И повторно ќе кажам дека не е исто да играш и со голман, и без голман. Кога играш со голман, се знае дека не можеш да изгубиш, доколку останатите 10 играчи означуваат Манчестер Јунајтед! Честито победа! Интересен состав во кој немаше слаб поеднинец. Секоја чест за Кушчак, одамна не сум видел натпревар во кој нема да те демотивизира и поремети психички, глупата игра и аматерски киксови на голманот. Браво за Руни и неговиот хет-трик, но се сложувам и јас дека не е во најдобра форма. Добро знаеме што се тој може и умее, но мило ми е што денес зачекори кон враќањето на неговата добро препознатлива форма. Гигс е цар и вистинска легенда. Ете тоа е легенда која умее, сака и успева да ја менува постојано историјата на Манчестер Јунајтед. Нека му е честит стотиот гол. Мора да го пофалам Валенсија. Она што мене ми пречеше кај него, (неговата себичност), денес беше значително подобрена. Се надевам дека ни се допадна денес затоа што беше добар, а не затоа што немаше кој да му се спротивстави од Портсмут. Овие повозрасните играчи како да добиваат повеќе сила и енергија со текот на староста

. Прекрасна игра и удари на Сколс, штета што ниеден не завши во мрежата. Но не е се во постигнувањето на гол. Можат да те фалат и ако не постигнеш гол, а сепак си корисен за клубот и победата. Судијата незнам само што памет и(не)маше. Пеналот врз Гигс, беше пенал, врз Руни и така-и така сепак личеше на пенал, но пеналот за Портсмут никако не можам да го сватам. Иако стручњакот Игорче кажа дека Видиќ го направи пеналот, јас мислам дека повеќе Видиќ го влечеа отколку што тој влечеше. Се надевам дека судијата ќе си го добие од ФА. Останува да чекаме кикс утре на Челзи, па да се смали разликата. Уште една победа, нека ни е честито и нека се множат и редат во иднина.