Syn
https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
- Член од
- 23 декември 2007
- Мислења
- 30.347
- Поени од реакции
- 47.053
Абе и тогаш мислам дебатиравме, 0 основи имаше да се батали ЛШ со ваков поширок ростер, а и тоа не е возможно тимот да се понаша несериозно таму на сметка на лига, со оглед дека е најеминентно фудбалско клупско натпреварување, и ко второ секако парите што влагаат во касата на клубот ако се отиде подалеку.До Декември беше - батали ЛШ нека се фокусираат Серија А, сега сме - батали Серија А, фокусирај се на ЛШ.
Апсолутно кур не заболе кој се повредил, мислам дека и со оној Акинсанмиро ако треба да играме пак ќе тепаме све живо и диво у Серија А.
Тоа што требаше да се жртвува, се жртвуваше, купот, иако и таму не влегоа со таква замисла ама бидна за наша голема среќа. Имаше иницијативи од навивачите во супер купот да се влезе со младински состав, ради глупиот формат и фактот што пак се игра надвор од Италија, ама чим ова го преживеавме без да се одрази врз резултатите у лига, тоа е тоа, после тоа се знаеше дека колку толку распоредот ќе олабави и нема многу да се разликува од оној на конкуренцијата, освен јуве добро, кои не играат во Европа ама сеуште се дел од купот.
Следна сезона уште поширок ростер очекувам, ама искрено не ми е јасно зашто 0 иницијативи има за Супер Купот да е пред сезона бар, нарочито со глупиов формат на 4 екипи, и Купот да смени формат исто, полуфиналето да не е во 2 меча, може и ко ФА куп да направат, полуфинале ко и финале на неутрален терен да се играат и да се скрати една утакмица тука.