Каде се сега тие што тврдеа после утакмицата со Стоук, дека изиграле супер, дека тоа била најдобрата игра прикажана сезонава дотогаш, само немале среќа затоа 1-1 заврши оти голманот на Стоук им бил повампирен и не знам што уште друго...? И денеска да не немаја среќа?
Ѓубрето скриено под черџе пак си е ѓубре да не се лажиме. Чиста среќа и некни што ни досудија 2 брзи пенали, па се отвори резултатот инаку уште тогаш ќе го јадевме срамот.
Овој Јунајтед НЕМА ИГРА! Нема никаков концепт како треба да игра. Само си игра комбинаторики. Се знаеше порано бе. Гигс, Кин, Сколс и Бекам, тоа е средината. Друг може да игра само ако некој од овие има картони или е повреден, КРАЈ! Кој фактор е тој Лингард бе да ми игра прва постава бе?!?

Кој? Некој супер талент е, има дриблинг, брзина, интелигенција? Па Марсијал за него е Меси бе! Место Лингард да му е резерва него, обратно е

Некни даде гол на решена утакмица и сега треба прва постава да игра со Челзи еј?! Фелаини и Ерера во тандем? Па тоа ни второкласни тренери не би го изиграле. Блинд изгледа презимево не му е случајно. Стално одбраната на него се “потпира“. Шо кур Шо на клупа?

Шо кур Мата на клупа? Кој кур е Депај шо жареше и палеше во Холандија, овде се изгуби како капка вода во море?! Ме разочарува Мурињо полека но сигурно. Мислев со неговото доаѓање ќе добиеме на цврстина, тешко ќе примаме голови и сл.. 12 примени гола на 9 утакмици.. Најскапиот тим во светот, со засилувања кои не оправдуваат ни пола од платата што ја земаат и легенди кои џаболебарат на клупа е тема на потсмев а веќе поминува 1/4 од сезоната а нас друштво ни прават Ватфорд, Бурнемут и Кристал Палас. И што ни останува да се тешиме? Дајте други деца а? Да се донесе овај или онај во јануари? До кога така бе? До кога? И Де Геа се топи полека во сивилото. И над него гледам почнаа да влијае вирусот.
И што ни останува сега? Еден убав Х сега со Барнли следна па да си потониме уште подлабоко во калта. Има уште за тонење, длабок е бунарот. Јас не знам газдиве шо луѓе ќе беа со толкаво трпение бе. Абе репни ги сите на платата бе да видиш како ќе се промени и игра и однесување и залагање и на крај и резултати. Упм значи со овој клуб какви нервози ни ствара од како си замина Фергусон. Нема надеж верувајте. Успех ќе биде и ако се пласираме ЛШ следната сезона.