Ја не очекувам добар резултат од денес, не во една ваква ситуација во која е дојден Интер, нештата да тргнат кон подобро очекувам од овој викенд па нагоре, потребна е победа за да се консолидира тимот, таква шанса Раниери пропушти против босиот тим на Катанија предводен од Монтела, а Лил кои се актуелни шампиони на Франција и во кои владее супер атмосфера ( за кадарот да не се повторувам што игра во екипава, и Sow и Хазард кад-тад ќе се дел од големите европски клубови ) во моментов се голем залак за моменталниов Интер и искрено изненаден би бил доколку денес Интер победи и изигра добар фудбал.
Предност им е само неискуството на Лил кое дојде во израз на пример со ЦСКА за кои веќе говоревме во каква форма беа тој период, ужасна, па може сами да се победат доколку пак прават пацерски грешки или нешто ала Кјаер, црвен картон што Интер би требало лесно да го искористи.
Со нерешено сум задоволен, пораз нема да биде голема трагедија бидејќи потребно е да се победат само мечевите дома за да се пласираат понатаму па верувам дека Интер годинава ќе стигне до тие потребни 9 бода од групава, а и верувам дека Трабзон ќе паднат во Турција.