Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
17 февруари 2009
Мислења
728
Поени од реакции
60
Е ОВА Е ЛЕГЕНДА! Човекот на кого од многу одамна му станало навика, и никако до ден денес да се одвикне од таа навика, да ги тресе противничките мрежи, дури 100 пати во премиер лигата. Честит роденден легендо, ти посакувам сите останати родендени да ги славиш како дел од Манчестер Јунајтед, да му служиш и понатаму како што му служеше досега со срце и душа, да му користиш и помагаш во нижењето и редењето на уште многу успеси, без разлика дали тоа ќе го правиш со дрес на теренот или со костум на клупата :). Твоето присуство нека биде вечно во Јунајтед, затоа што ако некој тоа го заслужува, тоа си ти Рајан Гигс! Честит 36 роденден и јубилеј со 100 голови.


 
S

StereoLove

Гостин
Срекен Роденден ЛЕГЕНДО...ти се восхитувам на стореното:cuc: :cuc: :cuc:штета што денес таквите како тебе се ретки а ние сме горди што те имаме.Го прослави роденденот со најубав 100 погодок.Да даде Господ уште такви голови да прославуваш и кариерата да ја завршиш...никогаш:icon_lol:

Едноставно уживам кога ги гледам твоите мајстории:pipi:само продолжи така а Јунајтед е со тебе:)зашто М.Ј е вечен а се друго е пролазно:)
 

Јунајтед

Indifferent
Член од
5 јануари 2009
Мислења
3.974
Поени од реакции
1.622
Нека му е среќен роденденот.Едноставно незаменлив е . :)
 

Гробар Мкд

Не дамо Титулу !!!
Член од
19 ноември 2008
Мислења
5.335
Поени од реакции
1.442
Среќен Роденден ЛЕГЕНДО... нека ти е честит јубилејот и да играш уште неколку години во Манчестер Јунајтед, а потоа да те видиме како менаџер или пак спортски директор во клубот :helou:
 
S

StereoLove

Гостин
Гигс ја кажува тајната за неговиот успех во кариерата:)

Гигс: Досадниот стил на живот е клучот за успехот


Легендарниот фудбалер на Манчестер Јунајтед Рајан Гигс денес (29-ти ноември) го слави својот 36-ти роденден.


Самиот вчерашниот ден си го направи најдобриот во својот живот, против Портсмут (4-1 за Јунајтед) постигнувајќи го 100-от јубилеен премиерлигашки погодок.

„Претходно, додека бев млад, знаев по тренингот да заминам во шопинг или да се дружам со пријателите во градот.“

„Сега ми требаат само два дена да се опоравам од натпреварите и знам дека треба да ја чувам својата енергија. Овие дена, ги подигнувам нозете на високо и гледам телевизија. Мојот живот е досада, досада и досада, но така мора да биде за да останам подготвен.“ - објасни лидерот по бројот на настапи во дресот на Манчестер Јунајтед на сите времиња.



Челзи победи со три гола разлика што значи пак е пет поени разлика:cry:
 

pain_killer

Invictus
Член од
27 јули 2007
Мислења
4.536
Поени од реакции
2.222
Среќен роденден гигс, посакувам за тебе ввремето да застане и уште толку години да играш за Манчестер......
 

Hooligan

..The President...
Член од
9 февруари 2008
Мислења
2.358
Поени од реакции
701
хехехехех...

на славенечкиов ден..уба вест ни дојде од англија....
поточно од ждрепката за ФА..

Така, да Јунајтед има можност во третото коло да се сретне со старите “пријатели“ Лидс јунајтед (доколку пеериве ги победат некојси Kettering Town)

Се надевам среќата ќе не послужи ,и ќе ги добијаме Лидс scums !!!!!!!!!!!!!!!
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
7.546
Поени од реакции
6.223
sreken rodenden giggsy...uste mnogu trofei da osvoish bilo kako igrac ili trener :) (sorry za latinicata)
 

The Mummy

The world is not enough
Член од
3 мај 2006
Мислења
5.415
Поени од реакции
181
Браво за Гигс за 100 - от гол и секако нека му е среќен роденденот. Одлично е да се постигнат 4 погодоци, иако само Руни беше како шпиц. Мислам дека Валенсија се покажува се подобро и подобро и ја оправдува инвестицијата.

Мора да се задржи формата со оглед на тоа дека Челзи игра многу цврсто оваа сезона, Анчелоти е многу опасен стратег и искрено очекував нивен кикс денес на Емирати, но што е тука е.
 
Член од
7 јануари 2009
Мислења
679
Поени од реакции
30
Hellz, мислам дека ти постираше еднаш волпејпер со натпис: "The boy who played like a men is now the man who plays like a boy"
Плис постирајте го пак.
 

Hellz Guardian

We do what we want
Член од
2 февруари 2008
Мислења
6.857
Поени од реакции
1.232
http://img403.imageshack.us/img403/3196/giggs19201080.jpg
Еве ја:)

Најава: Јунајтед v Тотенхем


Карлинг Куп, 1/4 Финале|Вторник, 1ви Декември 2009|Почеток: 21:00h
Стадион:
Old Trafford, Manchester

Реприза на финалето во ова натпреварување ќе гледаме уште еднаш, но овој пат во четвртина финалето.Освојувачите и второ пласираните во Карлинг купот уште еднаш ќе играат против себе, со надеж за Хари Реднап дека нема да се повтори минатогодишното финале каде што изгубија на пенали.

Имам некое многу лошо чувство за натпреваров и мислам дека тука завршува нашата авантура во купов.Спарси ќе излезат со доста силен состав којшто според мене ќе биде посилен од мотивацијата и силата на нашите деца.Стадионот најверојатно нема да биде полн бидејќи никој не обрнува толку внимание на овие натпревари од купов.Единствено што може да се надеваме е дека и Спарси ќе искочат со деца, т.е со послаби и помлади играчи.Ленон и Дефо ако играат би биле премногу за нашите деца.

Можни состави:
Kuszczak

Rafael - Brown - Vidic - De Laet

Obertan - Gibson - Anderson - Welbeck

Owen - Macheda

V

Keane - Defoe

Bentley - Palacios - Jenas - Lennon

Bale - Dawson - Bassong - Corluka

Gomes


Мој Тип:
Како што кажав, сметам дека овој состав на Тотенхем ќе биде пресилен за нашиве деца.
Јунајтед 1 - 2 Тотенхем

п.с Ќе не даваат на МТВ 1?

п.п.с Диуф тренирал со Руни,Гигс,Невил итн. за прв пат додека другите играле против Бешикташ минатата недела.Дал 2 гола на тренингот против U18's а резултатот завршил 2-2.


 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom