Дискутабилно. Икарди газеше во бантер ера, сети се само какви голови им шибна на Тотенхем и Барселона, или на Милан во продолжение. Да не зборуваме за пенали, на Лаутаро треба да му се забрани да припари до белата точка во ЛШ во случај на пенал завршница.
Лесно забораваме некогаш.
Дискутабилно е, ама сезонава игра како никој после Милито 2010.
Дискутабилно е и што се подразбира за бантер ера, зашто реално само првите 2 години Икарди играше во мизерија од Интер, првата сезона 9 гола, втората 22, после тоа веќе се стабилизиравме и не можеме и тој период за бантер ера да го рачунаме реални да бидеме.
Лаутаро не е прв изведувач, е кога Хакан не е тука, еве од моменталниве 11 кој треба да шутира? Логичен избор е он не зезајте, од увек бил втор изведувач откако со Лукаку тогаш ја усраа кога се мењаа на секој следен пенал, па Конте пресече. И Хакан кога се аклиматизираше исто, он стана прв изведувач.
Нека го, не цепидлачете, поезија од сезона игра Лаутаро, не зборам само за голови што дава зашто ти само за тоа се фаќаш со Икарди, многу повеќе активно е вклучен во играта и создава многу шанси и асистира плус, од Икарди, кој повеќе беше класична 9ка напред и понеуниверзален, и друго, лидер е и на терен и надвор од терен, нешто што Икарди од веќе познати причини никад не бил, што исто е многу битна особина за еден фудбалер и лидер.