Конечно заврши една турбулентна сезона, мислам дека сите го чекавме крајот шо побрзо.
3-то место и изборен пласман во ЛШ за наредна сезона според мене е голем успех на крај. Сите знајме шо се се случваше во текот на сезоната, повреди и сето то, ама има и многу позитивни работи кои можи да се извлечат. Жота и Тиаго ќе бидат одлични засилувања, то можи да се забележи. Жота веќе имаше инстант импакт во тимот, а Тиаго почна да си го пронаоѓа своето место во последните месец дена и прераснува во оној препознатливиот Тиаго.
Филипс и Рис Вилијамс
Шо да се речи за момците. Како само истуркаја дел од сезона во кој дефанзивата беше најбитна, Филипс дури беше и клучен во постигнувањето на неколку погодоци. Секоја чест како собраа сили и двајцата.
Единствена „негатива“ е заминувањето на Џини. Според мене, а и многумина, навистина ќе остани запаметен како клупска легенда. Колку само беше клучен во многу натпревари во кои самиот тој беше потребната разлика на теренот за победа. Она шо можиме да се надеваме е дека сепак средниот ред останува квалитетен, со Хендо/Фабињо/Тиаго, здравје можи на Кеита ќе му текни дека е играч на Ливерпул и дека треба да игра фудбал, а го имаме и Џонс, кој полека но сигурно се развива. Веројатно заминува и Окс, па и Шаќири, Ориги и Матип, па и уште некое име, со што ќе има средства за освежување на тимот.
Од она што се најавува за наредна сезона барем од сега, веројатно Конате ќе биди засилувањето во одбраната кое ни е прекупотребно, но сигурен сум дека ќе има уште неколку нови имиња. Искрено, мислам дека ќе има и некој „поголем“ трансфер ова лето, а за имиња не би шпекулирал. Постојано вртат информации за Мбапе, Санчо и останати, ама сите мора да се земат со гооооолема резерва. Некое претчувство вели дека некој од Мане/Фирмино ќе замини, па ќе има некој нов напаѓач.
Не знам за вас, ама јас веќе одвај ја чекам наредната сезона. Одвај чекам да го видам Ван Дајк во одбраната, Фабињо и Тиаго на рает да играт на средина, а пред се и над се, да видиме полн Енфилд
Фан фект на крај: