Поени од реакции
3.961
Победи ни требаат победи. Како големи експерти за фудбал кажувавте дека е супер после нерешените со Стоук и Барнли, но гледаме дека не е баш така. Ни требаат победи и кога играме слабо и кога немаме најдобра реализација.
 
Член од
2 јули 2010
Мислења
5.467
Поени од реакции
5.753
После испишувањето на 4 теми и вкупно 4000 страни од навивачите на Манчестер Јунајтед на форумов, време е да се отвори новата, петта тема за најдобриот и најголемиот тим во светот.

Манчестер Јунајтед е најуспешниот англиски тим кој моментално се натпреварува во Англиската Премиер Лига, ФА Купот и Лигата на Шампионите. Го држи рекордот со освоени 19 лигашки круни, најмногу од сите англиски клубови, како и рекордот со најмногу освоени ФА купови (11).

Историја
Клубот најпрвин е оформен како Њутон Хит, во 1878, работнички клуб на вработените во железницата во Њутон Хит. Нивните дресови биле зелени со златно. Наредната година, клубот влегува во првата лига и полека се оформува како посебен клуб. На почетокот од 1902 година, Њутон Хит почнува полека финансиски да тоне и кога се наоѓа на работ на банкрот, капитенот на клубот Хери Стефорд изјавува дека има контакти со неколку бизнисмени кои сакаат да инвестираат во клубот. Еден од инвеститорите во клубот е Ј.Х. Дејвис, сопственик на Манчестер Бреверис. На наредниот состанок на бордот на раководители, Дејвис дава идеја за промена на името на клубот, со цел да се даде целосен нов почеток. Едни од понудените имиња се Манчестер Централ и Манчестер Селтик, но Луис Рока, иселеник од Италија, доаѓа до идеја клубот да се вика Манчестер Јунајтед. Името е прифатено, клубот се раѓа одново како Манчестер Јунајтед на 26.4.1902 година, со сменети клупски бои – црвена, црна и бела.
Преродениот клуб започнува со поставување на константни играчи во својот тим и правење напори за доаѓање до првата шампионска титула во домашното првенство. Титулата беше најпрвин освоена во 1908 година. До таа титула се дојде откако Манчестер Сити беа дисквалификувани по обвинението дека ги плаќале играчите повеќе отколку што дозволувала ФА и дури 17 нивни играчи биле казнети никогаш да не заиграат за Сити. Од тие 11 играчи, Били Мередит и Сенди Трнбал се приклучија на Манчестер Јунајтед и помогнаа за 10 натпревари без пораз за Јунајтед на почетокот на сезоната и освојување на првенството.
Следната сезона започна со освојување на Комјунити Шилдот и заврши со освојување на ФА купот, а Трнбал и Мередит заслужија нивните имиња да бидат испишани со златни букви во историјата на Манчестер Јунајтед како најзаслужни за освојување на овие титули. Клубот мораше да почека две години до освојување на наредната титула во домашното првенство, но во меѓувреме, се пресели на сега добро познатиот Олд Трафорд. Потоа, Јунајтед почна полека да пропаѓа и следеше сушен период за овој клуб, неосвојуваќи ништо долго време. Следеа падови на клубот, Втората светска војна. Како светло на крајот од тунелот, за Јунајтед започна нова ера, ерата на Сер Мет Базби и познатите “Busby babes”, 1945-1969.
Олд Трафорд
Олд Трафорд е стадион на Манчестер Јунајтед, со капацитет од 75,957 места за седење, што го прави втор најголем стадион во Англија по Вембли, трет стадион во Обединетото Кралство и 11ти стадион по големина во Европа. Сепак, по неговата планирана реконструкција што би требало да се оддржи, Олд Трафорд би требало според проценките да собира и до 96,000 гледачи, при што би го надминал и Вембли. Заедно со Вембли, Олд Трафорд е единствениот стадион во Англија кој има рејтинг од 5 ѕвездички од УЕФА.
Овој стадион, познат и како “The Theatre of Dreams” е „дом“ на Манчестер Јунајтед од 1910 година, со исклучок на годините додека траела Втората светска војна и годините што биле потребни за стадиониот да се реновира по бомбардирањето кое го уништило. Стадионот неколкупати досега има подлегнувано на реконструкции (последната во 2006 година), главно со цел да се зголеми неговиот капацитет и да се стигне до капацитетот кој го имал пред војната (80.000 гледачи). Рекордната посетеност на стадионот е забележана во 1939, кога 76.932 гледачи го следеле натпреварот од полуфиналето на ФА купот на Волверхемптон против Гризби Таун. Највисока просечна посетеност по сезона е забележана во сезоната 2006/07, од 75,286 гледачи просечно по меч. Највисока посетеност севкупно е забележана во сезоната 2008/09, кога вкупно 2,197,429 фанови видоа барем дел од сезоната кога Јунајтед стана шампион трет пат по ред.
Стадионот константно е избор за полуфиналиња од ФА купот како неутрален стадион, како и натпревари на англиската репрезентација (додека Вемби беше во изградба). Олд Трафорд беше стадион на кој се одигра финалето на ЛШ во 2003 година.



Oфицијални обележја на клубот


Дресови

Додека клубот беше познат под името Њутон Хит, негови главни бои беа зелената и златно жолтата во периодот од 1878 до 1892, додека во раните години од 20от век, оваа комбинација била преместена како резервна. Други бои кои биле вметнати во комбинација за дрес на Њутон Хит биле црвена со бела, како и целосно бел дрес носен со сини шорцеви. Во 1902 година, кога името на клубот се смени во она денешното, Манчестер Јунајтед, еднаш и засекогаш се смени официјалниот дрес на овој тим – црвена маичка, бели шорцеви и црни чорапи, комбинација по која и до ден денес низ целиот свет е препознатлив тимот на „Црвените ѓаволи“. Најистакната измена на овој препознатлив дрес на Јунајтед, поточно исклучок, се забележува на финалето на ФА купот во 1909 година, кога дресовите што ги носеа фудбалерите беа бели маички со црвено V на предната страна.
Гостинските дресови се обично бели маички со црни шорцеви и црни чорапи, но се случувале и промени, како на пример, сина маичка со бели линии, цел црн дрес, како и дрес во светло сина боја со сиви обележја.
Третиот дрес на Манчестер Јунајтед секогаш е во комбинација во која мора да ја има сината боја во чест на првата титула во ЛШ на Јунајтед во 1968, затоа што во финалниот натпревар, син дрес бил носен од страна на играчите. Во сезоната 2008/09, третата комбинација на Јунајтед беше токму овој дрес, сини шорцеви и маичка, како и чорапи.
Овосезонскиот дрес:
(домашен)
(гостински)
Логоа
Логото на клубот е менувано неколкупати, но основата воглавно е останата иста. Се состои од грбот на градот Манчестер (лого користено до крајот на 60те), додека ѓаволчето со вила во раката е вметнато по добивањето на прекарот „Црвените ѓаволи“, по иницијатива на Сер Мет Базби и конечно е вметнато во 1970тите години. Последната измена на логото на Јунајтед била во 1998, кога од логото се отстранети зборовите “Football Club”.
Манчестер Јунајтед 10/11
Дај ново дете,не ни иде со оваа тема....:/ :П

Sent from my SM-G903F using Tapatalk
 
Член од
13 мај 2016
Мислења
367
Поени од реакции
548
Менаџерот е тој што треба да ги воочи карактеристиките и профилот на играчите што ги има тимот и соодветно на нив да ја постави формацијата што тактички најдобро ќе одговара на истите.

Џабе сите суперстар индивидуални перформери, кога како целина делуваат како раштиман оркестар кој свири во кој каков стигне ритам.

Да..колку и да се одредени играчи просеци, менаџерот е тој што треба со својата формација и тактички замисли да формира совршена хармонија и интерна кохезија меѓу играчите што ги има, т.е. да ги наштима како симфониски оркестар кој дише и пулсира во ист ритам.

И така со поставување на оптимален можен баланс да ги анулира или сведе на
минимум недостатоците на тимот.

Е сега дали Жозе сака (или може) да се адаптира на нови времиња, тип на играчи
состојби..итн..тоа е веќе друга работа.

Затоа и стариот беше тоа што беше...
Човекот знаеше дека не постои совршена формација и со секоја генерација
на играчи и состав на тимот играше тактика која одговара на истите.
 
R

red.devil

Гостин
Гол примаме, тоа е сигурно а другото ќе зависи дали ќе имаат ден како Стоук-Барнли, Сити-Челзи или Лестер-(нема друг :toe:). :D
 

Ryan Giggs

tearing you apart since 1991
Член од
27 мај 2009
Мислења
9.742
Поени од реакции
14.215
1 ако примиме на коњ сме, ама како што го гледам составов има да ги примиме едно 3-4 како од шала :) ( првиот паѓа 45 секунда 100% )

ова ти се вика SELF DESTRUCTION (тачка)
 

DimceY

Jimmy
Член од
20 ноември 2007
Мислења
4.792
Поени од реакции
3.227
шоо факин состав е овој?? :pos:



Sent from my SM-G900F using Tapatalk
 
S

silmarillion

Гостин
Да не кобам (серам) али мислам дека полош состав од овој тешко : ))
 
Член од
6 април 2009
Мислења
6.034
Поени од реакции
2.784
Пропаст, ваква формација ни 10годишно дете на ФМ нема да извади. И Мурињо се изгуби тотално.
 
На врв Bottom