Вака-така врзавме две победи и заличи играта малку.
Се мачевме во првото полувреме многу, ама ја имавме контролата на играта. Џини за мене беше МОТМ и денес и против Тотенхем, ќе биди голема штета ако не го задржиме, буквално целиот среден ред го држи.
Салах феноменален, за двата гола, нема да издвојам кој беше подобар. Нејт Филипс исто си ја заврши работата денес без ниту една грешка, а стално ме фаќа страв ко ќе го гледам како е тромав.
Единствена штета е шо дозволивме да примиме гол, а јасно беше дека најголема нивна шанса е на прекини. Ќе беше супер за сите, посебно и за Алисон да се сочуваше чиста мрежа.
Како и да е, Брајтон дома наредна. Гости кај нив кикснавме скроз безвезе, со тој пеналот никаков над Велбек, ама дома мора да се добие среда, нема изговор, посебно не смеј да се киксни пред викендот ко играме со Сити.
Се надевам дека со Мане се е океј и ќе биди спремен за Сити, иако не ми смета и Шаќири да е стартер, само она Ориги да не го гледам поќе, доста му е. Вистина, стана легенда на клубот, ама сезонава е посебно мизерен.
На крај, според то шо пишат овие порелевантните, ќе купуваме стопер од Престон, 25-годишен Бен Дејвис.
Од то шо читав, левоног стопер, не бил лош во Чемпионшип. Сега, јасно можда дека не е на ниво за Премиерлига, ама ќе покрива колку-толку. 2 милиони фунти.