Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

A

apidrone

Гостин
Сити киксна еве ни ја шансата да се приближиме на 6 бода. Незнам ни сам дали е иронија ова.
Ајде што играме слабо, ама и не е само Сити. Арсенал и Ливерпул играат утре. Трипати потешко е да бркаш 3 екипи отколку една. Очајно е потребна победа утре, па макар и со 0-1 ко со Хал.
 
Член од
10 декември 2010
Мислења
6.259
Поени од реакции
7.263
Сити киксна еве ни ја шансата да се приближиме на 6 бода. Незнам ни сам дали е иронија ова.

Да се користеа киксовите на сити кај не ќе бевме ... од дербито навака е тој муабет, сити кикснаа еве шанса да се доближиме...
 
S

silmarillion

Гостин
Ја само ќе кажам дека ми е криво што не сме у топ форма да се такмичиме со 4ве најјаки. Сезона ипол ќе биде ова.
 
Член од
14 април 2012
Мислења
31.504
Поени од реакции
62.319
Нема конкуренција за места во тимов. Смолинг и Бејли секогаш ке играат, прва, Валенсија исто, Ибрахимовиќ исто, Погба е стандарден. Мислам дека Мурињо ке се ослободи од еден куп играчи во наредниве преодни рокови. Пиши тука Џонс, Рохо, Дармиан, Шнајдерлин, Швајнштајгер, Керик, Депај. Нека донесе 6 играчи кои ке сакаат место во прв тим, и ке се види разлика во перформансите, кога знае дека ке седи на клупа ако не даде 100% на утакмица. Вака, 90% од тимов има загарантирано место во составот, и си го ладат.

Мурињо го изеде заради селективно бранење на одредени играчи во Челси, Иановиќ и Тери, и сега истото го прави со Ибрахимовиќ, задоволен бил, а братов залагање 0 на терен.
 
Член од
13 јануари 2013
Мислења
1.537
Поени од реакции
1.172
Како може Дрвоно (Фелаини) да игра во прва постава и да си ја спаси кариерата е следново:
1. Да го гледа Матич и само него извесно време пред ТВ како се игра фудбал
2.Да го праша како игра така добро и ако зема апчиња и тој да ги зема тие (задолжително)
3. Да почне како него да игра
 
Член од
25 јануари 2005
Мислења
5.274
Поени од реакции
4.156
Полека но сигурно веќе се одделува првата четворка. Освен тоа иако не е репер, ама првите 4 имаат дадено по 25 гола, а ние дупло помалце од нив.
Изледа уште една сезона ќе си сме без ЛШ и така.
 
A

apidrone

Гостин
Репер е, како не е. Гол разликата ни е +1, првите 4 имаат двоцифрена гол разлика.
 
Член од
14 април 2012
Мислења
31.504
Поени од реакции
62.319
Кога не им дадовме по 3 комада на Стоук и на Барнли, ке каскаме...
 
Член од
14 април 2012
Мислења
31.504
Поени од реакции
62.319
Ми искочи у suggestions... Ги става работиве у перспектива.

 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Погба како што забележавте веќе, Рашфорд и Ибра и онака треба да добијат одмор. Шо не е дебел туку Шо има таква градба, како Руни, типичен man child, и сличен пад ќе го чека во кариерата кога ќе наближи, т.е. навлезе кон 30 години. Не заборавајте и дека се врати од страшна повреда, мене најголем страв ми беше брзината да не ја изгуби, гледаме дека е нечепната, другово со тренинг и искуство се средува.
 
Член од
21 ноември 2007
Мислења
10.651
Поени од реакции
9.230
Немам доволно време во последниов период, а и сега ќе се обидам на пократки црти да си кажам мој став.

Имаме добар шлајм во тимов, почнувајќи со Дармиан, Рохо, Џонс, Морган, Фели, Мемфис, Руни е аут од форма, а и Лингард не е Јунајтед материјал. Исто така поквалитетен просек е и Блинд. Шо не ми се допаѓа воопшто сезонава и се надевам дека е краткотрајна траума од ланската повреда.

Значи ЛАВ ќе си е десен бек, а и Менса треба почесто да добива шанса. Мора уште еден добар стопер, а и лев бек. Во среден ред ни фали уште еден поквалитетен средњак покрај Погба и Ерера, а и на десно крило сме во дефицит. Караско би бил супер опција ако јас се прашувам, ем дисциплииран играч а и супер квалитетен. Сумирано ни фалат уште најмалку добри 4 играчи за да имаме поголема компетитивност во тимов и во тој случај се надевам дека ќе тргниме во права насока.
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
7.500
Поени од реакции
6.128
@ziak92 супер играч е Караско но лево крило е тој по природа. Прикажува добри игри кога го играт и десно но далеку подобар е лево.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom