Наместо да ги кантаме ваквите екипи дома со по 3/4 - 0, овие даваат еден гол и после се однесуваат како на пријателска утакмица. Ако судеше пенал сега на крајов .. е тогаш ќе сакав да чујам што имаат да кажат.
Лош пристап кон денешниов натпревар, не е дека немавме среќа, доколку сакаа можеа да постигнат втор гол, ама се некако лежерно го правеа тоа, без некоја 100% шанса. Се беа некои млитави удари, едвај стигнуваа до Шварцер.
И само едно не ми е јасно. Клеверли на почетокот на сезоната ни беше носител на играта. Сеа откако се опорави и го имаме здрав може да добие шанса, ако не цела утакмица барем 25 - 30 минути. Гигс не можеше да се движи на крајот, можеше да влезе Клеверли.
Како и да е, 3 бода се 3 бода. Треба само умно да се одигра до крајот, не како денес .. да се однесуваа како на тренинг. Можеби ќе речете дека многу ги искритикував, ама тоа е реалноста.
GGMU!