Еве што ,ислеа соиграчите за торес
Ливерпул: Беше безволен и себичен
Не требаше да се чека одговорот од „Енфилд Роуд“ по воодушевувачката изјава на Торес дека дошол во рајот во Лондон, откако се спасил од пеколот во Ливерпул. Неименуваниот извор, поточно еден бивш соиграч на Торес од соблекувалната на Ливерпул, на новинарите им ги откри резултатите на Шпанецот пресметани со помош на сеприсутниот систем Прозон.
„Неговите Прозон резултати се смешни за напаѓач во Премиерлигата, а однесувањето на тренинзите скандалозно. Не работеше доволно, а беше и себичен. Тоа му го простуваа, бидејќи несомнено е голем талент, но кога „пресуши“ тимот почна да паѓа. Дека игра за себе, а не за тимот први забележаа Џерар и Карагер“, вели изворот и додава: „Тој беше голем егоцентрик и никој од играчите не го прифати. Целата прва сезона молчеше. Ние мислевме дека не го разбира јазикот. Но, на крајот излезе дека се' разбирал. Пак, ќе кажам тој е голем талент. Играчите му се воодушевуваа, ама никогаш не го сакаа“.
--- надополнето ---
Вечер сигурно не. Против Челзи најверојатно не, а понатаму уште колку не знам. Не е сериозна повреда, до 2 недели.
само да не биди како со аквилани...:nenene: