Фан Клуб: Интер

Сезона 2023/2024


  • Вкупно гласачи
    58
  • Гласањето е завршено на .

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.487
Поени од реакции
42.886
До Декември беше - батали ЛШ нека се фокусираат Серија А, сега сме - батали Серија А, фокусирај се на ЛШ.
Апсолутно кур не заболе кој се повредил, мислам дека и со оној Акинсанмиро ако треба да играме пак ќе тепаме све живо и диво у Серија А.
Абе и тогаш мислам дебатиравме, 0 основи имаше да се батали ЛШ со ваков поширок ростер, а и тоа не е возможно тимот да се понаша несериозно таму на сметка на лига, со оглед дека е најеминентно фудбалско клупско натпреварување, и ко второ секако парите што влагаат во касата на клубот ако се отиде подалеку.

Тоа што требаше да се жртвува, се жртвуваше, купот, иако и таму не влегоа со таква замисла ама бидна за наша голема среќа. Имаше иницијативи од навивачите во супер купот да се влезе со младински состав, ради глупиот формат и фактот што пак се игра надвор од Италија, ама чим ова го преживеавме без да се одрази врз резултатите у лига, тоа е тоа, после тоа се знаеше дека колку толку распоредот ќе олабави и нема многу да се разликува од оној на конкуренцијата, освен јуве добро, кои не играат во Европа ама сеуште се дел од купот.

Следна сезона уште поширок ростер очекувам, ама искрено не ми е јасно зашто 0 иницијативи има за Супер Купот да е пред сезона бар, нарочито со глупиов формат на 4 екипи, и Купот да смени формат исто, полуфиналето да не е во 2 меча, може и ко ФА куп да направат, полуфинале ко и финале на неутрален терен да се играат и да се скрати една утакмица тука.
 

Nik20

Неверификуван член од немаштија
Член од
13 јули 2009
Мислења
5.386
Поени од реакции
6.456
Видете ја серијата на Аталанта пред оваа утакмица.
Последен пораз им беше на 23 декември лани, од тогаш навакај се им се победи само 2 нерешени со Рома и со Милан неќна.
Колку голема победа, а изгледаше како да си го ладат курот, од ракав им бутнаа 4 комадам не се ни испотија ц ц ц . . . ПРЕМОЌНИ!
 

meazza

lo §ono in†eri§†a
Член од
30 јануари 2007
Мислења
7.017
Поени од реакции
1.133
Интер ја "претера" играта со еден жетон...

Убаво рече коментаторот, Интер е на повисоко ниво од Серија А.

Санчез ме изненади позитивно. Класата е вечна, формата е пролазна. Јас би го играл пред Арнаутович во секој момент. Влегува со форма, добар е кондициски а квалитетот не е спорен. Може да помогне многу за ЛШ.

Да се надеваме се е во ред со Фратези. Можеби не е стартер но може да биде многу корисен играч.
 
Член од
6 ноември 2014
Мислења
3.859
Поени од реакции
9.122
Се смееше Фратези на крај, не верувам дека е нешто сериозно. Плус на 4-0 имаме луксуз да не ризикуваме никој да се повреди посериозно. Мислам од таму и претпазливоста со повредите на Хакан и Турам. И паметно, може да ни требаат за ЛШ. Првенствово ќе го добиеме и со комбиниран состав до крај, пошо кој влези, мани е работава. 0 пад у игра има кога играат резерви.
 
Член од
4 октомври 2008
Мислења
381
Поени од реакции
1.276
Првенствово ќе го добиеме и со комбиниран состав до крај, пошо кој влези, мани е работава. 0 пад у игра има кога играат резерви.
Ова е многу битно, пошто да не се лажиме, не е дека нешто нè одминале повреди сезонава, во еден момент за десен штопер и бек ги имавме буквално само Бисек и Дармијан, и воопшто не се осети пад, сега за следна утакмица ќе ги имаме само Барела-Мики-Аслани-Класен во среден ред, Лаутаро пропушти неколку натпревари, Ачерби беше повреден на два пати, Бастони исто, Хакан и Турам сега.

Единствено се почувствува мала неорганизираност кога излегуваше со комплетно втор тим, и тоа 45 минути макс (со Бенфика), што е нормално пошто играчите немаа играно заедно, ама после откако ќе кликнат машинеријата о-д-м-а почнува да дроби.

Нереално е каков фудбал играме, секоја чест на Инзаги.
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.487
Поени од реакции
42.886
Фратези не е повреден, се враќа на тренинзи, што е добро, и за него и за нас, си влага полека во ритам бабанот, трпеливо чека шанса, нула проблеми прави зашто нема голема минутажа, и кога и да игра, доставува, а и искрено мислам дека го даде голот на сезоната за нас кога многу нешта можеа да ни отидат во погрешна насока ако Верона дома не паднеше. Таквите победи дупло вредат.

Пишав тогаш тука, ваквите победи во глобала за нас во минатото значеле клучен буст кога се освојувале титули, со Манчини памтам Парма дома со низа контроверзии и лелеци откако тепавме, слично ко сеа со Верона, со Мурињо кога ја свртеа со Сиена во 94та, и после тоа сме влагале во клучни серии за титула.

Убаво би било да пробаат да наметнат некој млад играч до крајот на сезоната, читав за овој Акисанмиро, не дека е случајно што баш он доби шанса сеа, наводно е еден од оние со предиспозиции у иднина посериозно да смета на него клубот, ко и Карбони и Фабијан кои моментално се во други клубови.
 
Член од
6 ноември 2014
Мислења
3.859
Поени од реакции
9.122
Фратези не е повреден, се враќа на тренинзи, што е добро, и за него и за нас, си влага полека во ритам бабанот, трпеливо чека шанса, нула проблеми прави зашто нема голема минутажа, и кога и да игра, доставува, а и искрено мислам дека го даде голот на сезоната за нас кога многу нешта можеа да ни отидат во погрешна насока ако Верона дома не паднеше. Таквите победи дупло вредат.
Имаше баш интервју на темава неделава, дали е исфрустриран дека не е првотимец. Одговорот му беше дека не ни очекувал да е првотимец поред Баре-Мики-Чалха и дека они тројца би биле стартери у секој тим у лигава и дека морал да подобри игра со топка. Делува многу зрел дечково и вреден работник, тоа се гледа секогаш кога ќе добие шанса. Ќе биде класа играч од него.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom