Значи кои глупаци
Гигс не ја заслужи наградата
Здружението на професионални фудбалери во Премиер лигата (ПФА) направило грешка кога титулата за најдобар играч на годината му ја додели на Рајан Гигс, оцениле Џон Барн и Тони Каскарино. Поранешниот репрезентативец на Англија и ѕвездата на Ливерпул, Џон Барнс го почитува Гигс, но смета дека наградата не заминала во вистински раце.
"Рајан Гигс е голем амбасадор на фудбалот, одличен играч и одличен човек, но оваа наградасе доделува за игрите сезонава, а по мене истата ја заслужи Стивен Жерард. Тој е најдобриот играч во Премиер лигата, го предводи Ливерпул од година во година, додека Гигс беше стартер за Манчестер Јунајтед само на 12 натпревари оваа сезона" - изјавил Барнс.
Некогашниот репрезентативец на Република Ирска, Тони Каскарино бил уште подиректен.
"Фактот дека Рајан Гигс е прогласен за играч на годината за мене е апсолутна бесмислица. Немам ништо против Рајан, но Стивен Жерард оваа сезона беше десет пати подобар од него." - изјавил Каскарино.