Фан Клуб: Интер

Сезона 2023/2024


  • Вкупно гласачи
    58
  • Гласањето е завршено на .
Член од
10 август 2011
Мислења
1.930
Поени од реакции
7.811
Милан да изгуби од Сасуоло а Интер да не ја добие Сампдорија е една од најгадните мисли што некогаш ми паднале на памет :unsure:
Тотално очекувана искрено.
Моите визии кажуваат дека Милан ќе одигра едно мирољубиво реми и на крај ќе треба да го жигосаме тоа романското ѓубре, со фризура на циго што работи шеф на смена во ЈП Комуналец, трет братучед на синот на Амди, ради тоа што не кошташе титула.
Ми се допаѓа што сите се имаме помирено со исходот и си правиме планови за следна сезона.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.629
Поени од реакции
59.546
Од останатите мисли што ми се мотаа во глава денес, ми текна дека РАДУ наопаку е УДАР. :D

Што мислам дека добро ја отсликува ситуацијата.

Во меѓувреме на стадионот на Сасуоло ја пуштаат We could be heroes :D

 
Член од
6 ноември 2014
Мислења
4.154
Поени од реакции
10.089
Се погласни италјаниве дека Бастони ќе го жртвуваат сезонава. Ако тоа се деси, се надевам дека бар ќе свртат на 4 позади (што ваљда Симоне никад не го играл) па нека биде Госенс LB и Перишич LM.

Се друго ми нема поента, пошо штопер ко Бастони нема да најдат за у 3ка позади.
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
6.936
Поени од реакции
23.744
Се погласни италјаниве дека Бастони ќе го жртвуваат сезонава. Ако тоа се деси, се надевам дека бар ќе свртат на 4 позади (што ваљда Симоне никад не го играл) па нека биде Госенс LB и Перишич LM.

Се друго ми нема поента, пошо штопер ко Бастони нема да најдат за у 3ка позади.
Абе до минатиот месец тоа беше Лаутаро, претходно Шкринијар, сега Бастони а најверојатно нареден Барела. Ќе видиме убрзо колку вистина има во овие гласини...
Јас си читам ама не верувам многу-многу на се што се пишува. Ова со Мбапе што се деси е добар приказ за "сигурните" информации со кои располагаат твитер новинарчињата.
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
30.189
Поени од реакции
46.402
Боље вака отколку да стрепевме до крај најискрено, заслужено Милан се прваци, за мене, а верувам и за секој нормален навивач на Интер, сезона во која Интер не е шампион, а шампион е Милан или Јуве, e неуспешна, не верувам после ова денес дека било кој фан на клубов ќе е задоволен како завршува сезонава, ако некој е среќен после колово, нека се преиспита малкуцка барем.

Ова што се дешава денес беше веќе познато сценарио, нема теоретска шанса Сасуоло да им земе титула, иста утакмица ко онаа Лацио - Интер 2010 година, секој тим си има по некој ваков поданик у првенството јер Италија така да џабе ќе се паламуди како изиграле Сасуоло, титулава на Милан им е кристално чиста и заслужена.

За многу работи имаме да жалиме годинава, прво летото што ни се деси, после менаџирањето на тимот од Јануари нагоре, фактот што се '' засиливме '' со Кореа и Госенс кои имаа 0 импакт сезонава, а беа платени бајаги за наши услови со оглед на ситуацијата и пракитчно требаше да ни се главни засилувања покрај Хакан, па дербито кое го изгубивме на смешен начин и периодот што следеше потоа у првенство каде не застанавме асално на нозе до дербито со Јуве.

Пред сезона второ место може и немаше да е лошо ама откако видовме како се одвиваше сезонава, на крај можевме и многу повеќе од ова сега, така да ова не е максимумот на овој Интер, башка што првак на Италија е Милан, екипа која исто летово изгуби 2ца добри играчи, од кои еден заврши кај нас, и не е дека се засилија осетно нешто. Не смееме со ова да се задоволуваме, прво треба Сунинг да си одат летово што најверојтно и ќе биде случај бидејќи владата во Кина забрани нивни функционери да имаат имот надвор од земјата, а Жанг сениор има, договор на Инзаги ни на крај памет да им е сеа да му продужуваат па да се сјебат ко со Спалети, чекај види го и следна сезона каков ќе е, надежно со многу појак Интер. И секако, да дојдат нови газди кои ќе гарантираат стабилен проект у наредна декада, многу услови треба да се исполнат за нас летово за да сме конкурентни и следна година, све треба да почне од заминувањето на Сунинг кое молам бога да се деси што поскоро, фалам им за се али толку беше, циклусот им завршува тука.
 

Sky*

Не биди коцкест.
Член од
12 август 2011
Мислења
5.668
Поени од реакции
7.310
Сезоната ни заврши како што ни почна ланското летно меркато.
Сега останува да видоме што ќе се случува оваа лето, кој ќе си оди, нови власници итн. Ќе биде и ова лето напнато.
 

Nik20

Неверификуван член од немаштија
Член од
13 јули 2009
Мислења
5.517
Поени од реакции
6.977
Нека прави измена сега и нека го пушти Раду царот квалитетно да го исвиркаат шо ги почасти Милан титула.
 

Tegla

Interista
Член од
20 февруари 2012
Мислења
5.118
Поени од реакции
9.068
Толку од сезоната од која се чекаше втора ѕвезда, ќе треба да почекаме повеќе. Ќе има размрдување во составот за наредната сезона и ќе се растури овој шампионски тим, а така делува. Јебига.

Сакав скудето нормално но и вака за мене имавме успешна сезона.
 
Член од
10 август 2011
Мислења
1.930
Поени од реакции
7.811
Остајте ги Сасуоло, таа работа е решена пред некое коло. Него, страшно е колку ментално слаба е оваа група на играчи. Очигледно е дека само со карактер како Конте може да играат за битни титули. Влагаат на утакмицава како издишани.
Затоа и зборев по двомечот со Ливерпул, кога овде се славеше мудроста на Инзаги, со тактизирања и потези за големата слика. Не можеш со овие играчи да тактизираш и да им даваш простор за опуштање, затоа што нема природно лидери меѓу нив, нема ликови што ќе наведнат глава и ќе газат луѓе за да победат.
Затоа и ни се случуваа утакмици како Болоња и пресвртот за две минути во дербито со Милан, кога титулата беше фактички изгубена. Ако оставиш барем малку простор за лузерај, оваа група на играчи е способна да го зголеми пута сто.
Сега кога сезоната е веќе завршена, мојот заклучок е дека, можеби Интер имаше маргинално подобар тим од чисто фудбалски аспект, ама Милан има ментално многу појак тим. И на крај тоа ја одлучи сезоната.

Инзаги ќе треба да научи од оваа сезона и да го смени својот мајндсет и мајндсетот на цел тим, ако сака да освои битна титула во Интер. Други замерки за него нема. Дури и ги надмина очекувањата што јас ги имав за него. Не ни требаше да игра за титула. Игра, само затоа што конкуренцијата беше очајна и немаше тим што отскокнува со квалитет. Така да, успех е и што им правеше притисок на Милан до последно коло.
Да одмориме малку од фудбал, зошто изгледа клубов пак го чека бедно лето.
А да, Сунинг аут клубот хир ај кам.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.629
Поени од реакции
59.546
Нека прави измена сега и нека го пушти Раду царот квалитетно да го исвиркаат шо ги почасти Милан титула.
Мислам дека не е фер да се сруши се на него, многи, многу грешки се направија. Една од тие грешки според мене е и што не добиваше шанса во Куп натпревари, скоро сите други екипи играат куп со резервен голман. Да имаше неколку натпревари зад себе ќе имаше и нешто самодоверба. На крајот како што Милан ги доби сите по ред, немаше ни да промени ништо да не го направеше тој кикс, бидејќи секако гол не дававме на тој натпревар во последните 10 минути.

Толку од сезоната од која се чекаше втора ѕвезда, ќе треба да почекаме повеќе. Ќе има размрдување во составот за наредната сезона и ќе се растури овој шампионски тим, а така делува. Јебига.

Сакав скудето нормално но и вака за мене имавме успешна сезона.
Кога почна сезонава пишав дека не чека полошо ова лето, од Министерството за паника заедно со @loophole ги вадевме соопштенијата :D Лани се обвистинија шпекулациите, сега се зборува дека ќе го продаваат Бастони, пак им требале 70 милиони (исто како и лани). Страшно е што не чека ако завршиме со Ди Марко наместо Бастони, а и не е толку важно што губиме на сезона две во споредба со тоа што ги губиме играчите кои потенцијално можеа да прераснат во легенди на клубот.

Ако Кина ги принуди Кинезите да продаваат, се плашам дека тие ќе продадат се што можат пред да заминат. Никаков оптимизам не ми е останат во моментов.

Штета голема, имавме моментум на наша страна, можевме да изградиме тим за цела деценија. Интер како клуб има навивачи што не ги заслужува, не ние овде на форум туку оние кои го полнат стадионот од година во година. Маса верни навивачи кои клубот ги разочарува од година во година.
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
6.936
Поени од реакции
23.744
Нека прави измена сега и нека го пушти Раду царот квалитетно да го исвиркаат шо ги почасти Милан титула.
Абе каков Раду частење титула, не заебавај.
Ок, направи грешка ама ние бевме 1-1 со Болоња во тој момент на помалку од десет минути пред крај. Да сме воделе па овој да ја сјебал, ај да кажеш, ама не е Раду крив за титулата туку ситни моменти и најмногу тоа што не ги добивме ниту еднаш Милан во Серија А, а бевме подобри и во двата натпревари.
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
30.189
Поени од реакции
46.402
Ни ја не го кривам Раду за ништо, и со тој бод пак ќе бевме втори мада другачие секако е ако на Милан и бод не им одговараше у следните утакмици. Али тоа што денес го играа Сасуоло у прво, Болоња го играа во први 20 минути со Интер, каде губеа 0-1 после минут време игра, никој не ни е крив што тука Интер не даде барем уште еден гол, буквално истиот пристап го имаа Болоња на стартот тогаш ко денес Сасуоло, грешеа у додавања, лесно влагавме у зона на удар и креирање на шанса, ама потфрливме ..
Милан од друга страна даде 3 гола, а можеше да даде уште толку сигурно, то је.

Очекувам интересно лето ако се менува раководството на тимот а све поизвесно е тоа, ако ова не се дешава, па уште и Бастони да го продадат или Лаутаро, добредојде нова бантер ера. На или-или сме летово, не треба многу за да повторно имаме шампионска екипа, ко што не треба многу и за да станеме екипа која би се борела за топ 4 или ај претерано е тоа, али би била нешто налик на јуве сезонава или Наполи, нит под 4то ама и далеку од титулата, што секако е лошо сценарио за нас.

Стрепам најискрено за Бастони многу, не само што е добар стопер него е со потенцијал да има Малдини кариера у поглед на квалитетите што ги поседува и стилот на игра, доволно е тоа што Пеп притиска за него, све тоа кажува, каки Бремер каки бакрачи кур ќе ме боли он ако дојде у таква ситуација, дури и Киелини го посочи него ко негов наследник у репка. Утеха ми даваат последните случувања у Кина што налагаат сигурно заминување на Сунинг од тука и ова е нешто на кое најмногу се надевам летово, па после све остало, не за друго, једино сценарио е ова што ќе не извади од гомната у кои влеговме пред година дена.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom