Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Статус
Затворена за нови мислења.

The Mummy

The world is not enough
Член од
3 мај 2006
Мислења
5.415
Поени од реакции
181
Добро прво полувреме, но очајно лошо второ. Некако премногу лесно ја препуштија средината на Баерн, а и головите беа тотално аматерски примени. Ќе сфатев Рафаел да направеше таков неискусен потег, ама Гери? Евра најдобриот играч во одбраната цела сезона, сега баш најде ваква кардинална грешка.

Не знам што му текна на Фергусон да ризикува со замените да оди на втор гол, тоа не е во негов стил.

Како и да е сеуште сум оптимист и типувам на 3 - 1 на реваншот, но многу е важно Руни да се врати до тогаш. Веројатно е шинат зглоб и можеби ќе биде тешко да игра цел натпревар само з една недела, но не верувам дека би отсуствувал 6 - 8 недели.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.498
Многу доктори имало на форумов, просто да се зачуди човек :tapp:
И мене ова ми е најсмешно :D Почекајте официјално нека кажат. Башка овие радосниве што се повредил Руни - :tapp:

Еве не, без Руни, мораме да докажеме дека не сме one man team, плус играме дома. Не дека очекувам многу од Бербатов, ама очекувам од средниот ред многу на наредниве два натпревари. Не ме плаши резултатов, на Олд Трафорд ќе биде поинаку верувам, само да се врати Руни што побрзо, ај ПЛ и ЛШ ама греота во ваква сезона да испушти СП кога има шанси да блесне.
 

Гробар Мкд

Не дамо Титулу !!!
Член од
19 ноември 2008
Мислења
5.335
Поени од реакции
1.442
Да ми понудеа ваков резултат пред натпреварот, јас без размислување би прифатил :wink:, но како што стоеја работите на теренот, раното водство, 100 процентните шанси на Нани, Руни и Видиќ, можеше и мораше да извлечеме барем реми... пак ќе кажам, резултатот е активен и без обзир на поразот, ние имаме поголеми шанси од Баерн за влез во 1/2 финалето... Е сега малку ми е страв од помислата, нашите играчи да не потпаднат под психолошки притисок, после примениот гол во последната минута по катастрофалната грешка на цела наша одбрана. Оваа победа на Баерн ме потсетува на нашата победа над Милан од 3-2 со гол на Руни во последната минута, и тогаш Милан водеше 0-1 и 1-2, па во реваншот го попивме на Сан Сиро :pipi:... Дај Боже да сум во право па Баварците во реваншот да ги снајде истото што го снајде и Милан пред некое време :)

ВДС денеска, по одличниот натпревар, треба да му доделат медаља за благодарност. Човекот има 40 години и денеска срцето го остави, секоја чест... Се осети заморот кај некој играчи, посебно кај капитенот наш. Рибери го шеташе како сака по бочната позиција, па и за голема несреќа, направи аматерскиот потег и ја удри топката со рака и после тој потег Рибери го изедначи резултатот :jaj:... За на крај грешка да направат најпрво Евра, па по него и Рио и Немања... Комплетно целата одбрана не беше денес на висина на задачата, Баерн имаше 10-11 шутеви во рамките на голот, незнам што ќе беше да не беше ВДС... Средината исто, освен Флечер што изигра одлично, другите премногу слабо.

Како и според неколкумина тука, и јас мислам дека при резултат 0-1, не требаше во игра да влезе Бугаринот, ама ајде Ферги најдобро знае што прави... Во второто полувреме играта ни беше тиња, наместо да им ја скриеме топката и да чекаме да се отворат па да им дадеме уште некој гол, ние се повлековме и играта им ја препуштивме на нив, а тие одлично си ја искористија укажаната прилика и не казнија... :toe:

Повредата на Руни мене лично не ме загрижува многу иако посакувам што побрзо да заздрави, нормално... Прво, не сме тим кој зависи од еден играч (најтазе момент, натпреварот против Болтон)... Второ, според клипот погоре, се работи за превиткување на глуждот, што на секој спортист му се има случено најмалку по десет пати во кариерата :wink:
 

INVINCIBLE

MUFC
Член од
9 декември 2007
Мислења
3.462
Поени од реакции
434
Да му го однесеме Иван исцелител :pos:
 
Член од
2 март 2007
Мислења
4.576
Поени од реакции
3.773
Незнам каде читате вие дека е толку сериозно по незнам колку недели али еве засега што е официјално :

“He has got a kick to the ankle, we will just have to wait and see tomorrow,” Ferguson told Sky Sports.
“Hopefully it’s not too serious. He may be doubtful for Saturday but we don’t know, it’s too early to say.”
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
Pekmeks (да му е*ам уста погана) го погоди резултатов... за негово добро :p се надевам дека погоди и што ќе се случи на возвратниот натпревар.

п.с те убив!
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.498
А да и да ве потсетам дека се работи за Руни, не за Адријана Лима :)))))
 
Член од
22 август 2009
Мислења
2.387
Поени од реакции
1.036
decki se nadevam runi ke bide ok i deka ke moze da nastapi i so chelsea i so bayern. ednostavno bolje ke bide utakmicata so nego na teren isto kako sto ke bese bolje so robben i schweini
 

ЧЕНТО

Претседник
Член од
27 јануари 2007
Мислења
8.239
Поени од реакции
4.839
Одличен натпревар за двете екипи.Сепак на крајот трудот се исплатеше!

Се гледаме за 7 дена.....
 
Член од
8 октомври 2007
Мислења
4.680
Поени од реакции
8.511
Ве надиграа во второ полувреме, несфатливи измени направи Фергусон... ама имате активен резултат, така да ќе има добар натпревар на Олд Трафорд.
А за Руни... се надевам дека не е нешто многу сериозно, човекот игра во животна форма.

За повредата на Руни.... јас исто така имав неколку пати таква повреда... има еден човек во Штип, ми ја намести ногата и за два три дена можев да одам без проблеми... А во Англија... сигурно имаат добри ортопеди така да ако е само извиткување нема да има проблеми за Руни.
 

Плавиот

Изет Фазлиновиќ
Член од
26 март 2010
Мислења
64
Поени од реакции
2
Ама го папавте невидено..:tv::tv:
Олиќ ви го збибери кога најповеке боли..:helou:
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.498
Ама го папавте невидено..:tv::tv:
Олиќ ви го збибери кога најповеке боли..:helou:
Како боли на гости да примиш гол а притоа да имаш еден даден, не си свесен :(
 

Плавиот

Изет Фазлиновиќ
Член од
26 март 2010
Мислења
64
Поени од реакции
2
Како боли на гости да примиш гол а притоа да имаш еден даден, не си свесен :(
Ее да..ама како е и да имаш доста позитивен резултат до 90 минута!!Али местенка може била бе,не се нервирајте :tv::tv:
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.498
Ее да..ама како е и да имаш доста позитивен резултат до 90 минута!!Али местенка може била бе,не се нервирајте :tv::tv:
Не се нервираме де, таман работа, има уште 90 минути, башка кој рече тука местенка дека било? Честитавме победа. :helou:
 

Плавиот

Изет Фазлиновиќ
Член од
26 март 2010
Мислења
64
Поени од реакции
2
Не се нервираме де, таман работа, има уште 90 минути, башка кој рече тука местенка дека било? Честитавме победа. :helou:
Се зезам ма..:)
Него малу да ве зрчкам тоа ми беше поентата..
Пошо секој навивач е изфрустриран по пораз..:wink:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom