Ова е херојско издание за мене, кое сум го чекал од 2010, ова се бара секоја минута и секунда на терен, не само против Барса ама ако тука не ''пораснаа'' како екипа, у овие 2 меча, никад нема ни да ги биде.
Ако ги победиме Плзен, Инзаги зачувува работна позиција со невиден стил, скоро и against all odds реални да бидеме, каде само беше пред 2 недели, ама отом потом, пак ќе кажам, овој двомеч со Барса мора да ги очаја и ментално и играчки и тактички и у пиздуматератички. Што и да им сугерирал Инзаги на полувреме, тоа е тоа, тоа го бараме и мора да го достават.
Ако некој иначе се сомневаше во Лаутаро, уметник денес на терен, прав, сува класа покажа.
Капа доле за сите и надежно овде колку толку ни се сврте сезоната кон подобро, ваков ветер у грб едноставно мора по секоја цена да се искористи од сите.