Кога си играл за Ливерпул и луѓето те сметале за легенда, не правиш три работи:
1. Не потпишуваш за Манчестер Јунајтед.
2. Не потпишуваш за Евертон.
3. Не потпишуваш за Челзи, барем не во директен трансфер од Ливерпул.
Роби Фаулер заминал од клубот поради несогласувањата со Улие, несогласување кое ги поделило фановите на Ливерпул. Нормално менаџерот го имал последниот збор. По неговото заминување, тој бил во публиката во 2005та во Истанбул и останал верен фан на Ливерпул. Каде бил Овен тогаш? Курето си го дрвел у Реал. После Реал и Њукасл што направи Овен? Ја направи првата горенаведена работа.
(Да не заборавиме и дека Фаулер подоцна се врати во Ливерпул)
Чаби Алонсо сите знаеме дека не замина пошто му здосадило у Ливерпул. Чаби си замина ради Бенитез, слично како со Фаулер, тоа е целата приказна. Не отиде во некој ривалски клуб на Ливерпул, отиде во Реал Мадрид кој се наоѓа во Шпанија, неговата родна земја. Што прави Чаби Алонсо денеска? Ги гледа сите натпревари на Ливерпул кога и да стигне и не поддржува на секој чекор. Секогаш има, ако ништо друго, барем твит од него во наша поддршка. Proof you say?
http://www.youtube.com/watch?v=AmlWzvhUBqk
Што направил Торес? Во последниот ден од трансфер прозорот се шитна за Челзи. Откако отиде таму, добивме некој знак на поддршка од него? Се чини не... единствениот пат кога зборел за Ливерпул беше на неговиот прес во Лондон, каде кажал дека му било жал што морал да се збогува со нас и дека си поминал убаво, но сега ова бил правиот чекор за неговата кариера. Од тогаш навака добивме од него некоја честитка за освоениот Карлинг Купот? Честитка за нов менаџер? Честитка за стигање до ФА куп финалето каде се соочивме со неговиот тим?
Тоа е тоа...