Фан Клуб: Ливерпул

Кој ќе ни биде нов капитен после продавањето на Хендерсон?


  • Вкупно гласачи
    100

RickyLFC9

Модератор
Член од
28 март 2012
Мислења
19.565
Поени од реакции
41.147
3 кола немаме гол дадено, очигледно треба да се смени нешто. Ориџи мислам дека сите знаеме дека е у overtime у Ливерпул, Минамино е цреп, а Жота повреден. Мислам дека реална можност е Вајналдум да заигра напред наместо Фирмино, Клоп го има пуштено на неколку наврати така и не беше уопште лошо. Пошто вака очигледно не иде, ко да се пред сексуален чин а да не може да им се дигне ебате.
 

RickyLFC9

Модератор
Член од
28 март 2012
Мислења
19.565
Поени од реакции
41.147
“They have been superhuman for three years. Now they look human.”
 

RickyLFC9

Модератор
Член од
28 март 2012
Мислења
19.565
Поени од реакции
41.147
Екипа у слободен пад. Бар коа бевме шит си бевме стабилно мизерни. Изговорот дека не сме купиле штопер пошто било бизарно да се случат такви повреди паѓа у вода со оглед на тоа што не купуваме ни у овој преоден рок.

Фсг аут. Неспособни да поддржат клуб да остане на врвот. Покрај сите други срања што ги направија.

Исто така, на многу играчи очигледно не им е предизвик да играат веќе. Не сум никогаш за Јово на ново и фреш рестарт муабет, ама летово ни треба промена на костурот. Драстична.

Сезонава recycle bin.
 

RickyLFC9

Модератор
Член од
28 март 2012
Мислења
19.565
Поени од реакции
41.147

Еве зашто идниот наш менаџер е најдоброто нешто што се десило на клубов у мојот животен век, и зашто е едно скалило боље од останатите со кои се споредува во лигата од тоа време, па колку сака титули нека освои сегашниот состав или составот на други екипи. Мислам дека не сакам ништо повеќе у животов од тоа да дојде и да не менаџира до лигашка титула, колку што него ќе му се исполни сонот, толку и мене.

O captain, my captain.
 
Член од
16 ноември 2007
Мислења
3.637
Поени од реакции
3.260
Вака-така врзавме две победи и заличи играта малку.

Се мачевме во првото полувреме многу, ама ја имавме контролата на играта. Џини за мене беше МОТМ и денес и против Тотенхем, ќе биди голема штета ако не го задржиме, буквално целиот среден ред го држи.

Салах феноменален, за двата гола, нема да издвојам кој беше подобар. Нејт Филипс исто си ја заврши работата денес без ниту една грешка, а стално ме фаќа страв ко ќе го гледам како е тромав.

Единствена штета е шо дозволивме да примиме гол, а јасно беше дека најголема нивна шанса е на прекини. Ќе беше супер за сите, посебно и за Алисон да се сочуваше чиста мрежа.

Како и да е, Брајтон дома наредна. Гости кај нив кикснавме скроз безвезе, со тој пеналот никаков над Велбек, ама дома мора да се добие среда, нема изговор, посебно не смеј да се киксни пред викендот ко играме со Сити.

Се надевам дека со Мане се е океј и ќе биди спремен за Сити, иако не ми смета и Шаќири да е стартер, само она Ориги да не го гледам поќе, доста му е. Вистина, стана легенда на клубот, ама сезонава е посебно мизерен.

На крај, според то шо пишат овие порелевантните, ќе купуваме стопер од Престон, 25-годишен Бен Дејвис.

Од то шо читав, левоног стопер, не бил лош во Чемпионшип. Сега, јасно можда дека не е на ниво за Премиерлига, ама ќе покрива колку-толку. 2 милиони фунти.
 

RickyLFC9

Модератор
Член од
28 март 2012
Мислења
19.565
Поени од реакции
41.147
Филипс десет пати боље од детето Рајс. Мораше да добива и на други утакмици приоритет, таа одлука не кошташе некој бод и излез од ФА куп.
 

S.L

Желба по титула :D
Член од
1 јули 2013
Мислења
1.855
Поени од реакции
1.285
Ja nz zs philips ne dobiva pojke sansa godiva... barem kolky so me sluzi pamtenjevo nema napraveno greska... ne samo toa tuku igra bsh solidno.

Druga rabota. Nikako ne mi e jasno zaso cekaja 2 dna pred kraj na rok da donesat defanzivec... koga se povredi Gomez trebaa da razgleduvaat opcija za odbrana. Kogo i da donesat ke bide dobro ke bide int u sekoj slucaj. Bash sakam da se pogodi transferov pa da ni se najde i za ponatamu.
 
Член од
16 ноември 2007
Мислења
3.637
Поени од реакции
3.260
Добивме двајца нови штопери денес, Бен Дејвис и Озан Кабак.

Дејвис ми се чини испадна како трансфер од нигде, ниту имаше некоја шпекулација, ниту пак се очекуваше да се донеси некој ваков играч. Ама од друга страна, то и не е нетипично за Клоп. Како ќе се снајди и дали ќе добие некоја шанса кај нас ќе видиме, она шо единствено го знајме за него е дека беше на праг на трансфер во Селтик, шо можи и да кажи нешто за неговиот квалитет.

Од друга страна, Озан Кабак. Се шпекулираше дека сме заинтересирани за него уште есента, па еве испадна шанса да се доведи во јануари, иако очекувавме на лето да биди некоја понуда. Позитивното во доведувањето на Кабак е то шо е позајмен играч со опција да биди откупен, па ако задоволи и биди играчот и талентот кој Клоп го мисли дека е, ќе биди откупен. Ако не, ќе го вратиме на Шалке. No harm done.


Плус, Кабак е доста ефикасен во скок играта, нешто шо во моментот многу ни фали, земајќи предвид дека нема никој од стандардните Ван Дајк/Матип/Гомез.

 
Член од
16 јануари 2013
Мислења
3.841
Поени од реакции
7.607
Ко можеше Рагнар Клаван да игра, зошто да не и овие.
 
Член од
16 ноември 2007
Мислења
3.637
Поени од реакции
3.260
Матип во аут до крај на сезона. Нема крај на лошите вести годинава. Минатата сезона колку шо имавме среќа и не се повреди никој од главните играчи, сезонава гла не можиме да крениме. Матип, Гомез и Ван Дајк се во аут до крај, така да ќе остани на новите момци сигурно да покриваат и во Премиер и во ЛШ.
 

S.L

Желба по титула :D
Член од
1 јули 2013
Мислења
1.855
Поени од реакции
1.285
Фаб, Филипс, Кабак, Дејвис ќе бидаат сасвим доволно до крај на сезоната... барем јас така мислам.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom