бидна тоа шо биднаа, си изгубивме поштено, финале чисто како солза.
сеа една мала анализа
коа може сите да анализираат и ја ќе си анализирам
погледите пред финалето беа свртени кон двајцата најдобри играчи Роналдо и Меси. која е разликата помеѓу овие играчи.....
првиот, односно нашиот најдобар играч, сакаше за 10 минути да докаже дека е најдобар на светот, додека "малиот" стрпливо си ја чекаше шансата да се покаже и докаже и си ја дочека. значи човекот од кој што очекуваавме најмногу тргна
сам да ја победи Барса, како да не постојат другите играчи... малиот пак стрпливо си чекаше играше со сите и за сите. знаше коа да тргне да солира, коа да додаде, коа да шутне. нашава ѕвезда играше од центарот до голманот на Барса, во одбрана никого не покриваше... гореше од желба да покаже дека е најдобар и реално гледано ич не успеа во тоа.. можеби ако влезеше некој од ударите во првите 10 минути сеа друг муабет ќе правевме... тој дечко мора да сфати една работа, фудбалот е колективна игра, коа победуваат, победуваат заедно, победува Манчестер, а не Роналдо, исто и коа губат, губи Манчестер. едвај чекаше да заврши натпреварот и одма да го нападне Фергусон дека ја згрешил тактиката. одличен потег, секоја чест момче напаѓај го човекот кој те направи тоа што си. со тоа што се сврте контра Ферги јасно си кажа дека летово заминува од Манчестер, иначе никој нормален играч што планира иднина во Манчестер не се свртел против Ферги. сите се сеќаваме како завршија Стам, Бекам, ван Нистелрој...
Меси му докажа дека е подобар од него, па може колку сака да се љути или шо и да е....
значи 1:0 за Барса
второ што посебно се забележуваше е дека
ни фали лидер, ни фали некој што може да изигра со срце, ни недостига некој што се бори за секоја топка, за секој аут, ни фали РОЈ КИН. после првиот гол се изгубија сите, буквално не знаеа кај тераат, немаше некој да ги врати во колосек, како што тоа го правеше Кин своевремено. ферги не успеа до ден денес да најде соодветна замена за него и тоа му е најголемата грешка. од овој состав на Манчестер капацитет за лидер има само Руни, но Ферги мора да му даде стандардна позиција не да го шета по цел терен...
средината на Манчестер беше изгубен случај, сите ја обвинуваат одбраната за примените голови (донекаде се во право) ама средината е таа што не можеше да ја задржи топката, а тоа и е работата. Керик, Андерсон и Гигс кои што беа катастрофа најголема од една страна против
феноменалните Чави и Иниеста....
ете ти и 2:0 за Барса
пак ќе повторам чиста победа како солза и затоа им честитам на навивачите од Барса, па се надеваме дека и в година ќе се сретнеме во финалето во Мадрид, на теренот на Реал. нас и онака секоја година ни тргна да играме финале, сеа уште Барса да дотурка некако до Мадрид, сепак не е далеку
p.s. Роналдо слободно нека си замине во Реал, ама в година ќе му е најкриво баш него коа на "неговиот" стадион ќе ја освоиме титулата