Dave
subcomandante
- Член од
- 15 февруари 2008
- Мислења
- 1.663
- Поени од реакции
- 2.949
Ова дека Барселона била „машинерија за голови„ ми е многу сомнително. Се глорифицира името на шампионот (што веројатно и треба да е така), ама истата таа машинерија не баш заслужено дојде во финалето - со најсомнителното судење во историјата на Лигата на шампионите против Челзи и килавиот гол во судиското продолжение.
Колку и да е Фергусон добар тренер, од неговите 24 години во Манчестер, следам сигурно повеќе од 17 сезони и можам да составам книга од лошо поставени тактики, ама тоа не никаков изговор за пропуштените шанси што како-така се создадоа или за грешките на одбраната. Лошата тактика и според мене е клучна за поразот на Манчестер, ама последниот што смее да ја коментира е Роналдо. Гледам дека дури денеска има и добри оценки за неговата вчерашна игра...не ми е јасно!?! Имам и таков впечаток дека не го заболе баш што изигра уште една тапа утакмица и што клубот не стана шампион. Би бил полн погодок да му го сместат на Реал летово и да позира во Шпанија, ќе извлечат добри пари од него и ќе завршат голема работа. Со формата што ја прикажува во последниот период, посебно во театарската уметност, права прилика е за кралскиот клуб. За Берба и Андерсон, исто така треба да се искористи летниот преоден рок и да си бараат работа во Хал и слични второразредни екипи. За другите играчи, не би коментирал, затоа што најверојатно ги повлече сивилото на тие што требаа да играат.
п.с Ако ова од Нигерија е вистина, немам што да кажам, луда работа...дури ме чуди и по скопскиве кафичи со каква нервоза се гледаше и се реагираше на крајот на утакмицата...
...на крајот на денот, овие за којшто се расправаме си влегуваат во некое бесно Ферари и си бркаат работа...