Значи кои глупаци


Гигс не ја заслужи наградата
http://www.netpress.com.mk/sport/vestiimages/6134/gigs.jpg Здружението на професионални фудбалери во Премиер лигата (ПФА) направило грешка кога титулата за најдобар играч на годината му ја додели на Рајан Гигс, оцениле Џон Барн и Тони Каскарино. Поранешниот репрезентативец на Англија и ѕвездата на Ливерпул, Џон Барнс го почитува Гигс, но смета дека наградата не заминала во вистински раце.
"Рајан Гигс е голем амбасадор на фудбалот, одличен играч и одличен човек, но оваа наградасе доделува за игрите сезонава, а по мене истата ја заслужи Стивен Жерард. Тој е најдобриот играч во Премиер лигата, го предводи Ливерпул од година во година, додека Гигс беше стартер за Манчестер Јунајтед само на 12 натпревари оваа сезона" - изјавил Барнс.
Некогашниот репрезентативец на Република Ирска, Тони Каскарино бил уште подиректен.
"Фактот дека Рајан Гигс е прогласен за играч на годината за мене е апсолутна бесмислица. Немам ништо против Рајан, но Стивен Жерард оваа сезона беше десет пати подобар од него." - изјавил Каскарино.