Фан Клуб: Ливерпул

Кој ќе ни биде нов капитен после продавањето на Хендерсон?


  • Вкупно гласачи
    100
Член од
22 јули 2010
Мислења
32.528
Поени од реакции
81.967
Нека му е среќен роденденот на капитенов, се надевам ке дочека да освои Премиер како играч :)

пс. Што се деси со Пеја бе? да не протестира нешо :) најредовен беше со постови, покрај Розава.
Тука сум брат цело време, само читам ама не коментирам зошто повеќе се нервирам за шпекулацииве и решив да бидам пасивен додека не се назначи менаџер. Како и да е, фала што ме спомна а воедно и нека ни е честито новиот менаџер. Прилично задоволен од изборот.
--- надополнето: 31 мај 2012 во 02:33 ---
Камениот мост :icon_lol:
:love:
 
S

Stivie G

Гостин
Сега на темава фали уште Pravnice. Одамна немам прочитано мислење од него;).
 

superstarpizza

Unsurpassed Сasual Dating - Verified Damsels
Член од
20 септември 2008
Мислења
6.025
Поени од реакции
1.363
Многу е поверојатно на крај да останеме без Ван Гал..... според шпекулацииите Роџерс не прифатил соработка со него, туку само со Борел и Сегура.

Според мене има и лоши и добри страни ова со Ван Гал доколку тој сепак дојде....

Лоши..
Знаејки дека тој долги години ја имал менаџерската улога, би можело да се случи да меша прсти во тој дел.
Според сите анализи за Роџерс што ги прочитав разбрав дека тој е човек од Принцип така да тешко дека тој би останал така мирен на такви уфрлања на ЛВГ (Луис Ван Гал).
Друга работа е тоа што веке видовме изминативе години неколку испади на ЛВГ , не сакам ни да помислам такво нешто во нашиот клуб.
Трета.... Знаејки ја репутацијата на ЛВГ, ја сум сигурен дека тој ке се покаже уште на почетокот со трансфер имињата, што според мене би моожело да се направи голем проблем доколку тие не бидат во согласност со Роџерс (знаејки ја тврдоглавоста на ЛВГ која ја докажа во Баерн)



Оние добрите...
Верувам дека сите ке се согласиме за ОГРОМНОТО искуство на ЛВГ кое и те како е потребно во овој период на Ливерпул.
Тактичките и Менаџерските способности колку можат да ОДмогнат толку може и да помогнат, секако доколку Роџерс е спремен да прима некои совети што според мене е, имајки го во предвид тоа што Менторот за ПРО лиценца на Роџерс му беше токму ЛВГ.
Името и репутацијата на ЛВГ самите по себе ке привлекуваат играчки потенцијал во Ливерпул, што според мене и те како ни е потребно во моментов, имајки го во предвид фактот дека и те како ни е низок рејтингот кај светските фудбалски ѕвезди.



............................

Е сега иако сеуште нема официјална потврда од нашиот клуб..... сепак ја би си дозволил лусузност и би честитал за Брендон Роџерс. Му посакувам еден тон успеси во овој клуб.



Во цела оваа сага во ниту еден момент не сакав да заземам страна за тоа кој јас би посакал на нашата клупа од овие имиња поради тоа што имињата се редеа како на Рулет.
Сега кога сето ова би рекол дека се заврши јас би можел да кажам дека сум задоволен...... задоволен и те како!
Човекот кој на свои 20 години се одлучил на оваа стратешката работа, човекот кој од свои 20 години го учи својот занает е навистина фасцинантен и редок случај.
Неговата филозофија е свртена во фокусот на pass and move системот на игра. Значи да нема забуни.... далеку е играта на Роџерс од играта на Барселона. Значи не би требало Роџерс да изгуби премногу време во тој дел затоа што ние во оваа цела сезона донекаде и го игравме тоа.



Формацијата која што според мене новиот шеф ке ја преферира е оваа....




Во ваква формација Роџерс во Свонси и од двете крила бараше да се напаѓа фронтално, односно да влегуваат во 16-ник.
Џерард би требало да ја има целосната слобода и би го играл истото што го играше во формацијата на Бенитез. (Сигурдсон во Свонси го играше токму истото)
Адам би бил оној длабок плејмејкер.
Лукас би си ја вршел истата работа како и со Кени..... Најмогу стартови, најмногу додавања! (Бритон ги имаше овие две работи во најголем процент во Свонси)
Е сега колку и да ви личи оваа формација на онаа која ја играше Бенитез.... разликата која ги двои овие двајца е во тоа што двајцата штопери (во овој случај Агер и Шкртел) во ерата на Бенитез немаа слобода за додавања, додека Роџерс го преферира токму спротивното. За него токму тие треба да бидат играчите од каде ке почнува се!
Значи очекувајте Агер да има дриблинзи во стилот на Лусио ..... :D


Во некои анализи кои што беа објавени Керол се спомнуваше како непотребен во формацијата на Роџерс, со оглед на тоа што тој преферирал подвижни играчи!
Според мене Дани Грахам во Свонси во споредба со Керол е исто како да го споредуваме Енрике со Џонсон во поглед на подвижноста. Значи нема некоја поголема разлика, но сепак Керол е и те како поснаодлив со топка а кога на ова ке се додаде дека Керол е супериорен во градење на топката и задржување на истата... би се согласиле со мене дека Керол е измислен за Грахам.




Да се надеваме дека Роџерс ке внесе нови радосни моменти во клубот. Да се надеваме дека и ние самите ке имаме трпение со овој човек, на кој во моментов и те како ке му треба.

А сега да се свртиме кон Трансферското Лудило!:vozbud:
 

Ливерпул

Red Scouser
Член од
18 февруари 2010
Мислења
967
Поени од реакции
833
^ Се согласувам со тебе, освен за Adam бидејќи од се што прочитав за B. Rodgers заклучив дека сака подвижни играчи а Adam е далеку од тоа, односно мислам дека Hendo ќе добие предност пред Adam или можеби некој нов играч. Истотака BR бара од неговиот голман да биде последен играч односно да не биде само голман туку да има поголема слобода, поради високата дефанзивна линија (се наоѓа повисоко на теренот), нешто што Reina го правеше во времето на R. Benitez.
 

Pravnice

The Don
Член од
15 ноември 2007
Мислења
2.462
Поени од реакции
1.433
Сега на темава фали уште Pravnice. Одамна немам прочитано мислење од него;).
ЈАс сум без мислење за Роџерс. Во моментов кој ило менаџер е подобар од ситуација без менаџер подолго време. Не барам многу од новиот менаџер....секој да игра на природна позиција, да купи асално крило за првпат во 20 години, да прави измени во 65 минута....
Е сега почнуваат политиките. Ако игра со еден напаѓач јас би го играл Суарез лево. А ако игра со тројца во средина тогаш дефинитивно ке треба таму засилување.
Мои посакувани и релани трансфери Афелај за 6 милиони, Адам Џонсон на позајмица, Лук Де Јонг...реални се мајке му...
Ајде да видиме што се дешава, вака првично не миделува инат ко стариов...
 

superstarpizza

Unsurpassed Сasual Dating - Verified Damsels
Член од
20 септември 2008
Мислења
6.025
Поени од реакции
1.363
ЈАс сум без мислење за Роџерс. Во моментов кој ило менаџер е подобар од ситуација без менаџер подолго време. Не барам многу од новиот менаџер....секој да игра на природна позиција, да купи асално крило за првпат во 20 години, да прави измени во 65 минута....
Е сега почнуваат политиките. Ако игра со еден напаѓач јас би го играл Суарез лево. А ако игра со тројца во средина тогаш дефинитивно ке треба таму засилување.
Мои посакувани и релани трансфери Афелај за 6 милиони, Адам Џонсон на позајмица, Лук Де Јонг...реални се мајке му...
Ајде да видиме што се дешава, вака првично не миделува инат ко стариов...


Е тука пак ја кикснавме......
Најголемата критика на навивачите на Свонси е токму таа...... касните и нелогични измени...... а да и таа што Синклер имал загарантирано место во првиот состав без разлика на формата!

ПС. Се надевам не ве разочарав!!!:sneaky:
 

the_kop

Модератор
Член од
14 јануари 2011
Мислења
10.432
Поени од реакции
13.558
Брави за Суперстаров наш морам да те пофалам одличен пост стварно, сакам и јас да го пишам мислењето мое околу играта на Роџерс.....
Голман- Реина- како што кажавте погоре голманот не е баш голман во фаза на напад излезен е многу високо за да пресече некоја топка доколку се отвори контра за противникот sweeper keeper најточно се вика таа позиција....плус голманот игра многу важна улога во почетокот на нападите кога ќе има гол-аут или нешто слично во играта на Роџерс голманот многу ретко дегажира т.е. игра краток пас по земја најчесто пасот оди кај бековите, и тие ја почнуваат акцијата...
Бекови-Енрике и Џонсон- имаат многу слобода во нападот, Роџерс игра со високо поставени бекови на противничката половина кои делуваат како крила....
Стопери- Агер и Шкртел- Практично во екипата на Роџерс не смее да има играч кој незнае да игра со топка, па така Агер и Шкртел мора да бидат вешти со топката да ја изнесуваат без паника, без бунарење туку со точен пас кон играчите од средината.....
Среден ред- Во тимот на Роџерс нема класичен ball-wining midfelder т.е. играч кој е задолжен само за валканите работи на теренот, туку игра со двајца deep luying playmaker од кои едниот игра одма пред одбрамбената 4ка и од кој ќе почнуваат сите напади (Лукас) другиот плејмејкер би бил Адам бидејќи има убиствен пас, и игра со уште еден играч во средината кој е со офанзивни задачи (Џерард)- играч кој би имал слобода во нападот.....
Напад-Даунинг, Суарез, Керол, Кајт- ќе се бира овде кој да биди прв тим плус уште едно крило или напагач во зависнот од тоа каде Суарез ќе игра....Фактички Роџерс игра 4-3-3 и крилата не се класични крила туку имаат за задача да влегуваат во шеснаесетникот, кога дриблаат да пресечат всредина не како обичните крила кои само центрираат,и централниот напагач (Керол?) треба да знае да се движи без топка лани одлично тоа го правеше Греем во Свонси (даде 12-13 гола ако не се лажам) е тука незнам колку Керол ќе се снајде мислам оти ни треба уште еден шпиц....

Се на се Роџерс игра со многу кратки пасови трпеливо се гради нападот, се умртвува играта има голем посет на топка што не му дозволува на протвникот да нападне, а тоа лани ни беше проблем со Кени оти кога се браневме не ја задржувавме топката туку панично ја расчистувавме....
Ова е моето мислење околу играта на Роџерс кој ако биди наш менаџер (а многу веројатно е ова) е одличен избор....
П.С. се надевав оти не бев досаден со постов, само сакав да си го кажам моето мислење и патем некој ако ретко го гледал Свонси лани и пред 2 години да увиди каква игра игра Роџерс.....
--- надополнето: 31 мај 2012 во 14:08 ---
http://www.youtube.com/watch?v=lS1sAcAAayA
Еве видео кое ја покажува најдобро играта на Свонси....точни пасови по земја, прецизни, без брзање се гради нападот а при тоа не му се дава можност на противникот да игра со топката....кога ќе размислам подобро Керол е супер опција за нападот на Роџерс т.е. ги има сите карактеристики кои се потребни за напагач каков што му треба на Роџерс освен тоа што неговите движења без топка се лимитирани, но летово на тоа може да поработи и да го усоврши, така да не ни требаат многу засилувања летово...едно крило, еден играч во средината и еден лев бек.....
 
Член од
22 декември 2011
Мислења
154
Поени од реакции
26
Постот ти е ЦИЦКА! :D супер пост , само едно не ми се свига доколку тоа горе напишано од the_kop е точно Кајт ке си оди сигурно , е сега ни треба еден напагач ПЛУС и најважно доколку Роџерс ги користи бековите за влез и дриблинк односно како крила овде не верувам дека Енрике може потполно да се снајде , за Џонсон го знаеме сите и супер би се снашол али скептик сум за Енрике и неговите дриблинзи!

Второ Керол знае да се уфрлува и да игра без топка но главен проблем кај овие високи играчи е заморот односно голем замор знајаки дека ке играме недела -четврток-недела може да дојде до повреди е тогаш со прајме ? ке остане само Суарез значи ни треба еден екстра напагач.

Трето , јас не сум сигурен дека Даунинг е добар за прв состав и дека има квалитети. Нас ни треба класично крило брзо пробивно нешто како Хазард али отиде во сините . Не дека нема такви играчи уште на пазарот само треба да се земе еден таков.

Лавези некако ми е ТОП за Ливерпоол , мада искрено се надевам на Кавани ако веке сме заентерсирани да дојди покрај Суарез ... истото го сакате и вие а истото го сака и Суарез а и тренерот на Урунгавај ... имајте на ум дека играчите од државите како Урунгвај и Мексико многу го почитуваат советот од националниот тренер.
 
Г

Гучи

Гостин
Утре ваљда ке биде промовиран :) Ако стварно се точни гласините дека Сигурдсон не потпишал со Свонси, нека го носи тука. Многу е добро копилето :vozbud: И уште Красич/Афелај и напаѓач и таманка ке биде.

пс. Како ке го викаме нагалено? Роџо? :pos:
 

Johnny B

Misogynist, racist, anti woke
Член од
15 февруари 2010
Мислења
11.702
Поени од реакции
11.939
Па каде си ти розо моја? Помислив дека си скокнал од камениот :)
--- надополнето: 31 мај 2012 во 15:33 ---
Утре ваљда ке биде промовиран :) Ако стварно се точни гласините дека Сигурдсон не потпишал со Свонси, нека го носи тука. Многу е добро копилето :vozbud: И уште Красич/Афелај и напаѓач и таманка ке биде.

пс. Како ке го викаме нагалено? Роџо? :pos:
Ќе видиме......ама да се договориме. Брендан или Брендон? Мора ред да има тука. Мислам дека треба Брендан.
А за Сигурдсон.......кај го спомна Стиви - Ериксен. Сега сакам Ериксен да го купиме :D Донесете ми го Ериксен!!!
 

Johnny B

Misogynist, racist, anti woke
Член од
15 февруари 2010
Мислења
11.702
Поени од реакции
11.939
Уште една работа......нели АВБ и Мартинез не потпишаа поради постоењето на ДоФ поточно ван Гал? Сега кога го носат Роџерс одма му даваат слобода. Оти не им ја ветија оваа слобода на АВБ или Мартинез??
И со самото тоа што АВБ беше прва опција а Мартинез втора испаѓа дека дури третата варијанта ја носиме. Тоа не ми се допаѓа.
 
Г

Гучи

Гостин
Па каде си ти розо моја? Помислив дека си скокнал од камениот :)
--- надополнето: 31 мај 2012 во 15:33 ---

Ќе видиме......ама да се договориме. Брендан или Брендон? Мора ред да има тука. Мислам дека треба Брендан.
А за Сигурдсон.......кај го спомна Стиви - Ериксен. Сега сакам Ериксен да го купиме :D Донесете ми го Ериксен!!!
Аууу да да да може и Ериксен бе шо :) Нека им го дадат Адам на Ајакс и плус 5-10 мил. и таманка си е :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom