првите три утакмици ќе го одредат правецот на сезоната според мене. лани ако не се лажам имавме 1 бод од 9?
годинава ако имаме 9 од 9 и со решен суарез да остане, топ 4 и не е така недостижно со оглед на тоа како ја завршивме сезоната, да не речам цел пролетен дел.. оваа година се надевам и среќата конечно ќе биде на наша страна, во иста мера колку што бевме несреќни од типот промашување пенали и 50 стативи со кени, уште 50 со роџерс, без губење дома од леви екипи баш кога треба да се фати залет, поништени голови (евертон и сл)... да нема сузпензии, повреди, да се фати еден ред... и топ 4 е остварливо. и сериозно сваќање на сите купови, бидејки во случај на неуспех во лига добро би дошол некој пехар макар од трета класа. оваа година ќе има голема борба, многу поени ќе губат сите од топ 7 екипите, прво меѓусебно, после и со киксеви. квалитетот е добро избалансиран за разлика од други лиги, и ќе има права борба а тоа е шанса за сите, секако и за нас. роџерс ја има шансата, притисокот му е симнат...оставен е да работи, составува свој тим...ја остварува полека својата замисла, иако реални да бидеме рано е сеуште за неговата игра.
мислам дека играта треба да се врти околу кутињо..да му се даде целосна доверба и слобода, да дојдат голови од аспас, даунинг, џерард, кутињо... тие ќе бидат пресудни, не оние на суарез и стариџ кои горе доле ќе си ја исполнат квотата.
со среќа нека ни е сезнава, редно е! очекувам пеколен старт во смисол поени, макар биле и 3 х 1-0 од пенал.. посебно во трето коло ако се заокружи со 9ка против нашите "омилени"...