Фан Клуб: Интер

Сезона 2023/2024


  • Вкупно гласачи
    58
  • Гласањето е завршено на .

G@rfielD

Модератор
Член од
10 февруари 2007
Мислења
10.751
Поени од реакции
9.786
Луѓе јас мислам дека за директен црвен автоматски иде бан на 3 натпревари, без разлика дали јадел некој бурек или не, еве и Торес доби у претходното коло дома со Свонси па 3 натпревари е казнет, додека за два жолти па црвен е еден меч суспензија. Нека ме поправи некој бидејќи не сум 100% сигурен.
Грешка си... Еве јас ќе те поправам. :) Де Чеље прво коло против Парма доби директен црвен и заработи само еден меч суспензија.
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
30.047
Поени од реакции
45.766
Има разлика во ситуациите, директен црвен се добива и за играње со рака на празен гол, а суспензијата е 1 меч, исто и за ситуацијата на Де Чеље, иста ко и онаа на Ранокија, кога се фаулира играч кој е спречен да излезе во чиста шанса, 1 на 1 со голманот. Така лани Бурдисо го фаулираше и Пацини, суспензиите тука се 1 меч. Исто и кога голман прави фаул надвор од шеснаесетник, кога игра со рака надвор од шеснаесетник или кога фаулира играч кој го дрибла и спречува чист гол, и тука по автоматизам се добива директен црвен со суспензија од 1 меч, освен ако не направи прегруб прекршок надвор од шеснаесетник или внатре па повеќе да паузира. Во овие случаи, црвениот треба да се подразбира и доколку не биде покажан, судијата прави тежок преседан.

Торес со Свонси доби директен црвен поради преостар старт кој подоцна беше анализиран и федерацијата ја одобрила таа казна, инаку доколку стартот не бил до толку остар а судијата погрешно го протолкувал, може казната да се смали или па ко викендов кога играа Евертон - Ливерпул, црвениот на Родвел беше поништен, ова доаѓа обично по жалбите кои ги упатуваат клубовите.

Затоа разграниченете ги овие ситуации бидејќи гледам и на нетов се бунат за Ранокија и за стартот, а нема врска, доколку се гледаше само стартот 1 меч ќе паузираше али он е суспендиран дополнително поради неговата реакција и навредите упатени кон судијата.
 
Член од
23 август 2010
Мислења
39.490
Поени од реакции
114.493
Океј океј, мене тоа ми беше недоумицата, дали за директен црвен картон под дифолт следат три натпревари казна или казната зависи од ситуацијата за црвениот картон. Во ред, фала на информација, иначе тоа на Торес не беше за црвен така да не знам што е со ФА и зашто одобрува такви казни, а за Родвел у право се.
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
30.047
Поени од реакции
45.766
Најпрво да ви се заблагодарам на сите Вас за трпението и довербата која ни ја пруживте. Во продолжение во кратки црти ќе би објаснам што како е со фан клубот:

1. Во врска со подароците и членските картички делумно е завршена работата, односно само подароците ги подигнавме а картичките сеуште не беа готови за што одговорното лице од CCICни се извини лично и не увери дека штом ќе бидат готови (според него тоа би било најдоцна до наредната недела) ќе ни ги испратат од Милано на нивни трошок со оглед на тоа дека вината лежи кај нив за задоцнувањето. Откако ќе ги добиеме ќе закажеме ден за генералното собрание на кое ќе бидат делени подароците и членските картички, ќе ги потпишете пристапниците и ќе го донесете пополнет следниов документ (објаснување имате подолу)http://ccic.inter.it/documenti/201112/tesseramento/MODULO ISCRIZIONE 11_12.pdf како и изјавите заверени на нотар (ова важи за малолетните членови).
2. За новите членови што беше кажано останува истото, односно до 31 декември оваа година од CCICпримаат уплати за нови членови меѓутоа да напоменам дека ние Ви препорачуваме уплатата најдоцна до 08 ноември да ја извршите бидејќи да имаме време да ги испратиме парите во Милано за картичките и подароците да ви бидат спремни и да не чекаат кога ќе одиме на натпреварот Интер – Удинезе на 03 декември. Вие може да уплатите и подоцна меѓутоа ние не може да ви гарантираме дали ќе бидат готови до 03 декември или пак кога нареден пат ќе одиме за Милано за да ги подигнеме за оние кои ќе уплатат подоцна па можно е подолг период да сте без нив.

Документот се пополнувана следниот начин:

· DATARILASCIO – датум кога го пополнувате документот
· INTER CLUB – пишувате АРМАТА – МАCEDONIA
· COGNOME – презиме
· NOME – име
· SESSO – пол (пречкртајте со X)
· DATADINASCITA – ден, месец и година на раѓање
· CODICE FISCALE – матичен број
· NAZIONE – пишувате MACEDONIA
· INDIRIZZO – адреса на живеење
· N. – број на улицата
· CAP – поштенски број на градот
· PROV. – пишувате EE
· CITTA – град во кој живеете
· TELEFONO – телефон (фиксен)
· CELLULARE – мобилен
· E-MAIL – мејл

Интер Клуб Армата – Македонија​

Претседател:​

M.С.​
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
30.047
Поени од реакции
45.766
Важно: До 31 декември оваа година од CCIC примаат уплати за нови членови меѓутоа да напоменам дека ние Ви препорачуваме уплатата најдоцна до 08 ноември да ја извршите бидејќи да имаме време да ги испратиме парите во Милано за картичките и подароците да ви бидат спремни и да не чекаат кога ќе одиме на натпреварот Интер – Удинезе на 03 декември. Вие може да уплатите и подоцна меѓутоа ние не може да ви гарантираме дали ќе бидат готови до 03 декември или пак кога нареден пат ќе одиме за Милано за да ги подигнеме за оние кои ќе уплатат подоцна па можно е подолг период да сте без нив.
Како да станете член ? Се е објаснето тука.

На мечот со Наполи беа присутни президенте со плус двајца членови од фан клубот, едниот дел од управниот одбор на фан клубот, престојуваа во хотел на 1км од стадионот што значи локацијата е феноменална а и условите такоџе, најверојатно тој хотел ќе го користиме и за нашите идни патувања во Милано а можно е, не гарантираме, и да средиме попуст за престој бидејќи ќе одиме во поголеми групи.

Што побрзо се уплати, толку подобро и за вас и за нас.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.620
Поени од реакции
59.444
Има интервју со Вивиано (видео, англиски) на football-italia
Ако има некој време да преведе може да го стави и на сајт.
 
Член од
30 септември 2011
Мислења
2.714
Поени од реакции
2.599
Словачкиот репрезентативец Јурај Кучка, членот на Џенова, би можел од јануари 2012 год. да се пресели на Џузепе Меаца..
(n)
 
Член од
26 август 2011
Мислења
517
Поени од реакции
114
Juraj Kucka, slovački reprezentativac, nada se da će u januaru presliti na Giuseppe Meazzu.

Kucka je u suvlasništvu Intera i Genove, ali on želi da brani bolje Neroazzurra.

"Možda u Inter pređem već u januaru, ali postoji mogućnost i da ostanem u Genovi do kraja sezone", rekao je Kucka.

"Klubovi su odlučili da ispoštuju dogovor. Ne znam ništa o tome. Koncentrisan sam samo na nogomet. Nadam se da ću u budućnosti napraviti važne korake u karijeri", dodao je slovački reprezentativac.

--- надополнето: Oct 6, 2011 1:28 PM ---
Izvor:www.footballpress.net

Prema najnovijim glasinama, Inter ponovmo prati Carlos Henrique Casemira (19), koji je trenutno igra za Sao Paulo do veljače 2015,kada mu istječe ugovor. Za njegov trasnfer Inter će morati uložiti najmanje 30mln.
 

Sky*

Не биди коцкест.
Член од
12 август 2011
Мислења
5.656
Поени од реакции
7.304
Клаудио Раниери го чека враќањето на Пацини.Напаѓачот
на Интер,кој беше испратен дома од Италијанската Репрезентација
поради повреда,ќе се рехабилитира деновиве за да може
да биде спремен за дуелот против Катанија наредната Сабота.
Пацини верува дека може да се врати до тогаш.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom