Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Статус
Затворена за нови мислења.
F

FilipMacedon

Гостин
Ајде момци утре да уште еден пехар,имате подршка од мене.Поздрав
 
Член од
21 август 2008
Мислења
5.204
Поени од реакции
953
drugari so sreka na utresniot natrprevar so barsa kako i na vas taka i na niv neka pobedi podobriot :salut:
 
Член од
6 април 2009
Мислења
116
Поени од реакции
119
Jas mislam deka se znae koj e podobriot:smir:
Abe aj pisete go sostavot kaj znae so koi ke igra Fergi
 

GavolRulz

hippopotomonstrosesquipedaliophobia
Член од
23 март 2008
Мислења
12.716
Поени од реакции
11.555
Jas mislam deka se znae koj e podobriot:smir:
Abe aj pisete go sostavot kaj znae so koi ke igra Fergi
Ќе излезе 30 минути пред почетокот на натпреварот.
Поофицијален од тој нема да најдеш :)
 
Член од
17 февруари 2009
Мислења
728
Поени од реакции
60
- Ова ќе биде 54то финале откако е формирано најголемото европско натпреварувањ во сезоната 1955-56. - Барселона по петти пат ќе учествува во големото финале, Манчестер Јунајтед ќе игра по четврти пат.
- Ова ќе биде последното финале кое се игра во среда, од следната сезона предвидено е финалниот натпревар да се игра во сабота.
- Манчестер Јунајте до сега ги има освоиено сите три финалиња на кои има настапено, во 1968, 1999 и 2008.
- Барселона два пати го има подигнато големиот трофеј, во 1992 и 2006, Каталонците учествуваа во финалето и во 1961 и 1994 година.
- Барса рекордни четири пати го има освоено Купот на победниците на Куповите, и рекордни три пати УЕФА Купот.
- Манчестер Јунајтед еднаш се закитил со титула во Купот на победниците на Куповите, ниту еднаш во Купот на УЕФА.
- Ова е петто финале по ред во кое Англија има претставник, откако најпрво Ливерпул триумфираше во 2005, Арсенал играше во 2006, во 2007 Ливерпул, минатата сезона во финалето играа Манчестер Јунајтед и Челзи.
- Манчестер Јунајтед има можност да биде првиот клуб кој ја одбранил титулата во Лигата на Шампионите откако го добива новиот формат почнувајќи од сезоната 1992-93.
- Јунајтед не знае за пораз во Лигата на Шампионите на последните 25 натпревари, што е рекорд во натпреварувањето. Последниот пораз им беше од Милан во полуфинале 2007.
- Рим по четврти пат ќе биде домаќин на големото финале, претходно беше домаќин на финалињата во 1977, 1984 и 1996.
- До сега два пати англиски тим победувал на финалниот натпревар во Рим, и во двата наврати тоа бил тимот на Ливерпул, во 1977 и 1984.
- Стадион на кои се одржале најмногу финалиља е Вембли, 1963, 1968, 1971, 1978 и 1992. Париз исто така има пет финалиња но на различни стадиони. Вембли ќе биде домаќин и на финалето во 2011.
- Минатата година менаџерот на Манчестер Јунајтед, Сер Алекс Фергусон стана 16от менаџер кој ја освоил Лигата на Шампионите повеќе од еден пат.
- Доколку Јунајтед победи вечерва, Ферги ќе се израмни со Боб Пеисли ( 1977, 1978, 1981) кој со Ливерпул три пати дојде до титула во големото натпреварување и е единствениот менаџер кој успеал да го направи тоа.
- Фергусон кој сега има 67 години, минатата сезона стана вториот најстар тренер кој ја освоил Лигата на Шампионите, рекордот го држи Белгиецот, Рајмонд Готалс кој со 71 година со Марсеј победи во 1993.
- Доколку Барселона победи, Пеп Гвардиола со 38 години и 129 дена ќе биде најмладиот менаџер кој во последните 49 години го освоил големиот пехар и ќе биде трет најмлад на кој му успеало тоа.
- Најмлад тренер кој освоил Лига на Шампиони е Жозе Виљалонга, кој со 36 години и 185 дена го предводеше Реал Мадрид до првата титула во 1956, втор најмлад е исто така тренер на Реал Мадрид, Мигуен Муњоз со 38 години и 121 ден.
- Пеп Гвардиола може да биде само шестиот човек кој освоил Лига на Шампиони како фудбалер и како тренер, може да биде и само третиот кој со истиот клуб го направил тоа по Муњоз (Реал Мадрид како фудбалер во 1956 и 1957, и како тренер во 1960 и 1966) и Карло Анчелоти ( Mилан како фудбалер 1989 и 1990 и како тренер во 2003). Гвардиола беше во тимот на Барса кој победи во 1992.
- Гвардиола помина една полусезона како фудбалер на Рома во 2002-03, во Лигата на Шампионите за Римската Волчица одигра само 44 минути на натпреварот против Реал Мадрид кои италијаните го загубија со 3-0.
- Како фудбалер на Арсенал, Тиери Анри својот прв хет-трик во Лигата на Шампионите го постигна токму на Олимпико во ноември 2002 против Рома.
- Голманот на Јунајтед, Едвин ван дер Сар беше прогласен за играч на натпреварот на минатото финале, и заедно со Овен Харгривс се најдоа меѓу 12 играчи кои ја освоиле Лигата на Шампионите со два различни клуба.
- Ван дер Сар претходно тоа го направи со Ајакс во 1995, додека Харгивс со Баерн Минхен во 2001.
- Бербатов беше во финалето во 2002 како дел од тимот на Леверкузен кој загуби од Реал Мадрид. Патрис Евра покрај финалето минатата година, настапи и во 2004 кога со Монако загубија од Порто.
- Сегашните фудбалери на Барселона, Тиери Анри и Александер Хлеб беа во тимот на Арсенал кој загуби во финалето 2006 токму од Каталонците.
 

