Фан Клуб: Ливерпул

Кој ќе ни биде нов капитен после продавањето на Хендерсон?


  • Вкупно гласачи
    100

Johnny B

Misogynist, racist, anti woke
Член од
15 февруари 2010
Мислења
11.739
Поени од реакции
12.049
Не мора да значи дека 6ка ќе носи. 10ката би му ја дал на некое ново крило како Рамирез да речиме. 11ка за Борини со што Макси би требало да си оди :coffee:
Инаку вистина испадна ова со Scouser88 кога е на одмор носиме играчи. Дајте да собериме пари да му го продолжиме одморот
 

the_kop

Модератор
Член од
14 јануари 2011
Мислења
10.432
Поени од реакции
13.558
Не мора да значи дека 6ка ќе носи. 10ката би му ја дал на некое ново крило како Рамирез да речиме. 11ка за Борини со што Макси би требало да си оди :coffee:
Инаку вистина испадна ова со Scouser88 кога е на одмор носиме играчи. Дајте да собериме пари да му го продолжиме одморот
Не беше со Скаузер88 (освен и тој ако не е на одмор), јас бев тој со одморите :D. Еве изгледа и годинава традицијата продолжува :D
Инаку сакав да кажам за Роџ малку. Човекот си има свој став завземено и не попушта, мислам оти во иднина кој и да е играч, макар и Суарез ако не го испочитува за нешто ќе го избрка од тимот, баш ова ни требаше, менаџер кој ќе биде респектиран, кој ќе има свое јас, кој ќе воведе дисциплина, ова се работи кои Кени за жал ги немаше. Конкретен пример со Гулфи беше. Тој изјави оти Ливерпул можеше да му даде плата и а повеќе (од Тотенхем) ама едноставно Бренди кажа оти тој толкава плата не заслужува и затоа не ја израмни со таа на Спарс....
Инаку за Демпси јас мислам оти би играл нешто како inside forward значи -------Лукас---------------
------------Џерард-------------Адам(Аква,Хендо)--------
-----------------------Демпси--------------
-------Борини-----------------------Суарез
со тоа што Борини и Суарез би биле крилни напаѓачи
 

Johnny B

Misogynist, racist, anti woke
Член од
15 февруари 2010
Мислења
11.739
Поени од реакции
12.049
Не беше со Скаузер88 (освен и тој ако не е на одмор), јас бев тој со одморите :D. Еве изгледа и годинава традицијата продолжува :D
Секоја година ова време одам на одмор, и секогаш дури сум на одмор Ливерпул купува играч....Роџер bitch мрдај малку овде во Ливерпул има правила и принципи до кои треба да се држиш :D
Ти си бил вистина. Те смешав со скаузерот. За џабе нотификација ќе му стигни. Замисли си седи на плажа оптегнат и расположен и наеднаш - ѕврц - нотификација на лаптопот му стига :D Rosemberg ве означи во пост ...... Кога ќе види - за џабе означено.
Неговата реакција


--- надополнето: 13 јули 2012 во 18:31 ---
А бе па и на Реина одмор му дале, па тој на одмор беше во Украина :D
И тој како Борини. Само што вториов еве не удостои што дојде и потпиша договор. Си го скрати одморот а господин Пепе ќе си го лади некаде, па ќе го видиш на утакмица наеднаш по хавајки, летно кошулче како она Ник Слотер што го носеше во Тропски горештини, влечки и шеширче, со коктелот в рака
--- надополнето: 13 јули 2012 во 19:19 ---
И официјално Макси го напушти Ливерпул. Нека му е со среќа понатаму во кариерата. Се враќа дома! Тоа е тоа...сега уште Кол да го избркаат и колку толку ќе го подмладиме тимот.
Моментално играчи со над 30 во клубот се Џерард,Карагер,Белами,Кол. Првите двајца тука ќе си седат до пензионирање додека Белами или сега или наредна сезона си оди. Е сега со Кол.... :coffee:
 
Член од
22 декември 2011
Мислења
154
Поени од реакции
26
Одличен напагач! прво заслувување после Суарез кој го сакам и јас.

ајде уште Демпси! и сум спремен за турнејата се друго шо ке зимаме АКО зимаме ке иде после турнејата!
 

Ливерпул

Red Scouser
Член од
18 февруари 2010
Мислења
967
Поени од реакции
833
Честитки. За 8M фунти, супер зделка... Да беше Comolli ќе се влечкавме уште цел месец и на крај ќе го платевме 20M фунти... Се надевам ќе бидат лудница во нападот заедно со Suarez.
 

kazioX

Примерен форумџија
Член од
28 април 2011
Мислења
3.854
Поени од реакции
10.677
Честитки. За 8M фунти, супер зделка... Да беше Comolli ќе се влечкавме уште цел месец и на крај ќе го платевме 20M фунти... Се надевам ќе бидат лудница во нападот заедно со Suarez.
13 милиони евра или околу 10 милиони фунти ама сепак не е многу.
 
S

Stivie G

Гостин
За сите оние кои не не следат на фб еве ви го првото интервју со Борини целосно преведено :pipi:

-Фабио, како е да се биде играч на Ливерпул?
*Чувството е одлично. Исто така е добро да се биде назад во Англија. Ова е огромен клуб кој освоил многу трофеии во минатото, но се надевам дека ќе осв
ојуваме и во иднината! Менаџерот и клубот веруваат во мене, што е многу убаво за мене и ме прави горд што сум тука!

-Како се чувствуваше кога слушна дека Ливерпул е заинтересиран за тебе?
*Се осетив одлично затоа што сакав да се вратам во Англија еден ден.Знаев дека порано или подоцна ќе се вратам, а тоа што имам шанса да играм во голем клуб како Ливерпул е само голема шанса за мене да се докажам што се можам да направам!

-Oва ќе биде 3 пат како работиш со Брендан Роџерс. Колку беше тој битен во твојата одлука да се преселиш овде?
*Неговата улога беше голема.Не би рекол дека беше клучно но во голем дел тој ми помогна да ја донесам оваа одлука. Дури и минатата сезона јас контактирав со него, му праќав пораки да го прашам дали е добро и му честитав за успесите на Сванси! Врската со него најпрвин е пријателска, а потоа е работна. Тоа е поважно од се!

-Како сака Брендан неговиот тим да игра фудбал?
*Навикнат сум да играм 4-3-3 со него и е одлично да се игра под негово водство, затоа што покрај тоа што прави добри резултати тој не тера и да играме убав фудбал. Во Сванси навивачите го обожаваа поради начинот на кој што тимот играше фудбал.

-Што можеме да очекуваме од играчите на Ливепрул следната сезона под водство на Брендан?
*Навивачите со сигурност ќе видат играчи кои ќе сакаат да победат и кои секогаш ќе работат за тимот - а не сами за себе. Ливерпул мора да покажува резултати и тоа е нешто што ние ќе пробаме да го направиме!

-Како кој тип на играч би се опишал себеси?
*Би се опишал како играч кој никогаш не се откажува и многу трча на теренот.

-Туку што се врати од составот на Италија за Европското првенство. Дали тоа искуство ти овозможи да напредуваш како играч?
*Секако, тоа беше големо искуство за мене. Имам само 21 година така да тоа беше одлично искуство - иако не играв. Тоа што стигнавме до финалето беше уште едно големо искуство кое не се доживува секој ден!

-Како напаѓач, дали едвај очекуваш да заиграш до Луис Суарез?
*Едвај чекам, затоа што тој веројатно е уште еден играч што наликува на мене, работи многу на теренот. Го гледав на неколку натпревари и можам да кажам дека цела Европа го сака. Секој играч би сакал да игра со него, така да тоа ќе биде големо задоволство за мене!

-Потпиша за Ливерпул и сега си член на еден од најтрофејните и најголемите клубови во Европа. Дали си свесен за тоа?
*Секако дека сум свесен. Се сеќавам на финалето против Милан во Истамбул. Одлично е што тимот има големо минато затоа што ќе пробаме да го обновиме во иднината!

-Дали си возбуден што ќе играш на Енфилд секоја втора недела?
*Ќе биде неверојатно да се игра секоја втора недела пред полн Енфилд.Знам дека фановите овде се многу добри со играчите и го разбираат фудбалот

-Што се надеваш дека ќе постигнеш во своето време во Ливерпул?
*Се надевам дека ќе успеам да постигнувам многу голови за клубот, да се вратиме во Лигата на Шампионите и да ги постигнеме сите останати цели на клубот!

-И на крај, дали имаш порака за навивачите на Ливерпул?
*Немам специјална порака, но можам да им гарантирам дека со Брендан Роџерс на чело ќе можат да гледаат одличен фудбал!
 

superstarpizza

Unsurpassed Сasual Dating - Verified Damsels
Член од
20 септември 2008
Мислења
6.025
Поени од реакции
1.363
Ај малце оф топик со трансфериве да ве прашам нешто.
Цело време ме интересирано зашто сите фанови ,добро ај не сите али 90% го сакаат Фаулер а ги мрзат буквално Овен и Торес??
Колку што сум читал ситуацијата им била иста.. Фаулер не бил во форма годината пред да замине постигнал многу малку голови и клубот решил за 11-тина милиони да го продаде во Лидс..Истото и Торес кој не беше во форма па реши да си оди и тоа за сума многу пристојна(50м) ..Исто и Овен кој по 2-3 лоши сезони на Ливерпул(како тим) реши да си замине ,ништо страшно.
Ме интересира по кој критериум Фаулер е сеуште Господ а Овен и Торес предавници??
И по кој критериум сеуште се сака Алонсо кој првата можна шанса за трансфер ја искористи и си замина во Реал??

Можеби помина повеке време, но ете шпекулацијава која и те како е сериозна веке цела недела ме испровоцира да те цитирам пак и да те прашам:

Како може Фаулер да се стави во иста реченица со кучкава?





Немам зборови да го опишам гомново на што спадна!
 

the_kop

Модератор
Член од
14 јануари 2011
Мислења
10.432
Поени од реакции
13.558
Rosemberg ако сакаш уште двајца играчи да купиме пред турнејава, плати ми уште 1 недела одмор и одма ги добиваш :D
инаку супер е овај Борини, барем така делува, игра на секоја позиција во нападот, добар техничар,финишер, игра подеднакво добро со двете нозе, за 10м е одлично засилување
 

Kajgana Shop

На врв Bottom