Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Статус
Затворена за нови мислења.

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.717
Поени од реакции
43.745
Отворете го линкот што е постиран... Не станува збор за продавање на Тошич туку за позајмица до крајот на сезоната. Не мора одма да се палите дека ќе го напушти клубот.
Нема шанси Тошич да си оде, а Андерсон можно е да си замине ..:(
:tv:

Moe мислење е дека не треба ниту да им го позајмиме,бидејќи може да ни служи во текот на сезонава..:helou:
 
Член од
7 јануари 2009
Мислења
679
Поени од реакции
30
Никој не си иде & никој не иде. Просто , кажано повеќе пати.
Инаку, Керик нема шанси да си оди, англичанец е. Финтата со средината е да се направи место во тимот за Гибсон, затоа шо на таа позиција има ногу играчи(со Гигс моментално,пред тоа нели крило беше). Така да Гибсон ќе почне да игра салам по пензионирање на Сколс и Гигс, шо е лошо, не е толку млад за да чека толку. Пуштање настрана Гибсон не иде у предвид, така да се гледа да се ослободе место у тимот.
До сеа кој стигнал до расправија и лоши односи со Ферги, се заебал и бил продаден во наредниот преоден рок.
Мислам дека не е за така ситуацијата.
 
N

navivacka

Гостин
Нема да ме чуди доколку Ферги го даде Тошик на позајмица зашто како почна да ги дава нема да ме изненади... а за Андерсон и Ферги пак ке кажам...незнам што е проблемот со нив-може има мала повреда,може заради високата конкуренција во тимот да не настапил се е можно ама медиумите едвај чекат малку жар па да ја исфилуват приказната за односот на Ферги и на Анди..додека јас не прочитам како што вика Kanal89на официјална страница не верувам,но што ако е вистина?несакам ни да помислам-уште еден играч ке лета надвор а веке си отидоа двајца.Ке покаже времето.
 
Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
Де бе луѓе, дајте еден конкретен линк каде што се спомнуваат овие шпекулации еден линк кој барем навидум ќе изгледа реален и барем малку веродостоен, инаку... реков и погоре ако веќе навистина решил да се ослободи од еден од двојката Керик Андерсон, слободно нека го стори тоа, верувајте дека Гибсон и вака како што го гледам на натпреварите во кои добива шанса навистина вреди како и двајцата, корпулентен е, брз, сече топки и што е најважно има силен и прецизен шут... а овие двајца од погоре треба да се спојат за да се добие се ова што Гибсон го има... па така.
 
Член од
6 април 2009
Мислења
6.147
Поени од реакции
2.988
Јас мислам за Тошич ќе биде подобро да оди на позајмица во Олимпијакос.Таму ќе има повеќе првотимски статус,додека ако остане во Јунајтед тешко дека ќе добива повеќе шанса во прв тим.
Во врска со заминувањето на Керик и Андерсон,Керик нема шанси да си оди,пред 3-4 сезони го зедовме од Тотенхем и сега пак да им го враќаме за Модрич,па ако сака Фергусон да го купи Модрич може да го купи за некојси 20 милиони,сепак остана многу буџет од трансферите на Роналдо и Тевез.Во врска со Андерсон ако решил да си оди нека замине,ама не верувам дека ќе замине.
 
Член од
5 јули 2008
Мислења
36
Поени од реакции
1

Друже ако не ти е познато Тевез замина како слободен играч му истече две годишната позајмица.:helou: Од неговиот трансфер не зедовме ни денар.
 
Член од
5 јули 2008
Мислења
36
Поени од реакции
1
Андерсон: Не сакам да си заминам од Јунајтед Андерсон демантира дека сака да си замине од Манчестер Јунајтед, но признава дека е фрустриран што ретко е дел од првиот тим. Андерсон има само еден старт во новата сезона, на натпреварот против Барнли и тоа на левата крилна позиција. Англиските медиуми синоќа објавија дека Андерсон разочаран од својот статус имал расправија со Сер Алекс Фергусон по што се верува дека ќе замине од Манчестер Јунајтед.
Една од причините за нервозата на Андерсон е што не настапи во Комјунити Шилд натпреварот против Челзи на почетокот од сезоната.
"Верував дека ќе играм на Комјунити Шилд, но да го заборавиме тоа сега".
"Мислев дека без Кристијано Роналдо во тимот ќе играм повеќе и тоа беше мој предизвик во подготовките".
"Но тренерот одлучива кои ќе играат и смешно е да се дискутира со него за тоа бидејќи тој е шефот. Јас не сакам да го напуштам Јунајтед.
"Сер Алекс Фергусон бараше големо залагање од мене и јас го прифатив тоа. Бидејќи за да се влезе во првиот тим на Јунајтед е многу комплицирано и тешко за било кој фудбалер" - заврши Андерсон.
 
Член од
6 април 2009
Мислења
6.147
Поени од реакции
2.988
Член од
31 јануари 2007
Мислења
18.711
Поени од реакции
22.671
Абе какво заминување на Андерсон ќе го седне Ферги ќе го хипнотизира (како што рече Роналдо)и нема одење...Еве нешто што ме израдува..

Јунајтед го сака Робен
Манчестер Јунајтед ќе се обиде во последен момент да го донесе Ариен Робен од Реал Мадрид. Раководството на кралскиот клуб сака 26 милиони фунти за Холанѓанецот, но "црвените ѓаволи" се надеваат дека драстично ќе можат да му ја намалат цената овој викенд кога завршува преодниот рок.

Според Сан, челниците од Олд Трафорд ќе испратат понуда од 11 милиони фунти, но се шпекулира дека сума од околу 15 милиони фунти би се покажала доволна за ангажирање на фудбалерот. Се очекува Робен да ја пополни дупката која се појави по заминувањето на Кристијано Роналдо во Реал Mадрид. Робен одигра блескаво во пред сезоната за Мадриѓани, постигнувајќи три гола и две асистенции за 206 минути игра.

Робен беше блиску до трансфер во Манчестер Јунајтед во 2004 година, кога настапуваше за ПСВ Ајндховен, но тогаш премина во Челзи за 12 милиони фунти. Потоа "сините" заработија двојно од неговата продажба во Реал.
 
CopyOfDeath

Die Die My Darling!!!
Член од
30 ноември 2005
Мислења
4.186
Поени од реакции
48

Абе не пастувајте само безвезе вакви работи
ФЕРГУСОН НИКАД НЕ МЕЊА МИСЛЕЊЕ
еднаш рече
МАНЧЕСТЕР НЕ КУПУВА ПОВЕКЕ А НЕМА НИ ДА ПРОДАВА ЗА ОВАА ГОДИНА!!!
 
Член од
12 јуни 2008
Мислења
5.227
Поени од реакции
973
Фергусон кажа дека нема да го собира ѓубрето на Реал Мадрид.
 
Член од
16 јули 2007
Мислења
12.498
Поени од реакции
4.071
Го имаше одамна, ако го најдам ќе го пишам овде.
И што збореше Ферги во тоа интервју?Нема да го собирам ѓубрето на Реал?Робен е страшен играч , незнам што ви е.Повредите го зафркаваат , но и со тоа полека се справува.За 15 милинои , ќе биде екстра засилување.:helou:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom