Солидна игра против Милан, а и резулатот не е лош (со оглед на пречката на Замброта). Одбраната цврста, само пофалби имам за малиот Каванда. Диас и Биава имаа само една грешка, кога го пуштија Носоња да им избега. Добри замени направи Реја, само можеби требаше порано, од авион се гледа дека подобро играме кога играме офанзивно, отколку дефанзивно. За Хернанес немам зборови, момакот везе по терен, ама се гледа дека подобро се снаоѓа како офанзивен везни играч отколку како втор напаѓач. Наредна утакмица очекувам да игра позади Флокари и Зарате.