OrrCee

Сто посто проценти :)
Член од
8 јуни 2008
Мислења
1.524
Поени од реакции
23
ajde neka vi e so sreka i na vas ve4er
 

GavolRulz

hippopotomonstrosesquipedaliophobia
Член од
23 март 2008
Мислења
12.716
Поени од реакции
11.555

NanI

\Man_Utd/
Член од
14 јуни 2008
Мислења
540
Поени од реакции
2
И фановите на Реал ке се за Барса,:pos2:. Ако изгуби Манчестер а нема да изгуби (што е нај нормално), се крстат Роналдо да оди во реал, а и веќе му наоѓаат позиција каде ке игра.
Роналдо: Манчестер Јунајтед е мојот дом.
Со среќа вечерва одиме само на победа. :helou:
 
Член од
7 јануари 2009
Мислења
679
Поени од реакции
30
И мене ми е глупо. Некој направил слика како си лежи и ужива човекот, и одма се прават breaking news. Јас не паметам да сум бил на фудбал , а не сум се ударил воопшто. Тоа не ни го чувствуват овие зверови со 3 тренинзи пер деј.

се посигурно е дека Тевез и Бербатов се на клупата. :toe:
 

NanI

\Man_Utd/
Член од
14 јуни 2008
Мислења
540
Поени од реакции
2
Руни Централен Напаѓач Роналдо и Парк офанзивни крила, 4-5-1 со трансформација 4-3-3
 
N

navivacka

Гостин
Ајде веке еднаш нека почни тој натпревар:vozbud:со нетрпение го чекам.Сигурна сум во победа повеке од кога и да било,мотивирани се,тројна круна заедно со одбраната на пехарот кој никој не успеал да го одбрани а се надевам дека ке сме првата екипа...Неутралните навивачи оставете ги што да им се прави,баш ми е жал што нема да ги гледат своите идоли на тв туку они е подобрите...а ако успееме да ја одбраниме титулата уште повеке ке ми е жал за нив...

Еве некои новости
Дејвид Мојс најдобар тренер
http://www.24fudbal.com.mk/Default.aspx?news=a8b09af1-5526-4ac8-9501-73cbb557be2b&ln=3&typeBack=default
Сите патишта кон Рим
http://www.24fudbal.com.mk/Default.aspx?news=b6c730da-03eb-45c1-b467-fea947dc9a23&ln=3&typeBack=Последни Вести
Роналдо:Англиската лига е најсилната лига
http://www.24fudbal.com.mk/Default.aspx?news=b3f0dfed-7022-4c94-a383-40d1ab68b8fe&ln=3&typeBack=Последни Вести
 

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.754
Поени од реакции
43.937
Ајде,дојде денот:vozbud:

Со среќа вечер,се надевам на победа..Ако ги притиснеме,скоро сум сигурен дека даваме гол,само ако дојдеме во водство не би сакал да се повлечиме,оти така може,исто како Челзи,да ни го шибнат пред крај..

Сепак и да загубиме,не треба премногу да се разочаруваме..Ако гледаме од лошата страна,т.е. дека не успеавме да ја одбраниме круната тоа би било гооолемо разочарување,бидејќи тешко да ни се пружи таква шанса во блиска иднина,но ако погледнеме од другата страна,т.е. дека од 1-ви во Европа,паднавме 2-ри,не е така лошо..Само у случај на пораз(не дај боже),играчите не би требало да ја загубат самодовербата,па и догодина да продолжиме со исто темпо:vozbud:

СО СРЕЌА!!!

GLORY GLORY MAN UNITED
 

NanI

\Man_Utd/
Член од
14 јуни 2008
Мислења
540
Поени од реакции
2
Фергусон го знае рецептот за успех 27.05.2009.
Менаџерот на екипата на Манчестер Јунајтед Сер Алекс Фергусон изјави, дека во оптимистичко расположение ја очекува големата пресметка со Барселона во Лигата на шампионите.


“Ние нема да одиме само на победа на овој дуел.Ако успееме да стигнеме до пехарот, тогаш ќе бидеме првиот состав што успеал две години по ред да стане првак на Европа.Ќе треба да ја контролираме играта и да не дозволиме противникот да ја има топката.Се е едноставно, ќе направиме шанси, ќе постигнеме голови и ќе победиме.Секако ќе бидеме и внимателни во одбраната но, тоа нема да ни биде главното оружје“-издвои шкотланѓанецот.

Досега во Лигата на европските фудбалски шампиони “црвените ѓаволи„ немаат претрпено пораз во големото финале.Фергусон има шанса да биде вториот тренер во историјата со освоени три пехари во ЛШ.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom