Фан Клуб: Интер

Сезона 2023/2024


  • Вкупно гласачи
    58
  • Гласањето е завршено на .

meazza

lo §ono in†eri§†a
Член од
30 јануари 2007
Мислења
7.010
Поени од реакции
1.122
Без Броз и Лукаку не очекував многу ама понекогаш треба да не послужи и среќата.
Одбраната на ниво, Онана мора да се зацементира на голманската позиција. Одигравме со срце, покажавме желба за успех. Ако вака се постават и во Серија А ќе се вратиме во игра.
Очигледно е дека не е во прашање квалитетот туку атмосферата во клубот.


Друга позитивна работа е што не влезе Гаљардини.
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
6.507
Поени од реакции
21.281
Да знаете само дека и со Онана ќе гледаме некој период аматерски грешки.
Покрај она вчера кога им поништија гол на Барса, имаше и со Баерн еден испад ако ви текнува, кога му лизна од руки и удри у статива.
Секако, многу подобар избор е во моментов од Хандановиќ и мислам дека време е Самир да се зацементира на клупа. Јас немам ништо против Ханда кој има 38 години и многу ни се најде во годините кога бевме просечни ама не е веќе прв избор и време е за нов број 1. Беше главен играч со Икарди и еден од позаслужните што се вративме во ЛШ, ама, дојде време и он да биде заменет иако каснат 2 сезони со променава. Не можеш да очекуваш исти рефлекси кај 38 годишен и кај 12 години по млад.
Плус на тој начин и Шкриниар ќе биде капитен а Онана со тек на време ќе зголеми самодоверба.

Од другите ми изгледа ко Димарко после тој настап вчера е речиси сигурно првотимец до светското првенство. :)
Не е по моја мерка ама вчера изигра супер и вредно е да се спомене и пофали кога некој е на ниво.
На постигнатиот гол имаше одлична дијагонала на другата страна према Дармијан, отвори брза контра, истрча скоро 100 метри спринт и асистираше на Чаланоглу.
Имаше и една многу добра реакција во дефанзива кога му пресече уфрлување на Рафиња или Дембеле, не ми текнува точно кој беше по десната страна во тој момент а и реално не се изнаиграа многу во напад вчера иако се индивидуално многу подобри и побрзи двајцата од него.
 

Џонтра Волта

Qué miras, bobo?
Член од
20 јули 2020
Мислења
8.863
Поени од реакции
54.396
Онана е многу лежерен, дали така намерно се понаша за да остаи слика дека нема притисок врз него, ама ме нервира тоа примање на топка ко да е сам на игралиште, чекање до последен момент за да ја избие или подаде.
Мора малце побрзо и поконцентрирано да работи со топката.

Хандановиќ е многу посигурен со топка од него, мада и он знаеше на моменти да паничи ама во последниве 4-5 години тимов научи да игра со голман, така да нема проблеми кај Сарма што се однесува на дистрибуција на топка.

Али добро, има рефлекси Онана и тоа ќе си легне кога ќе се зацементира како број 1, ќе добие на рутина и искуство со играње секој викенд. Не е лош голман од ова што одбрани на овие 3-4 утакмици.
Не е ни Ноер се разбира, али ајде, греота е одма да му се бројат ситниците иако гарантиран дека Стековците вребаат и прашање на кикс е кога ќе дојдат тука да се истурат и замараат.
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
6.507
Поени од реакции
21.281
Не дека многу ќе фали ама Кореа е аут поради повреда. Не се знае сеуште колку долго. Полека иде кон групата "најлошите трансфери на Интер" заедно со Габриел Барбоса, Ж.Марио и остали папци. Би сакал да го видам Михтиријан на таа позиција со Лаутаро иако нема шанси Инзаги да го игра него пред Џеко.
 

Џонтра Волта

Qué miras, bobo?
Член од
20 јули 2020
Мислења
8.863
Поени од реакции
54.396
Нека игра Левандовски и така го сокрија вчера на стадион, неговите не можеле да го најдат за да го вратат у Барселона еххехехехехехехехехеххеххехехехехехеххехе
 
Член од
17 јануари 2019
Мислења
3.303
Поени од реакции
7.434
Screenshot_20221006-015435_Chrome.jpg

Учинокот на Санчез од кој се ослободивме за да го донесеме Дибала...

3 пати поголем импакт ќе имаше од Кореа, дури и стартер ќе беше со Лаутаро моментално.

Уште една грешка покрај Сенсињо Цицерон
 

|И.И|

говно интерашко
Член од
24 јуни 2008
Мислења
5.559
Поени од реакции
6.669
Скрињар под итно капитенска лента и подобар договор , ханда фала ти матори ама оваа сезона треба да е последна за тебе синак.

Ако после ханданович го спремаат оној “фортнајт емот иконата со гестикулациите после секој минимален контакт “ само ради тоа дека е италијанец , тогаш подобро зимава нека го дадат у ПСЖ Словаков .
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
6.507
Поени од реакции
21.281
Онана во први 11, иако сите медиуми беа сигурни дека Ханда ќе бил во Серија А првиот избор, а Онана во ЛШ.
Сасуоло се без Берарди, Дефрел и Траоре па се приморани во напад со Челде, Пинамонти и Лауриенте, што значи и овој импровизиран состав не треба да киксне денес.


 

Трибиани

Ванда Вештерката
Член од
21 јули 2018
Мислења
3.749
Поени од реакции
8.829
Онана во први 11, иако сите медиуми беа сигурни дека Ханда ќе бил во Серија А првиот избор, а Онана во ЛШ.
Сасуоло се без Берарди, Дефрел и Траоре па се приморани во напад со Челде, Пинамонти и Лауриенте, што значи и овој импровизиран состав не треба да киксне денес.


Како кажваш небаре ние Сити сме , а не екипа со 4 порази од 8 кола , каде сите победи ни се против практично кажано второлигашки екипи
 

Tegla

Interista
Член од
20 февруари 2012
Мислења
5.089
Поени од реакции
9.000
На која Аренаспорт ќе не даваат?
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
6.507
Поени од реакции
21.281
Како кажваш небаре ние Сити сме , а не екипа со 4 порази од 8 кола , каде сите победи ни се против практично кажано второлигашки екипи
А ти како кажваш небаре играме со Милан или Јуве а не со Сасуоло кој на домашен терен игра во гости. Денеска ќе има 10к интераши и 1к фанови на Сасуоло. Не гледам зашто треба да сме Сити да победиме овој Сасуоло кој ги продаде своите главни адути во последните два трансфер рока.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom