Крај......
Резултатот 1-0, играта уште полоша!
Ако во првото можеше да се каже дека децата на Ливерпул имаа каква таква игра, сега може слободно да констатирам дека немаа ни И од игра.
Катастрофална лоша игра. Ко без компас од првиот до последниот. На средина на второто полувреме почнаа измените кој променија нешто..... нешто што беше уште полошо. Срека шо Швабите не напагаа посериозно инаку ке не напунеа.
Лошо му се пишува на Ливерпул доколку со овој состав дојде на Градски, од друга страна добро му се пишува на Македонскиот фудбал кој преку Работнички ја гледа едниствената надеж за минута радост која ке ги наполни нашите срца за долг период.
Во последните денови читам препукувања околу тоа кој бил патриот кој не бил, кој ке навивал за Ливерпул кој за Работнички.
Еве како јас ги гледам работите......
Од кога знам за фудбалот воопшто дека постои во моето срце беа два клуба... Брегалница од мојот роден град и Ливерпул за кој сонувам еден ден ке го гледам на Енфилд со неговата прекрасна публика.
Е сега ако ме праша некој за кого ке бидам на Градски.... ке му кажам едноставно за МАКЕДОНСКИОТ ФУДБАЛ. Тојх збор мене не ме прави Патриот, туку ме прави Љубител на Македонскиот Фудбал. Секако доколку Ливерпул биде победникот ке бидам пак срекен но не како што ке бидам толку доколку видам како Македонска екипа плеска англиски гзови.
Но сепак тоа е мое прво, тоа е моја желба.... секој не мора да мисли исто.
Затоа луге престанете да се препукувате тука.
Фудбалот не е политика!:smir: