Фан Клуб: Интер

Сезона 2023/2024

  • Вкупно гласачи
    58
  • Гласањето е завршено на .

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.336
Поени од реакции
57.926
Сасуоло барем има играчи што можат да дадат гол, овие предходните беа кој од кој... Аталанта играа со Пашалиќ и Муриел кој беше очобол, па ги извади и ги стави Малиновски и Запата, а во реалност четворицата беа потребни на терен во исто време за да имаат шанса да создадат нешто. Сасуоло може да даде и гол и два, проблемот е што можат да примат 6-7 кога им е денот :D
 
Член од
4 октомври 2008
Мислења
380
Поени од реакции
1.264
Сезоната ни ја одлучи тоа што не беа головите на Лукаку соодветно заменети. Џеко даде тоа што можеше, ама годините толку му дозволуваат. Кореа никогаш не бил напаѓач што дава многу голови. Онаа серија од лоши резултати, беше ради тоа што месец дена нападот престана да дава голови.
Како и да е, најмногу дадени голови, најмногу асистенции и најмалку примени голови. Реално детали ја одлучуваат титулата.
Ќе анализираме на крај, ама тешко е да му се најдат сериозни замерки на Инзаги. Едноставно некогаш случајности одлучуваат во вакви тесни, фото-финиш борби за титула. Ако ни е за утеха, Ливерпул е на пат два пати да изгуби вака титула.
Али ај, да го оставиме и тоа влакно надеж, да не ја завршуваме сезоната пред вистински да заврши.
Иако, Каљари во втора лига е мојата титула за вечерва.
Скроз-скроз истото го мислев, чисто за споредба лани Лукаку + Лаутаро имаа 41 гол, сезонава Лаутаро + Џеко 34, шо, земајќи ја предвид ефикасноста на другите играчи можда и не е толку голема разлика, ама ко требаше на пример да му се утрпа еден гол на Џенова и ко немаше ниту еден напаѓач во форма, џабе беше сè.

Друг фактор е немањето никаква замена за Брозо и вадењето 2 бода од можни 9 кога тој беше отсутен, и со то, заедно со блицкригот на Жиру во дербито и допирањето дно на Раду со Болоња, едноставно се насобраа премногу ствари за да се освои титула во толку тесна конкуренција.

На Инзаги мислам дека нема апсолутно шо да му се замери, јас сум многу задоволен од поставеноста на играта и дефинитивно проблемите низ сезоната најмногу беа кадровски, не тактички, плус-минус некоја ситуација можда шо оди на негова душа, ама за мене то е занемарливо во однос на околностите.

Реалноста е дека после ланската катаклизма, освоивме куп и суперкуп, во ЛШ изгубивме само од двата тима кои ќе играат финале, а Пул успеавме и да ги победиме, и во последно коло имаме сепак макар математички шанси за Скудето и сезоната ќе ја завршиме со сличен број на бодови како првата на Конте.

Има простор за да ни биде криво за пропуштената прилика за Скудетото, ама далеку од неуспешна сезона, барем за мене.
 
Џонтра Волта

Qué miras, bobo?
Член од
20 јули 2020
Мислења
9.010
Поени од реакции
55.283
Лаутаро на 2 гола од суперсоничниот Влаховиќ. :kafence:

Испорача 20+ лигашки голови синот, како што и најави големиот Џонтра Малезани.
 
Член од
23 август 2010
Мислења
38.163
Поени од реакции
107.619
Италија е баш по тоа позната, дека екипите играат кога не им треба. Како Јувентус против Џенова на пример.
И сеа ја да ти набројам 100 примери каде екипа што нема за што да игра расипува славје на друга екипа?

Џенова со Јуве е друг муабет, тука појакиот пушта на послабиот зашо имаа финале куп за неколку дена а и секако не мрдаа на табелата ни горе ни доле, плус мош им дадат Џенова некој играч во иднина. Сасуоло е аутсајдер и како такви имаат мотив кога играат против гиганти така да не гледам зошто би ја пуштале утакмицата. Еве ти си тренер на Сасуоло, што ќе им кажеш пред меч, еј дечки Милан се бори за титула, тргајте се нека даваат голови...? Па пола играчи од Сасуоло живеат за вакви мечеви и гледаат да се покажат за да бидат продадени во појаки клубови така да убеден сум дека од аспект на мотивација и залагање нема да имаат проблем. Не викам дека нема да освои Милан, него дека не е 100 посто сигурно како што тврдите сите. Да беше така ни Интер немаше да ги тепа Каљари и да прави притисок до крај.

Едит: што е смешно @Castiel ај жити се објасни?
 
Последно уредено:
Член од
8 јануари 2012
Мислења
14.025
Поени од реакции
36.795
Едит: што е смешно @Castiel ај жити се објасни?
Не би да го коментирам првиот дел од постот пошо се додека не е официјално тогаш Интер секако ќе си има надеж дека Сасуоло може да направи некаков подвиг против Милан ама ти и Марио да прашувате некого зашо ви стаил хаха или тажно на пост а го злоупотребувате тоа секогаш и секаде, без и со причина е во најмала рака ретардирано.

Еве извини од име на Кастиел и сите други што ќе ти стават хаха, овој пост нека служи како потсетник за нив одма после тоа да ти пишат реферат со причини.
 
Член од
18 јули 2012
Мислења
1.049
Поени од реакции
656
Pak ke pisam , Inter ima sanci ne deka Milan ne moze da izgubi , ama zasto zboruvat samo za cesnosta na Sasuolo , ajd neka igra i Sampdoria cesno
 
Член од
26 јануари 2019
Мислења
3.630
Поени од реакции
5.606
И сеа ја да ти набројам 100 примери каде екипа што нема за што да игра расипува славје на друга екипа?

Џенова со Јуве е друг муабет, тука појакиот пушта на послабиот зашо имаа финале куп за неколку дена а и секако не мрдаа на табелата ни горе ни доле, плус мош им дадат Џенова некој играч во иднина. Сасуоло е аутсајдер и како такви имаат мотив кога играат против гиганти така да не гледам зошто би ја пуштале утакмицата. Еве ти си тренер на Сасуоло, што ќе им кажеш пред меч, еј дечки Милан се бори за титула, тргајте се нека даваат голови...? Па пола играчи од Сасуоло живеат за вакви мечеви и гледаат да се покажат за да бидат продадени во појаки клубови така да убеден сум дека од аспект на мотивација и залагање нема да имаат проблем. Не викам дека нема да освои Милан, него дека не е 100 посто сигурно како што тврдите сите. Да беше така ни Интер немаше да ги тепа Каљари и да прави притисок до крај.

Едит: што е смешно @Castiel ај жити се објасни?
Си правиш некој филм дека биле изгорени Интераши и ради тоа ќе изгинеле на терен. И да они ако не се покажале цела сезона сега магично во последно коло ќе се продаваат. Ја не викам дека нема шанси Милан да киксне ама филмовите што си ги правиш се смешни. Ги заболе искрено сите во Сасуоло и за Милан и за Интер. Професионалци се ништо не им мења кој ќе шампион. Ќе си играат растеретено без притисок професионално за своја душа. Ако направат проблем супер , ако не нема нешто многу се потресуваат дека изгубиле. Апсолутно за ништо не играат.
 
Па што поразлично од ова напишав јас? И кај напишав дека биле изгорени Интераши? Само реков дека нема да пуштаат и да стојат на терен.
Автоматски споено мислење:

Не би да го коментирам првиот дел од постот пошо се додека не е официјално тогаш Интер секако ќе си има надеж дека Сасуоло може да направи некаков подвиг против Милан ама ти и Марио да прашувате некого зашо ви стаил хаха или тажно на пост а го злоупотребувате тоа секогаш и секаде, без и со причина е во најмала рака ретардирано.

Еве извини од име на Кастиел и сите други што ќе ти стават хаха, овој пост нека служи како потсетник за нив одма после тоа да ти пишат реферат со причини.
Па обично кога некој пишува глупост или замара добива sad или haha, сеа јас скроз сериозен пост напишав тој земал хаха става, затоа и го прашав што е смешно, да не квичи у недела и да бара правди од судови, федерации, богови и остало. Ете глеаш, дечкото си замислил дека сум напишал закоравени интераши дека биле играчите на Сасуоло така да го разбирам Кастиелчо скроз.
 
Член од
6 ноември 2014
Мислења
3.798
Поени од реакции
8.926
Gundogan bil dostapen letovo na godina pred istek na dogovor. Odma bi go zemal za 20 mil i bi ja osigural titulata za sledna godina. Kako bi legnal pored barela i broz, strashno bi bilo toa.
Све тоа супер, ама дур не го решат проблемот со прв напаѓач, Гундоган нема сам по себе да донесе титула. Али џабе си фантазираме, идеме јако на Аслани бабанот.
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.336
Поени од реакции
57.926
Сега кого сакаме повеќе во Интер, лиглето што не остави на цедило по што изгубивме скудето, или лиглето што плачеше вчера што си од оди од јуве?

Иначе сите Интеристи кои му оддаваа респект на Џорџо Џубрето на социјалните мрежи би ги тепал до изнемоштеност.
 
Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.237
Поени од реакции
41.559
Сега кого сакаме повеќе во Интер, лиглето што не остави на цедило по што изгубивме скудето, или лиглето што плачеше вчера што си од оди од јуве?

Иначе сите Интеристи кои му оддаваа респект на Џорџо Џубрето на социјалните мрежи би ги тепал до изнемоштеност.
Мош плачел дека иде у Интер, или уште полошо, Рома или Арсенал.

Ја пак да си кажам, ваков евентуален трансфер на Дибала ми нема никаква смисла ако политиките на Интер се исти ко задњи 2 години, нарочито ланското лето. Не гледам со што го привлекле тука јер тие пари а и јаче може да ги добива во Атлетико Мадрид, рандом клуб од Англија или ПСЖ, сеедно.
 
Nik20

Неверификуван член од немаштија
Член од
13 јули 2009
Мислења
5.340
Поени од реакции
6.272
Киелини лигушот и во купот неќна дајвна и измкна фаул, на таков играч нема што да му се аплаудира, цела кариера е говно од човек. Може е нивна легенда ама за легенда на калчото далеку од тоа.

Инаку титулата не е изгубена, ќе ја решаваат сакамака и компанија.
Вие го гледавте Милан последниве 4 кола како зима поени? Тоа магарето леао го ора цел терен ќе им избега на сите и им дава гол или ја мести на празен. До кога вака? Да не се удри кај 15та минута па да нема кој да даде гол?

Фиорентина, Лацио, верона и неќна аталанта пружија подпросечни утакмици, не заебавајте, нека се изигра утакмицата. Пошто коа ќе им викнат кај 20та минута од трибини горе Интер води, коа ќе почне да им врие под нозе, кој ќе ја води таа екипа? Жиру умрениот ли ќе ја води? Пиоли да не ќе им го пушти Џордан сеа? Седете мирни и кулирајте, ако не ја отвори Милан јако утакмицата ако нема водство на крај на прво полувреме ја ебал утката.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom