Епа баш заради ова бев скептичен за новиве американци. Очекував од нив нешто слично. Намирисај пари и лапај колку што можеш. Затоа реков браво за потегот одма да се најде замена за Торес. Се гледа дека во следниве 5 години ќе имаме супер напад, и ќе можеме да се концентрираме на некои позиции што ни се полабави како на пример одбраната. Средниот ред е сосема добар, посебно кога влезе и Меирелеш во форма, Лукас се развива како играч, Макси е просек да бидеме реални и само да се молиме капитенот и Кајт да ја пронајдат формата од сезоната кога се бркавме со Манчестер за прво место. Сега баш во одбраната не е многу лесно. Кели почна да игра како прав скузер борбено, го остава срцето на терен. Ама Шкртел неможам да го гледам. Искрено дечкото ги има изиграно сите утакмици оваа сезона и да си кажам мислам дека он е највише крив за таа нестабилност во одбраната. Агер е прилично добар само што има проблеми со повредите. Кара е веќе повише мотиватор на терен отколку играч од светска класа. За лев бек е најнезгодно со оглед на тоа што Џонсон не ми изгледа презадоволен што е толку ограничен да игра стрикно одбрана, а и кога ќе тргне напред само ја префрла топката на десна нога затоа што левата му е многу слаба. Дури изгледа и смешно некогаш.
За париве за Суарез некако ми изгледа сомниетлно да ти кажам искрено. Мислам дека газдите беа спремни да дадат помалце, може ќе се исценкаа да го земат поефтино ама од кога видоа дека Торес ќе се продава, решија да им дадат на Ајакс колку што бараат и Суки да дојде што побрзо кај нас. Што е за поздравување затоа што секако ќе му треба време да се прилагоди. Плус гледам нешто шетал Амстердам и Ливерпул денес, не разбрав дали е утре во комбинација за утакмицава. Не сум најсреќен ако НГог ни го води нападов на оваа утакмица. Сепак оваа ни е шанса за 3 у серија да врземе нејкам да гледам промашува чисти шанси дечкото.