Многу е поверојатно на крај да останеме без Ван Гал..... според шпекулацииите Роџерс не прифатил соработка со него, туку само со Борел и Сегура.
Според мене има и лоши и добри страни ова со Ван Гал доколку тој сепак дојде....
Лоши..
Знаејки дека тој долги години ја имал менаџерската улога, би можело да се случи да меша прсти во тој дел.
Според сите анализи за Роџерс што ги прочитав разбрав дека тој е човек од Принцип така да тешко дека тој би останал така мирен на такви уфрлања на ЛВГ (Луис Ван Гал).
Друга работа е тоа што веке видовме изминативе години неколку испади на ЛВГ , не сакам ни да помислам такво нешто во нашиот клуб.
Трета.... Знаејки ја репутацијата на ЛВГ, ја сум сигурен дека тој ке се покаже уште на почетокот со трансфер имињата, што според мене би моожело да се направи голем проблем доколку тие не бидат во согласност со Роџерс (знаејки ја тврдоглавоста на ЛВГ која ја докажа во Баерн)
Оние добрите...
Верувам дека сите ке се согласиме за ОГРОМНОТО искуство на ЛВГ кое и те како е потребно во овој период на Ливерпул.
Тактичките и Менаџерските способности колку можат да ОДмогнат толку може и да помогнат, секако доколку Роџерс е спремен да прима некои совети што според мене е, имајки го во предвид тоа што Менторот за ПРО лиценца на Роџерс му беше токму ЛВГ.
Името и репутацијата на ЛВГ самите по себе ке привлекуваат играчки потенцијал во Ливерпул, што според мене и те како ни е потребно во моментов, имајки го во предвид фактот дека и те како ни е низок рејтингот кај светските фудбалски ѕвезди.
............................
Е сега иако сеуште нема официјална потврда од нашиот клуб..... сепак ја би си дозволил лусузност и би честитал за Брендон Роџерс. Му посакувам еден тон успеси во овој клуб.
Во цела оваа сага во ниту еден момент не сакав да заземам страна за тоа кој јас би посакал на нашата клупа од овие имиња поради тоа што имињата се редеа како на Рулет.
Сега кога сето ова би рекол дека се заврши јас би можел да кажам дека сум задоволен...... задоволен и те како!
Човекот кој на свои 20 години се одлучил на оваа стратешката работа, човекот кој од свои 20 години го учи својот занает е навистина фасцинантен и редок случај.
Неговата филозофија е свртена во фокусот на pass and move системот на игра. Значи да нема забуни.... далеку е играта на Роџерс од играта на Барселона. Значи не би требало Роџерс да изгуби премногу време во тој дел затоа што ние во оваа цела сезона донекаде и го игравме тоа.
Формацијата која што според мене новиот шеф ке ја преферира е оваа....
Во ваква формација Роџерс во Свонси и од двете крила бараше да се напаѓа фронтално, односно да влегуваат во 16-ник.
Џерард би требало да ја има целосната слобода и би го играл истото што го играше во формацијата на Бенитез. (Сигурдсон во Свонси го играше токму истото)
Адам би бил оној длабок плејмејкер.
Лукас би си ја вршел истата работа како и со Кени..... Најмогу стартови, најмногу додавања! (Бритон ги имаше овие две работи во најголем процент во Свонси)
Е сега колку и да ви личи оваа формација на онаа која ја играше Бенитез.... разликата која ги двои овие двајца е во тоа што двајцата штопери (во овој случај Агер и Шкртел) во ерата на Бенитез немаа слобода за додавања, додека Роџерс го преферира токму спротивното. За него токму тие треба да бидат играчите од каде ке почнува се!
Значи очекувајте Агер да има дриблинзи во стилот на Лусио .....
Во некои анализи кои што беа објавени Керол се спомнуваше како непотребен во формацијата на Роџерс, со оглед на тоа што тој преферирал подвижни играчи!
Според мене Дани Грахам во Свонси во споредба со Керол е исто како да го споредуваме Енрике со Џонсон во поглед на подвижноста. Значи нема некоја поголема разлика, но сепак Керол е и те како поснаодлив со топка а кога на ова ке се додаде дека Керол е супериорен во градење на топката и задржување на истата... би се согласиле со мене дека Керол е измислен за Грахам.
Да се надеваме дека Роџерс ке внесе нови радосни моменти во клубот. Да се надеваме дека и ние самите ке имаме трпение со овој човек, на кој во моментов и те како ке му треба.
А сега да се свртиме кон Трансферското Лудило!